Психијатриска болница

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 22 март 2021.

  1. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Прво полицијата па судот ќе го гонат, ако има потреба ќе го спикаат на психијатрија. Отпрвен полицијата го смета тоа за семејно насилство. Сосем друго е да е пациент со дијагноза, па да се пријави на полиција за да го однесе да си полежи таму. Не е тоа плукни залепи како што мислиш. За агресија се лежи и во Идризово.

    Ако човекот не се пријави сам, судот решава за мерка принудно лечење, или за затвор.
     
    Последна измена: 2 февруари 2023
  2. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Машки
    Тоа е сосема друго тоа не е гонење во овој случај како што изгледа не се работи за лице што извршило прекршочно или кривично дело. Знам безброј случаеви лично од клиника за психијатрија што беа донесени таму без никакви пријави зашто биле агресивни значи со психички проблем што треба да се спроведат на лекување. Се повикува амбуланта и со полиција се носи на клиника или во Бардовци.

    Мој совет за сите што ја читаат темата и од лично долготрајно искуство извадете упат за клиника или на итен прием во влезот на зградата.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски

    Зборував општо како некои завршуваат во болница,а не биле пред тоа ,не за овој случај .
    Ако успее да го натера да оди на психијатар,после полесно ќе биде да го спикаат ако прави проблеми.Вака без упати ,без дијагноза не .
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    40.569
    Пол:
    Женски
    Мислам дека полиција може да направи само полошо.
     
    На sweet dreams ** и Серотин им се допаѓа ова.
  5. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Кај нас полицијата нема свест кога се работи за лица со психички проблеми .
     
    Последна измена: 2 февруари 2023
  6. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.315
    Пол:
    Женски
    Јас би те посоветувала да се обратиш до некоја од дневните психијатриски болници. Имаат психијатар и психолог, ќе ти дадат совет и ќе видиш како понатаму. Или едноставно јави се у болница бардовци и помуабетии со дежурен психијатар нема да те одбијат ќе ти дадат и они добар совет.

    https://pbskopje.org.mk/organizaciska-struktura/

    Повели имаш броеви од сите установи!
     
  7. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Машки
    Да добар совет е тоа од членот погоре и ова е за сите што на темава ќе бараат помош.
    Јас имам долговремено искуство со клиника за психијатрија од клинички центар, значи кај нив постои ургентен прием во влезот на зградата. Ако е навечер има означено копче на ѕидот десно од вратата. Во оваа установа исто се оди со упати како кај сите клиники со мој термин и постои и дневна болница за дневно лекување ама за тоа треба прво преглед кај нив и упат што они го издаваат.
    Друго што е за Скопје постојат уште две опции од државните и тоа се психијатриското одделение во Гоб 8 Септември, имаат телефонски број работат со упати од матичен им се лекуваат и пациенти во затворените простории и условите им се добри знам и луѓе што престојувале таму. За итен преглед треба да примаат зашто градска 8 Септември има ургентен центар па од таму да ве препратат на дежурен психијатар горе во зградата.
    И психијатриска болница Бардовци таму дефинитивно се јавуваат на телефон и може да се зборува со нив исто работат со упати од матичен значи со мој термин и имаат дневна болница.
     
  8. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    632
    Пол:
    Женски
    Блиска пријателка си ги сподели маките со мене, а јас не знам како поинаку,не знам ни како да ја утешам како да нема решение случајот. Значи вака има брат повозрасен учен човек во 30тите,и изнашетан и си работеше и све ама му тргнало нешо налошо и никако да се упраи. Кога и да сме иделе кај нив само треска врати и се гледа дека не е добар. У никој случај не сака доктори, ги малтретирал мајка му и татко му а и сестра му, со закани со све као мора да го трпеле нивен бил а толкав коњ е. Последно ја нападнал мајка му.Не знае дали ако викне психијатср дома или психолог ке е добро? Или полошо? Не е скопје за валандово се работи и полицијата не би помогнала ако викнат. Многу е нервозен и мора да се превземе нешто. Чаре? Му се плашат и родителите а и сигурно ми се чини дека им е срам од народо шо ке каже..
     
  9. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.139
    Пол:
    Женски
    Малце како да го издаде проблемот на другарка ти со илјадници други луѓе на форум, а и многу детали пиша...
    Нејсе

    Можат да викнат полиција и да го земат и они да го однесат на психијатар после..
     
    Последна измена: 10 февруари 2024
  10. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Машки
    Психијатријата е дел од медицината значи гранка на медицината и табу темите мислам дека треба да се прескокнат доколку ситуацијата е таква мора да се види со доктор. Тоа ако може сам или со близок да оди ова генерално важи.

    Полицијата има работа со насилни случаи во домашни услови и нивно е во многу случаи ако има психички проблеми да го носат во државна психијатрија и ова не е табу тема затоа што би станало многу полошо ако било што се чека.
     
