1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психијатриска болница

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 22 март 2021.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Така знам, две згради, оддел за алкохол и оддел за млади. Во мод искуство третман и внимание беше добро во едната зграда, во другата како студент немав пристап. Моментално знам за факт дека ДХ ги имаат преземано сите мерки за безбедност.
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.051
    Е, ова е веќе друго. Во момент кога имаат слободен простор, може да го прикажат.
    Снимање на пациенти ми е ту мач, посебно за по вести да ги даваат, макар со скриен идентитет.

    А да речеме не е на одмет едукација, општо, за ментално здравје, па која болница, кој оддел со што се занимава итн.
     
    На Floris, Idedemja, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    На интернет кога отворив да пребарам за болницава буквално ништо нема, никакви информации, освен бројот на златна книга што го има.

    А искрено треба да има макар слики од болницата во каква состојба е, колку оддели има, во кој оддел какви пациенти примаат, кои доктори работат таму, принципот на работа со пациентите.

    Никој не сака да ги гледа болните на тв, ама овие информации основни би требало да ги имаат објавено, макар да направат страна на болницата и таму да биде се објаснето.
     
    На Floris, naturallmess, Оленка* и 7 други им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    @WildMk инспекцијата треба да утврди што се случува во една установа. Дали некој некого тепал, не третирал како што треба и слично. Е сега тој извештај си има место каде што стои и ако има сака некој да го види има и право да го види. Пак не можам да те разбреам што ти значи јавно да можеме да видиме извештај. Не те разбирам еве. Извештатите како такви се јавни значи може да се побараат и да е читаат. Може треба да има веб страна каде што ќе бидат збирно објавени ама и сега извештаи од инсепкција, ревизија и слично на јавни институции може да се гледаат. Ама тоа е целата установа. Случаи на поединчени пациенти никогаш никој нема да може да види (а овасо тепањето е случај на поединечен пациент, не е дел од ревизија и слично). Затоа такви случки се тајни. Ако се појават треба да се расчистат за да не се повторат, ама не се објавуваат и не ни смее да се објават зашто се работи со исклучително интимни работи.
    Кај нас има стигма за ментални болести и затоа и стигмата кон Бардовци и Демир Хисар е толку голема. Луѓето мислат дека многу гоелми глупости се случуваат таму, а не е така. Има разлика од одделение до одделение се сложувам и веројатно најлоши е во арестантското одделение (тоа со затвореници) зашто тоа е всушност затвор и има и решетки и се, а лесно се гледа кога ќе влезеш. Другите одделение не изгледаат толку страшно.
    @An-na каква едукација би била доволна? Еве на пример јас појма немам како изгледаат голем дел од болниците и одделите во болниците. Треба ли за сите медицински подробности сите да бидеме информирани? Не сте ми јасни. Што е поразлично оддел за психијатрија од оддел за нефрологија на пример?

    Врската треба да се гради на лична основа со пациентот и семејството. Треба можеби едукација повеќе за менталните болести воопшто како дел од образование, ама работа на психијатриска устаногва не знам зошто би требало сите да ја учат и знаат.
     
    На IRBBB и LollySky им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    За сите установи треба да имаме информации. Не знам што ви е чудно ова? Да живееме во мрак, па да се чудиме и тресеме ако треба во некоја од болниците да бидеме хоспитализирани? Отворено општество со пристап до информации бевме, нели? На жими мајка само :^)

    За психијатрискиве болници или конкретно за Бардовци знаеш каков „рејтинг„ има? Знаеш дека многу семејства одбиваат да ги носат членовите таму само заради репутацијата која ја има болницава? Ризикуваат болниот цел живот да биде со проблеми, ама не го носат во Бардовци оти појма немаат што точно се работи таму? Ниту какви се условите. Тебе ова во ред ти е? Мене не. Јас сум граѓанин на државава и сакам транспаренто информирање за сите институции во истата. Иако... sci-fi е ова, ама ај.
     
