1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психијатриска болница

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 22 март 2021.

  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Сестра ми беше таму до пред две недели. Од пред две години имаше неколку обиди за самоубиство, труење со апчиња, постојано пиење алкохол, проблеми дома итн, да не навлегувам Последниов пат кон крајот на јануари ја однесовме пак на токсикологија, требаше да преноќи но во текот на ноќта ги малтретирала другите пациенти, украла дезинфекциско средство за да го пие, па повикаа полиција и со брза помош ја однесоа во Бардовци.
    Искрено, имам само пофалби за таму. Ние мислевме дека е само агресивен хроничен алкохоличар, но успеаја да и ја постават вистинската психијатриска дијагноза поради која правела како што правела. Со терапија е стабилизирана и пуштена дома.
    Немојте воопшто да се плашите или замислувате којзнае што за Бардовци. Болница е, како и сите други, не е хотел, но имаат одлични психијатри и социјални работници, работна терапија, режим кој го стабилизира пациентот.
    Полошо не може да биде, а подобро секако дека ќе биде. Од вас како семејство ќе му треба подршка а не осудување и навраќање на минатото. Верувајте дека тоа што сте го однеле таму е за негово добро, најдобар начин да му се помогне.
     
    На Floris, christinnn, Alisa22 и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    А со посети како се, дозволуваат ли и после колку време?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Не знам најискрено, мислам дека поради ковид се забранети посети, и во текот на тој месец што таа го помина таму не ја посетивме. Татко ми речиси секојдневно носеше облека, книги, хигиенски средства, доаѓа на портирница болничар од соодветното одделение за да земе а и да донесе ако има нешто за перење или враќање, а може и во било кое време да се разговара телефонски со психијатарот и социјалниот работник чиј пациент е.
     
    На Floris, MarijaMi90, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    260.925
    Верувај, не е така.
    Филмовите се далеку од реалноста, тој ќе прима и фармакотерапија + психотерапија, а највеќе од се' сега му треба време да одмори од светот, да се смири, да добие дијагноза соодветна.

    @WildMk во Демир Хисар колку што сум запознаена се чуваат лицата најчесто родени со прениско iq, каде што не е никако можно да се инклузираат и во најобичен семеен живот. Зборуваме за луѓе без можност физички и психички и најмалку да се способни и свесни за себе и околина. Тоа е сосема друга проблематика, најчесто не ни имаат семејства затоа што уште од раѓање се без родители. Медиумски не знам што би се покривало за таа болница, но во денешно време се' помалку ќе има пациенти за таму, затоа што е доволно напредна медицината и плодовите со толку сериозна засегнатост ги абортираме.
     
    На monik55, LejlaD и Justicija им се допаѓа ова.
  5. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Во Демир Хисар е психијатриска болница.
    Во Демир Капија е Завод за лица со најтешка ментална попреченост за возрасни и деца.
    Не се примаа до лани бидејќи немаше место во Заводот и се отвораше нови групни домови во Неготино, Скопје, за деца до 18год да имаат подобри услови за живот. Инаку да таму живеат во установата во Д.К.
     
    На Peperutce1115, IRBBB, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    8.921
    Самото име Бардовци изгледа како таму да се носат најлошите случаеви, ама има посебни оддели. Верувам дека брат ти ќе биде во добри раце, ќе му ја погодат терапијата и набрзина ќе се среди.

    Другар од детство нема ни 30 години читаше којзнае какви книги, пријатели на ФБ се некои Арапи, почна да се плаше од ѓаволи демек имало дома и бегаше од нив, сакаше да се самоубие скокајќи од балкон. Се лекуваше 2 месеци и сега е ок.
    За работа во иднина може да најде, само тоа зависи од него. Кога ќе излечи да не се повтори пак.
     
    На MarijaMi90, cresa-jagoda, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    260.925
    Точно, јас ги испомешав.
    Иначе и Негорци функционира колку што знам.
     