    На SummerGirl, Flooora96 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  11. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Има во близина психијатриска болница во Негорци, доколку не прифаќа доброволно, мора да оди по присилен пат со полиција. Кажувам мора бидејќи психичките болести прогресираат и не поминуваат сами од себе, потребна е професионална помош. Табу тема не е никако, психичкото здравје е исто толку важно како и физичкото, а во одредени ситуации и поважно. Срамот од народот е последното нешто на коешто треба да мислат. Проблемот во тие случаи е кога родителите не можат да се помират дека нешто се случува со нивното дете. Има луѓе кои ги среќаваш секој ден во маркет, на улица, на работа итн а ни не знаеш дека се на терапија со антидепресиви/антипсихотици, и си функционираат најнормално. Може на секој да му се случи крах и апсолутно не е срамно, посрамно е да не се преземе ништо. Советувај ја другарката да реагира што поскоро, во државата има одлични психијатри кои си ја знаат работата и нема да биде полошо, туку подобро.
     
  12. DaFina2

    DaFina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ми треба ваше мислење и помош. Се работи за татко ми кој има 70 години и има неколку 4-5 удари добиено во текот на животот.Во август доби епилептични напади (само еден ден) и со испитувања и по текот на времето доби и алцхајмер. Ден по ден месец по месец скоро 8 месеци јас ( мажена со деца и работа) и мајка ми која го чува сме преуморни со татко ми бидејќи веќе станува агресивен,( два пати ќе ја запалеше куќата, крши дома, ја има удрено мајка ми, пренапорен и е во свој свет не не регистрира дека сме со него.На секоја врата чукнав психијатрија.на клиника, во 8 ми септември , неврологија ( кт му правеа ) психолози…(ги молев да го задржат барем на две недели колку да одмориме но ништо ни го вратија)и нема ништо подобрување одвен терапија што му ја препишаа и таа му ја даваме.
    Ме советуваа да го однесеме во Бардовци во психијатриската клиника но сепак јас како ќерка ми е тешко и жал а исто и на мајка ми.
    Во дом го однесовме и ни се јавија да го земеме после 2 дена бидејки сакал дома да си оди и бил напорен зборел цело време.
    Како да постапиме , каде да се обратам за помош?
    извинете на долгиот пост но незнам веќе што да правиме со мајка ми.
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    8.848
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за ситуацијата, мачно е и за човекот и за вас. Ама мора да се адаптирате на ситуацијата, и болни луѓе може да се залежат со години, тешко е за издржување, нема потреба да те јаде јанѕа. Да се обидете со некој друг приватен дом, би требало да примаат луѓе со Алцхајмер, на толку пари што зимаат, сакаат прави и здрави луѓе да им носат, не разбирам? Бардовци искрено не знам дали ќе го држат, таму лежат пациенти на кои им се менува терапија и слични случаи, и да го примат не знам дали ќе може постојано да биде таму, мораш директно да се информираш. Имаше порано во Кисела Вода, кон Црниче дом за стари, гуглам и не можам да најдам, за кој знам дека имаа пациент таков. Геријатрија во Ѓорче исто, ако постои уште, дали е опција? Изврти ги домовите, мора да им решение. Или крајно некоја жена медицинско лице, па една смена, да има кој да ве смени. Ако дознаам нешто конкретно (вака само нафрлив идеи), ќе пишам. Чувајте се :l:
     
  14. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што сте ти и мајка ти на таква психичка тортура. Ова што го кажа се типични карактеристики на лице кое страда од деменција. Јас сум работела со такви лица, тешко е да меѓутоа човек се навикнува и знае како да се справи со тоа. За жал татко веќе не е свесен за своите постапки, знае дека му треба помош и некои работи не ги може како порано. И затоа станува агресивен, не е до вас. Знам дека е тешко и екстремно напорно меѓутоа кога ќе прави така свртете го вниманието на нешто друго и мотивирајте го пример активности кои ги правел порано во младоста пример пешачење или читање списание се разбира доколку уште живее кај вас.

    Но подобро би било во друг дом да го однесете, тие се некомпетентни чим ти кажале така пренапорен а?! Какви луѓе се тие да ги прашам а? Чим работиш во дом нормално е дека ќе ти доаѓаат и старци коишто се напорни. А не они така не им одговара и назад рикверц... Како така?!!!

    Барајте друг дом под хитно некаде кадешто ќе се чувствува безбедно и разбрано.
     
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    178.083
    Дом за стари лица Жана знам дека примаат лица со деменција
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    6.722
    Да се обидете во домот Идила Терзиева, таму знам со сигурност дека примаат лица со деменција, ама да знаеш дека се скапички, пред 7 години мислам дека се плаќаше 500 евра месечно, сега не знам колку е. Инаку домот е стварно убав внатре, имаат и психолог и социјален работник што работат со старите лица и им организираат секакви активности и игри, ем да не им биде досадно + за развивање на умот. Медицински сестри цело време се достапни, собите се чисти и уредни, мене ми се допадна тогаш кога бев, имав прилика да го видам на неколку недели.