    Последна измена: 24 март 2021
    На Floris, naturallmess, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Не им работи веб страната во моментов еве кеширани информации: Контакт | PBSkopje (googleusercontent.com). Ако не ти ја отвора вака кога ќе пребараш на google има нивна веб страна. Наместо да ја отворип директно кликни на триаголничето од десно и ќе ти даде опција да отвориш кеширана верзија (последна зачувана верзија пред да падне веб страната) и ќе ти се отворат информации. Од ова што го гледам веб страната паднала на 19 Март годинава. Веројатно ќе ја средат па ќе можеш и подобро да се информираш.

    @An-na секој се инфромира според потребите. Еве на пример кога свекрва ми требаше да оди на Онкологија учевме во од што и како се случува. Не знам зошто би требало да знам за нешто што во моментов не ми е релевантно. Зошто би си ја полнела главата со информации кои што може да ме разтревожат, уплашат и слично, ако во моментов не се соочувам со нив. Еве на пример секој ден користиш банкарски услуги знаеш секој оддел во банка како функционира? Ти треба таа информација? Или ги дознаваш работите по потреба. Информации треба да има јавно достапни ама не знам зошто сите би требало по правило да знаат што се случува секаде.
    Плус еве има веб страна Бардовци и ако видиш на менито има и годишни извештаи и информации за јавни набавки и се. Еве на Демир Хисар и веб страната им функционира: ЈЗУ Психијатриска болница (psihijatriskadh.mk). Читај ако сакаш.
     
    Последна измена: 24 март 2021
    На IRBBB и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Тоа што тебе ти одговара да се информираш во од, не значи дека истото е исправно ;) Информациите треба да бидат достапни за сите, па секој да си реши дали ќе се информира или не, а не да се чудиш кај да најдеш информации |(
     
    На Floris, BlackSwan22, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    За Демир Капија прам муабет, не Демир Хисар.
     
    На deskarada и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    За таму не сум информирана. Знам ДХ и Бар.
     
  10. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    Епа јас често одев таму дури и влегував "длабоко" во установата каде што беше брат ми и стварно језиво ми беше, а и искрено нема доволно персонал и пак на крајо врти сучи, државата е виновна што на некој начин сите сме заборавени.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  11. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    31.197
    Како си успеал да влезиш и прошеташ браво. Оти не пуштаа посети од семејство да влези внатре во Заводот. Точно нема доволно персонал, а и тој шо е, е така сето колку смена да помини. Комлетно таму треба реновирање се од корен. Ни пак доктор има, ако има нешто комплицирано само мед сестра. Одеше и тогашна министерка за труд и социјала Царовска, ама само се сликаше и ќе објавеа како била мн "заангажирана" за децата да да.
     
    На Poppins, cresa-jagoda, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки

    Ама ова го зборувам пред да фати короната можеби и порано, не сега... инаку имав доста проблеми таму. Ако не му покажев заби ќе го умреа брат ми. Имам многу трауми од сето тоа... на пример често гледав слични рани кај сите пациенти дури и кај брат ми, ко да се гребени или горени на раце. Се случи исто брат ми на некој начин да му биди бело окото како катаракта нешто, дали бил удрен или не знам што, тогаш како што збеснав и не ме затворија и врзаа таму во ланци, никогаш нема да се случи.

    Дента кога појдов таму, ми го носи еден друг пациент што го задолжиле да го чува брат ми, стварно добар човек, ром беше ама се грижеше демек вработен тука итн, па го гледав и него му давав пари нешто и храна... ми го носи брат ми, на сред зима со влечина танки чорапи и некој искинати пантолони вермеле и блуза на кусир ракај?! (ние му однесовме еден тон алишта) и го гледам во око слеп односно бело му е сето, а исто така видов и кај други пациенти ама за жал нема кој да се се секира за нив и бори па се оставени на милост и немилост. Викнав полиција, се јавив во социјално кај нас и дома се јавив да дојдат да видат што му се случува на брат ми т.е на моите родителтие. :)

    Влегов кај таа директорката колку збеснав значииии то чудо нешто.