    На LejlaD и deskarada им се допаѓа ова.
  8. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Женски
    @Snowflake97 татко ми во текот на годините неколку пати беше хоспитализиран таму. Во рок од 10 тина години 3-4 пати . Во главно условите беа одлични на акутно одделение лежеше тој викенд одеше мајка ми сама или со нас сси имаа во соба толает туш се . Мораше та ада биде присутна за кога се бричеше , му носевме храна ја чуваа таму му даваа секиј ден по нешто ( тоа ако сакаш онака си имаат пни храна) кога ќе излеше од болница беше нов човек, нормален со терапија си живее нормален живот. Меѓутоа последен пат беше пред една година баш беше почнало ова со короната лани овој период. Забрамета беше посета заради ковид остававме на капија облека и храна цигари се што треба меѓутоа голем дел од облеката ја снема, потоа дознавме дека од се што носевме само цигари му давале ( тој така кажува) , не сме биле цнатре да ги видиме сега какви се условите но вели дека било лошо, беше како пропаднат човекот ослабен, без живот состојбата воопшто не му беше добра кога го испуштија сеуште не беше вратен во нормала, незнам еве и една година потоа тој не е истиот човек што беше. Ете можеби му е влошена состојбата и толку можеле да напрват но никеден доктор не излезе да ни каже било што во врска со него и неговага состојба, да ни даде насоки што како понатаму, ништо . За условите не знам дали да му верувам ама плачеше човекот кога кажуваше било многу лошо( можеби е дел од болеста зошто си измислуваше работи не сум видела па ми останува само да му верувам) . Незнам беше многу добро а во моментот како е ич не знам не знам дали можам да верувам на неговите кажувања, дали навистина е како што кажува.
     
    На ReinaDeCielo, Cherry blossom89, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Па тоа реков, само за трачеви информираат.

    Зошто ако има инспекција увид, да не знаеме што утврдила со увидот?
    Пример?

    Зошто да нема вести за годишни буџети и како се потрошени?

    Како за парламентот и владата знаеме?

    Државниот апарат не се само тие. Тие се само дел од иститот, а тој се протега во сите сегменти во општеството.
    Всушност, сите вработени во државни институции се дел од тој државен апарат.
    Сите што работат во школи, болници, социјални служби, МВР, сите судски службеници, сите на шалтери.. сите, до еден.
    Е ова ако е вистина @JoyJoy , не мислиш дека народот кој ги плаќа тој персонал, треба да знае?
    Етичка обврзаност имаш кон пациентите, не кон фелата.

    А тие што се веќе 'заглавени' во системот?
     
    Последна измена: 23 март 2021
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ова го гледам како огромен проблем.
    На пациентите не сме сигурни дали да им веруваме, заради тоа што не се разбираме од психијатрија, и единствен извор на информации ни е зборот на докторите.. и тоа индивидуално ако праша некој што бил, или има близок таму

    Ќе ме извините, ама не верувам на ничиј збор.
    Мора да се има надзор и да знаеме кои се наодите од надзорите и инспекциските посети.
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  11. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Женски
    Така е, не видов какво е сега последниот пат. Не пуштаа бикој меѓутоа патиките му ги снема, облека не враќаа, па потоа ни звонеа дека не сме му носеле чиста облека а тие забутале по шкафчиња. Некако многу по неоргснизирани делуваа . А претходните пати имам и јас влезено внатре беше чисто педантно имаат соби за рекреација соби за посета кога им доаѓа, баш ок беше. Но еве сега се вртати пола човек од тоа што беше. Наместо подобро тојс е врати со изгасен жар во очите незнам. А ни доктор разговараше со нас никој секојдневно ѕвоневме на проедавање на ова на она се некој некаде бил. Аа седтрата не смеела да зборува ништо за пациентот. Затоа за условите незнам како било ама за односот на персоналот спрема нас можам да кажам катастрофа.
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  12. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    59.577
    Пол:
    Женски
    Кажав погоре, имавме тежок случај и вакво нешто не се случило.
    Ниту сум видела таму додека одев.
     
    На Snowflake97 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    59.577
    Пол:
    Женски
    Мило мие што конечно и е поставена дијагнозата и соодветна терапија и лошото никогаш да не се повтори.
    Кај нас не се повтори, на истиот начин исто се се случуваше.
     
    На Snowflake97, LollySky, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    260.925
    Не би знаела.
    Што се однесува до тоа дека треба медиуми за болници и болни да известуваат, не се согласувам. Посебно не овие, а тоа ти треба да го знаеш најдобро. Барем јас, моето ментално здравје едвај го разголувам онаму каде што треба, на ниту еден друг не би дозволила ни да душне во близина. Ни би пишувала мејлови, ни би сакала медиумски макар анонимно да зборувам на таа тема.

