1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психијатриска болница

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 22 март 2021.

  1. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    За инспекции мислев да, тоа ми е зборот, се мора.
    А за тв и пациенти пред камерата сум строго против.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не ми беше тоа муабетот.
    Не реков да снимаат пациенти кога се несвесни за себе... или како им прават процедури, туку сведочења од пациенти кои се свесни, кои биле и знаат како е.

    Може и анонимно... може и преку меилови да пишуваат...

    Муабетот е, секаде каде што можеме да се најдеме во животот, во било која институција на државата, треба да знаеме кои се условите и можностите на таа институција.

    Психијатриските болници кај нас, апсолутно не се медиумски покриени.

    А и тие се дел од институциите на државата, за кои ние плаќаме и мора да знаеме што добиваме за тие пари?
    Како државата се грижи за нас во сите инстанци?

    Транспарентноста е услов за демократија.
     
    На Jana06, cresa-jagoda и bicycle им се допаѓа ова.
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Кажав имаа многу лоши услови ама се среди пола сега може и другиот дел е среден.
    Значи работат инспекции.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Да повторам:
    Башка, медиумска покриеност на извештаи од финансиското работење на истите, извештаи од инспекциски надзори, снимки и слики од самите институциски згради...

    Како може да знаеме што има во Музејот на ВМРО, а не знаеме што има во државна психијатриска болница?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Еве има ама не си видела.

    Побарај може има и за други.
     
    На Peperutce1115, CameliaMiller, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Фала ти!
    Ќе го споделам видеово.

    Лелеее!! Од то шо ѕирнав, катастрофа се условите бее... :@
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.851
    Пол:
    Женски
    Зошто побофу било која болница би требало да е медиумски покриена. Ова никогаш не ми било нит ќе ми биде јасно во оваа наша земја. Зошто мора Менче Точи и слични на неа да блатат се живо и диво. Во која земја бре болниците се предмет на медиуми. Или од нашиот оговарачки менталитет или желбата само да критикуваме па и да се ситиме треба се во медиуми да има.
    Болниците треба да си ги контролира соодветни институции и ако има недолседности и неправилности да се пријавуваат и да се реагира.
    Ама институции што работата со ранливи групи апсолутно треба да дадат приватност на своите клиенти. Правило број еден е тоа. Дури ни со студенти не мора да зборуваат ако не сакаат луѓето што се тамо.
     
    На BloodElf, Nausicaa, Peperutce1115 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Информации за институциите, не значи информации за пациентите.

    Како работат институциите е прашањето, не да ги гледаме пациентите и нивните медицински истории.

    Направете разлика.
    Инстуцијата нуди услуга, пациентите се корисници на таа услуга.

    Битно е да ја знаеме состојбата и условите и начините во кои работат тие институции.

    Дали има опрема?
    Дали има квалификуван кадар?

    Еве види го видеото, зборуваат за тоа дека нема транспарентност во одлуките на психијатрискиот тим до кога некого смее да прогласува за 'неспособен'?

    Има еден куп места и начини на кои може да се корумпира системов и да има доктори кои имаат ужасен третман кон пациентите, а ние, како народ, не знаеме за тоа.

    Не ве интересира?

    Секој од нас може да се најде и во психијатриска болница, и во МВР, и во Суд, и во било која друга болница.

    Не сакате да знаете како функционира таа болница, тој суд, таа полиција?
     
    На sj *O*, naturallmess, Alisa22 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.851
    Пол:
    Женски
    Ама зошто тоа би требало да биде во медиуми. Не ми е јасно.
    А одлуките за менталните болести се така тенок конец не си свесна колку. За жал сеуште за многу од менталните болести не се знае што точно не е во ред. таква фина проценка е во прашање. Ама едно е дијагноза на пациент кога има мака и му треба помош, а сосема друга е деловна неспособност или неспособност пред суд (тука играат улога и други фактори и тука е судскиот систем во прашање).
    Сум била во псијитариски установи неколку додека студирав и добро знам што зборувам.
    И не не мислам дека цело здравство треба да оди под лупа на новинари и јавност. Си има институции за тоа.
    Ова од искуство во странство зборувам во две држави каде што е „супер“ здравството. Во едната чекав 6 саати за преглед на ургентно за дете, во другата медицинкста сестра кај матичниот дури и ПАП тест земаше на обичен кревет ( и во таа имав пријателка чие дете за малку ќе умреше при породување и остана со посебни потреби за цел живот заради лекарска грешка). И во двете земји се си тера како што е. Ретко која сторија завршува во медиуми.
     