    Многу пати таму пациентите ми викаат, јас го чувам брат ти ова она, го тепаат, го молкнат, а брат ми не е способен ни да зборува ни да ми кажи... ама гледам модрици, рани по телото, па и со окото едно време... и искрено да ви кажам таму ретко да начекаш дебел човек, брат ми беше стварно дебел, и таму ослаби што се вика прачка се стори.
     
    На Floris, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    Исто така би рекол дека сум задоволен сега е сместен во неготино со уште неколку дечиња, многу поубаво му е местото, во барака се и убо суредено и се.
     
    На cresa-jagoda, deskarada и WildMk им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.051
    Па треба општо познавање да се има.
    Да речеме отвори на страната на Жан, си има што оддели има, со што се занимаваат, итн. Баш поради стигмата треба толку да се има како инфо, оти луѓето некогаш мислат лоботомии им прават таму.

    Кај мене на психијатрија е најопуштено, ако веќе збориме, и воопшто не е страшно.
    Разликата меѓу психијатрија и сите други одделенија е што тука секогаш има некој да ги чува вратите (една со картичка е, една со нормална брава) затоа што се случи пациентка со лажица (мхм, лажица) да ја обие првата брава, секако не можеше да пројде низ следната врата, ама ете, успешна беше првата. Па сега нон стоп некој ги пази, и има заштитни решетки на терасата и прозорците. Иначе одделението вака изгледа како и секое друго.
     
    На Floris, sweet-cherry, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Ако сакав да знам се за медицина тогаш ќе студирав медицина. И еве има на нет за Демир Хисар со слики и се и опис на историјат на болницата и се. Ако некој сака да се информира има да се информира. Веројатно за терапија не треба да се пишува никаде. Зашто тоа е нешто што го препишува психијатар, психолог и психотерапевт и по потреба и социјален работник.
     
    На Peperutce1115 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Абе и јас истото го реков?
    Шо е друго?

    Како нејзе ја сфативте, мене после 100 постови не ме сфативте?
    -----------------

    @JoyJoy
    Е заради вакви работи, треба да сме информирани.

    Се прајте ко да им верувате на институциите, а не им верувате.
    Е сега замисли, човек во толку ранлива состојба, колку лесна жртва може да биде?
    Ни ќе му верува некој, ни ништо!

    Ако уште 'не ти е јасно' зошто треба институциите да се транспарентни, тогаш, не можам да ти помогнам.

     
    Последна измена: 24 март 2021
    На Floris и deskarada им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.051
    Па ваљда погрешни зборови користиш :D

    Или првиот пост препрочитај си го, звучи како да треба Точи репортажи да прави.

    Транспарентност од страна на институциите - ДА, медиуми по ходници и низ пациенти (посебно пациенти со нарушено ментално здравје) НЕ.
     
    На ReinaDeCielo, crimson, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Оти да не и репортажи?
    Тоа не значи дека со име и презиме и лик ќе ги разгласат пациентите.

    И во ковид центрите прават репортажи, ако не... во цел свет.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.051
    Па тоа е тоа што и треба да го има генерално, не ја имам видено страната, ама општ опис на болницата, одделенијата, што лечат, што третираат, кој е директор, кои се началници и главни сестри, тоа секако е јавна работа.
     
    На Peperutce1115 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.051
    Не е исто бе Вајлд.
    Ти посочив и конкретен пример.

    Психичкото здравје е поделикатно од сите останати видови на здравје, што дека не знаеме идентитет на девојчено, кога ја растргнаа?
    Како би се чувствувала да ги чита тие коментари, или битно нашето право е задоволено? Како е моето право на информација поголемо од нејзиното право на живот? Како мојата информираност може да е поважна од нејзиното здравје?

    Затоа НЕ медиуми, затоа што се крвожедни, затоа што бркаат сензационализам и затоа што не цензурираат секакви шлајмови од народ. Иди во сдк, @KateKane има објавено само дел од коментарите.

    Ај сега замисли тој некој да го чита ова за себе.

    Зошто да го изложиме на таква гомнарија?
     
    На Peperutce1115, KateKane и crimson им се допаѓа ова.