    А да не зборувам па за пациентите кои се во полоша состојба, или пак оние кои се така "заглавени" и не ни имаат концепт за зборување.

    Мислам, пред 2 дена девојче од самоубиство спасено доживеа линч поради тоа што се инволвираа медиумите; тие крвожедци не би ги пуштила ни на километар од психички болни луѓе. Ние не сме народ кој разбира и има емпатија кон туѓата мака, посебно ваквата "невидлива", не би ризикувала ничиј живот ни добросостојба за никаква транспарентност.

    А за инспекциите, ќе се согласам, тие треба да си поднесуваат отчет како и министерството.
     
    На Оленка*, MilaSs12, Idedemja и 9 други им се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Не го зборувам ова од ракав. Имам близок роднина кој кратко работеше таму. И поради тоа што тој на мравка не гази, а не па да крене рака на некого, особено не на болен човек. А имаше притисок од колегите, мораше да си даде отказ. Плус самата глетка на состојбата на болните многу му влијаеше и не можеше психички да го издржи тоа.
     
    На Осе и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    50 пати повторив дека треба да знаеме за работата на институцијата, не за состојбата на пациентите и нивната медицинска историја.

    Пак ќе речам: Направете разлика меѓу тие две работи.
     
    На cresa-jagoda и deskarada им се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    15.220
    Пол:
    Машки
    Демир Капија се две згради, брат ми престојуваше во првата зграда каде што се помирните. Навидум океј е простор, прозорци кревети, соби имаше океј, дури и дневната соба. Персоналот е премал за капацитетот на пациентите што му се. Алиштата што ги носиш за свој човек нема да ги видиш уште еднаш, се дава на кој ќе стигни и се облекува што може да му се клај. Јас одам во зимно време, и мене ми го носи друг пациент што го "научиле" да се грижи за другиве пациенти, наместо лекар, па на што личи тоа и тоа со пантолони со ортома врзани... Брат ми од дебело момче, стана буквално прачка! Пошто се сомневам дека за ручек време ги хранеше здравствен работник со оглед на тоа што се преомалку и не се замараа баш.

    Еден ден реков ај че завртам круг и појдов скоро и до таа другата зграда каде што изгледа имаше потешки случаеви. Имаше таму како парк нешто и тука имаше ограда, насобрани беа внатре и заклучени пациентиве. Таа сцена ја памтам како вчера, кој без пантолони, кој без блузи, голи... испуштаат звуци-крици, јадат од земја што че фатат и така. Одма се вратив назад, се на се сумирано како некој логор ми делуваше. Срце ми се кини што сето ова ми се случуваше и случува, не сакам да должам и ширам негативна енергија...
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    260.925
    Што конкретно те интересира?
    Ако мислиш на медиум каков било во болнички ходник - не.
    Ако мислиш на документи, да речеме дека мењале плочки, секако дека да.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    260.925
    За втората зграда што ја зборуваш, за жал тие луѓе не можеш да ги облечеш освен на сила, ниту да ги научиш да јадат или било како да се однесуваат во склад со цивилизираност. Тоа се луѓе далеку од можност за инклузија, каква било, и се' што може за нив да се направи е хуман третман од тие кои се грижат за нив, но помошта што може да се пружи е многу лимитирана поради самата состојба на пациентите.
    Ќе ја тагнам @theowndemon мислам може повеќе да знае на темата.
     
    На Оленка*, Poppins, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    34.171
    Пол:
    Женски
    Јас до некаде се согласувам со Вајлд.
    Против сум снимање или сликање на пациенти во било која болничка установа, а во психијатриска посебно (затоа и се згрозував од сликите од инфективна) Ама... треба да се знаат условите во клиниките. Бидејќи сега темата е психијатриска, а за овие установи многу, многу малку се знае, сметам дека се потребни информации за истите. Под информации, не мислам сликање или интервјуа со пациенти (како што напоменав) туку истражување или интервју со одговорно лице кое би ја објаснило институцијата и што претставува истата, начинот на лечење, хоспитализација, условите, итн... Ова како граѓани имаме право да го знаеме. Така не би дошло до ситуации како со членкава која ја отвори темава.
     
    На naturallmess, fana, Cherry blossom89 и 5 други им се допаѓа ова.