    На Peperutce1115 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не само што цело здравство треба да биде под лупа на јавноста (јавност која ја плаќа работата на тоа здрвство) туку и сите институции треба да бидат под лупа за нивната работа.

    Иначе, можат што сакаат да прават, со наши пари... и да ни го 'продаваат' ко врвна услуга, а да добиваме помии за ручек во болница, корумпирани судии, немање опрема, бирократија која ги успорува процесите.. итн итн итн


    Реков:

    Услов за демократија е транспарентност!

    Ако народот не знае што прави државниот апарат, како може утре да донесе одлука за кого да гласа?

    Треба да им веруваме само на зборовите на политичарите и луѓето кои се на авторитетни функции? А тие, никому да не полагаат отчет?

    Баш заради тоа сме овде, кај што сме.
     
    На S.W.A.G, LejlaD, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  11. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    31.196
    Шо има за оговарање во психијатриска или слична друга установа?
    Треба да проработат медиумите и тоа повеќе. Не да ги снимаат пациентите внатре, никој не мисли на такво нешто.
    Не зборувам за Бардовци, оти не сум била не можам да кажам.
    Ама за други исти и слични институции не психијатриски и те како треба да знаат луѓето шо се дешава таму.
    Да има инспекции, ама пред време се знае дека ќе иди инспекција и тогаш се како мириса, исчистено абе милина, се дотерано.
    Зошто во некои институции мора пред време да најави родителот дека ќе оди на посета? Некаде и не го пуштаат внатре да влези, само пред капија зошто?
    Нема да пишувам повеќе, ни да наведувам точно каде, оти многу работи имам видено, каде спрема животни се однесуваат подобро.
    Друго е кога доаѓаш на посета и се изгледа фино лепо, а друго е кога ќе видиш одвнатре, од друг агол.
    Не е секогаш како шо изгледа ни приближно. Затоа треба поголема свесност.
     
    Последна измена: 23 март 2021
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.851
    Пол:
    Женски
    И медиумите се клучни за тоа нели. Се мора да заврши во медиум за да е транспарентно. НЕ. Извештаи за работењето треба да се јавно достапни на соодветни веб страни, за кој сака да може да ги симне и да ги прочита. Ама медиумите се само гладни за сензазионализам. Така што транспарентност е потребна да, ама медиумска покриеност на истата е толкаво извитоперување на транспарентноста што е веќе дегутантно за тоа да се дебатира.
     
    На MarijaMi90, Nausicaa, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    За во Бардовци знам дека кога се агресивни пациентите, кога сакаат да нападнат доктори или друг персонал, тогаш од чуварите се тепани :x :worried:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.751
    Пол:
    Женски
    Реално сите имаме таква слика, како од хорор филм кога ќе се спомне психијатриска болница. За кај нас не знам какви се условите, но гледајќи ги општите болници колку се во руинирана состојба повеќето и како се распаѓаат, не ни очекувам некои добри услови во Бардовци или Демир Хисар. Но секако, има луѓе кои се зависни од таа помош или за кои нема друго чаре, мислам дека кај нас се уште има стигма кога станува збор за ментални болести и за било што, сите тргнуваат нели од она „што ќе каже комшијата/луѓето. Заразлика, пак, на запад, психијатриските болници се места каде што секој може да побара помош за било каква рехабилитација, без разлика дали станува збор за дрога, алкохол, агресија па дури и за депресија и анксиозност. Кај нас, немаме такво нешто за жал, па повеќето се оставени сами на себе и да се снаоѓаат, па луѓево чаре бараат по манастири место кај стручни лица :/
     
