Фала ви на сите на поддршката. Сега размислував и ме интересира да прашам дали ова понатаму во животот ќе му биде како печат за цел живот, ќе може ли да најде нормална работа или ќе го третираат како лице со попреченост? Околу тоа јас како се осеќам да си ја олеснам душата бар тука. Расеано, мислите и главата ми се во тотален хаос, изгубив желба за се. Имам мало бебенце и само оно ме држи моментално, него сум му најпотребна и поради него гледам да сум смирена. Ама во мене длабоко имам огромен страв за брат ми, не знам како ќе заврши оваа ситуација, мислам постојано на моментот кога ќе заврши и ќе треба да го земеме од таму, мене ќе ми биде срам да го погледам во очи, не знам ни он како ќе гледа на нас, знам дека ќе биде долг и мачен периодот што следи за сите, само се надевам дека он ќе биде добар и ќе се врати во нормала како што беше. Постојано го мислам како му е таму, како се чувствува, што прави и што му прават, нема телефон му го земаа кога го примија, сакам да му го слушнам барем гласот, исто посети се забранети бидејќи ако не гледал само ќе се вознемири така ни кажаа. Веќе не знам што друго да додадам само дека ми е премногу тешко и се надевам дека брзо ќе заврши ова.
Не се оптеретувај со иднината, важно е сега да е добро, важно е да сфатите сите дека нема ништо срамно од човек кој има мака. Во право се дека е подобро да нема контакт со вас сега, но можете да се јавувате во болницата и да зборувате со доктор. Биди храбра, се' ќе биде добро.
Како да почнам незнам. Но накратко ќе ти објаснам. Прво ќе ти кажам дека брат ти е во вистински раце кој ќе му помогнат за неговата состојба. Се ова што го доживуваш ние го имаме доживеано со мајка ми. Лежеше на психијатрија џабе беше се. Она посегнуваше по нејзиниот живот, 5 пати ја имаме спасено кој еднаш беше многу лошо, беше во кома на Карил, кога си дојде дома беше многу лошо да не кажувам на докго и широко. Морвме да интревенираме во полиција, дојде брза помош и полиција, никако не можеа да ја однесат. И татко ми се спушти на нејзино ниво и некако ја излажа влезе во кола и ја однесе во Бардовци. Таму лежеше мислам 1 месец првите две недели не одевме така ни беше кажано. Има одел како за опасни случаеви и сестрите преку стакло ги нагледуваат цело време. Таму конечно ја средија и ја погодија терапијата. Си дојде дома како нормална жена, после некоја година пак се обиде ама не беше опасно тогаш одма се оправи. Најбитно е да му ја погодат терапијата. Не се плаши он е на сигурно и ќе биде добар.
Жал ми е многу @Snowflake97 за ситуацијата во која се најдовте Се надевам дека што побрзо и полесно ќе се подобри состојбата Добро е што ја отвори темава. Ме поттикна да размислам за тоа, колку ние, како народ немаме информации за тоа како изгледаат тие болници?, кои се условите и третманите?, кога се неопходни за користење? итн. Живееме во општество во кое народот нема доверба во институциите, а во вакви кризни состојби, да треба да одлучиш, дали човек кој ти е драг да го испратиш некаде, каде што не знаеш дали и каква нега ќе му биде пружана... и тоа во остојба која е ужасно е ранлива, е навистина тажно. Може да има потреба и од само 24 часовна опсервација, ама јас да сум, би умрела од страв оти нема да знам каде ме носат и што ме чека таму. Ни фали медиумска покриеност за темава. Народов мора да знае кои се можностите и условите во психијатриските болници. Не знам како до сега, на ни еден медиум не му текнало да го разгледа прашањево...
Со полесна клиничка слика се носат на психијатрија над мвр што е. Со тешка клиничка слика нема избор Бардовци е единствена опција. Порани имаше многу лоши услови не од персоналот туку од самата болница, се беше старо. Сега знам дека е пола реновирано или направен нов дел и дека условите се подобрени. А на психијатрија е нормално, поделени се на две оделенија по случаеви. Поагресивни и посмирени.
За локалните психијатриски одделенија и клиники знам. Муабетот ми беше за Демир Хисар и Бардовци. Никаде не сум видела слики по медиуми, или интервјуа за условите со доктори и пациенти кои се таму...
Како и за се друго тие се заборавени. Бардовци има и дневна болница за прегледи кај тутунски комбинат. Само знам дека се ептен стручни и дека жената ја извадија од многу тешка состојба.
Кога ни спомнаа дека мора да го пратат во Бардовци мене одма ми се појави слика на лудница од филмовите што сум гледала, како сите висат на вратите, викаат, урлаат, буквално како хорор. Се надевам не е таква состојбата навистина. Затоа се плашев најмногу да не му биде полошо ако оди таму.
Поделени се по случаеви немај гајле. Алколхолно, тие што се ептен агресивни се скроз на страна и има некои кој се заклучени,полесни случаеви исто на страна.
Е баш то е то! Исто и јас ги замислувам... Што е нормално, пошто апсолутно никаква информација немам за тоа како изгледаат Хелсиншки правеле инспекции по психијатрискиве болници, ама пак не сум видела по медиуми репортажи.. Мора да има поголема медиумска покриеност. Новинарите кај нас, само со дневно-политички глупости и трачеви се занимаваат.
@WildMk лично познавам личност кој работеше во Негорци, пред неколку години, еден вид на мало реновирање имало. Услови никакви, се жалеше пола од работите што ги оставиле таму не ги наогале, дали облека, дали патики, или нешто трето. Биле поделени во одделенија ама од време на време се слушале страшни пискотници. Сега за во Бардовци не знам да кажам како е. Имам слушнато за во која болница било имало електрична ограда за во случај да не сакаат да избегат пациентите, колку е вистина овој детал не знам да ти кажам.
А зашто да има во медиуми, за другите клиники има во медиуми? Тоа е болница што лечат како и сите други. Зашто да има репортажа со болен од Бардовци не мие јасно? Репортажа со болен од бубрег има? Доволно им е што се таму па уште и на телевизија да ги има.
Има, како нема. Од сите болници има и репортажи и вести. Сега па со коронава... сите сликаат, снимаат се'. И секако пациент доколку сака да зборува, не на сила да ги тераат.
@monik55 мислам дека би требало да има, зошто? Еве случајов кај @Snowflake97 не знае какви можности таму има, исплашена е. Изненадна инспекција мора да има, не дај боже да треба некој близок да се праќа таму, нема да знаеш каде испраќаш, како ги лекуваат. Не мора интервју да има ама од време на време се потребни инспекции.
Тука спаѓаат ранлива група на пациенти и нема што да ги снимаат. Не би сакала да видиш како изгледа моментот, па и нема ни да ти текне близок да гледаш по телевизии.
Ама секој член на семејтвото има право да оди таму. Само даваат одреден период што несмееш да одиш после си одиш. Одевме на посети. За инспекции да ама изложеност на тв на пациентите не.