    На WildMk и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  15. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    2.062
    Пол:
    Машки
    Луѓе, ве молам! На @Snowflake97 ѝ треба конкретна поддршка и искуства од луѓе, не теоретски трактат за медиумската покриеност на менталните болести и душевни установите во нашата земја или за тоа што некој „слушнал“. Замислите колку е збунета и полна со дилеми! Отворете истоимена тема на друго место, прашањето за медиумската покриеност и транспарентност е супер интересна и заслужува внимание, но не е тоа што нејзе и треба тука. Се согласувам дека можеби насловот не е соодветен, но кога таа ја отвори темата имаше дилема дали тука треба да ја отвори или на друго место. Секако дека не сака да чита за „лошите“ услови, „помиите“ или „тепањето“. Ова, впрочем, е генерализирање, дури и да е така. Да не ѝ правиме дополнителен стрес и да ѝ нафрлуваме „хорор приказни“. Да имаме разбирање. Да им отстапиме простор на луѓе што навистина имаат конкретно искуство со блиски во „Бардовци“ или пак се стручни лица со искуство во овој домен, СЕГА и во конкретната ситуација со институциите (верувам на форумов има и такви). Некој треба да ѝ објасни за докторите таму и грижата што ја обезбедуваат, што треба да очекува од ова искуство, како брат ѝ и тие самите, би можеле евентуално да се изборат со стигматизација потоа, како тој понатаму ќе продолжи, какви последици би можел да очекува да има, како тие, како блиски, да се однесуваат со него, додека е таму, кога ќе се врати, колку би можел таму да остане, кога ќе може да го искомуницираат со него итн ... Тоа е попрактично и поконструктивно за нејзината ситуација.
     
    На Bella •••, LovelyGirl3, Cherry blossom89 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Јас можам да споделам од аспект на студент по психологија кој одеше на пракса и на државна психијатрија кај мвр и во бардовци.

    На психијатрија им се носат случаеви со најразлични дијагнози меѓутоа имаат ограничен број на колку луѓе можат да примат, и таму има правило до колку денови можат да ги задржат истите пациенти, мислам беше месец ипол. Ако под надзор, со примање терапија, секојдневна соработка со сестрите и докторите има напредок, пациентите се пуштаат дома. Доколку состојбата не е променета, или не дај боже влошена се носат во Бардовци на подолг престој и третман. На психијатрија во државна Антони Новотни и Бранислав Стефановски се меѓу најбараните доктори и најстручните.

    Во Бардовци условите се малку полоши. Не можам многу да споделам ради етичката обврзаност кон професијата, само ќе кажам дека за жал нема услови сите пациенти да се надгледувани, и да имаат контрола врз нив. Се случува да има непријатни случаеви каде сестрите/докторките се повредувани, и им треба повеќе осигурување/чувари, што за жал го нема. Има различни одделенија, со различни случаеви. Има и една нова зградичка што беше реновирана, ама мислам дека се доплаќа за престојот таму. Во бардовци лежат и оние кои се осудувани, а имаат некаква ментална болест.
     
    На Idedemja, Nausicaa, Peperutce1115 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Кога бев на пракса во психијатрија кај мвр, имаше пациенти по неколку месеци што беа таму. Престој и терапија. Ама на детско оделение, но таму примаат до 28 год.
    Изгледа зависи од одделенијата.
    Но, главната работа ја вршеше девојка на специјализација, додека сите останати освен сестри и болничари си пиеа кафиња и ги оговараа пациентите.
     
    На WildMk и Vikktorr им се допаѓа ова.
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Веројатно зависи и од тоа дали имаат пациенти нови за примање, знам кажуваа дека имаа и листи на пациенти што чекаат, секако тие што не беа опасни за околината.

    Инаку како што кажав условите не се идеални. Ама немаме избор во нашава држава. Овие опции се за Скопје, има и една дневна болницa се наоѓа во подрумче, каде што чуваат пациенти на неколку саати, имаат работа во група и нели терапија, се трудат максимално колку што можат во тие услови, ама немаат никаква поддршка од државава. Се наоѓа во близина на La tana. Другите опции се болницата во Демир Хисар, што верувам дека сите знаете какви се условите и имаше една во Негорци, ама не знам дали уште постои/работи.
     
    На Nausicaa, Peperutce1115, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  19. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    licno iskutvo ili od blizok nemam ,no smetam dobro e sto ste go odvele
    i realno ne mislam deka deka od steroidite dosol do stepen da ne moze da se kontrolira a uste porealno nekoi poteski mentalni i psihicki bolesti se pojavuvaat bas vo tie godini
    no so ogled deka e hospitaliziran ,sigurno ke dobie pomos (soodvetna dijagnoza i terapija)
     
  20. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    zar antoni novotni ne bese edno vreme vo bardovci ili nesto sum izmesala?