@Stark цело време има донации и од странство, ама од тие донации ништо не се гледа. Како и алиштата шо си ги однесол. Добро е шо си ја увидел виситина таму шо се дешава, како шо спомна и погоре @cresa-jagoda за во Бардовци. Туку така не настануваат модрици и слично. Затоа треба поголема свесност, да се информираат луѓето, да се подобри нешто, оти ништо не е како шо изгледа од страна, а пероснал никогаш нема вистината да ти ја кажи, мн нормално. Е супер,баш ми е мило. Таму нема споредба. Ново се, хигиена има, една негователка на 4деца. Однос друг пред се.
Има разлика помеѓу останатите болници и психијатарските, прво затоа што во глобала на психијатрија пациентите можат да останат со месеци и години, во останатите болници не, така да многу е важно во какви услови ќе живее пациентот, за разлика од останување во болница 2-3 недели да речеме. Второ во обични болници се дозволени посети можеш сам да видиш што и како е, најчесто и пациентот сам ќе ти каже, во психијатриските баш на почетокот нема посета, нема контакт со пацентот, понатаму може пациентот е неконтактибилен или со шизофренија како ќе може да каже за односот со него. Нека има репортажи зошто не, со лекарите, со болничарите, условите да се видат просториите. Евентуално отпуштени пациенти доколку сакаат да зборуваат зошто да не се слушне нивното искуство од престојот.
Па затоа реков дека не ги бива новинарите и само дневно-политички и трачарски вести објавуваат. Не барам трачање, туку извештај или вест или репортажа или наречи го како сакаш, за работата на институцијата. И често треба да бидеме известувани. Ако она од погоре на @Stark е вистина (што верувам дека е), треба да скапат инспекции и новинари пред вратите на институцијата, а не ние да бараме да не известат. Ама не.. побитно е Миа и форумот шо се скарале.
Инспекциите се врзани со нив. Секогаш кога иди инспекција пред време се знае и тогаш се се чисти, ходници на лаванда мирисаат и нови алишта се вадат. Се дури инспекции со власт се поврзани џабе е. Уште од надвор кога ќе ја видиш зграда, се познава дека плачи за темелно реновирање.
Па ете, пиши и на Точи, нека иде да извести. Ама да си сносиш дел од одговорноста за коментарите што ќе бидат јавно напишани од истиот народ што има право на информација.
Кај мене ни еднаш инспекција се нема најавено. Ни еднаш. Доаѓаат од надвор, не зборувам за интерхоспиталната служба за инспекција. Најчесто се ИЈЗ, но доаѓаат и од МЗ и други. И затвораат цели сали, ако најдат пропусти. Еднаш и сала затворија, и казна се плати. Како е секаде не знам, кажувам како е овде.
Сега ги помешавте лончињата. Демир Капија не е психијатриска болница. Психијатриски одделенија има по повеќе болници низ државава и има две специјализирани: Бардовци и Демир Хисар. И во психијатриските болници има деинзситуционализација на пациенти во процес кој почна уште кога јас студирав. Се оди на тоа пациентите да не се хоспитализираат долго туку да се оди повеќе на одредување терапија и нивна деинституционализација односно враќање во семејствата што е можно побрзо.
Не ме разбираш или? Ќе иде Точи, ќе извести, ете ќе се задоволи твоето право, ама секое право е врзано со одговорност, и дали ти ќе се чувствуваш одговорна кога стоката ќе почне да коментира гадости што пациентите и нивните семејства можат да ги прочитаат, како и останати болни и нивни семејства, и зошто не?
Не моето право... правото на пациентите да бидат соодветно згрижени и лекувани. Семејствата мора да знаат на што се препуштени нивните блиски. Реков: Ако некој не сакаат да биде сниман, нема да биде сниман, ама некој ако сака и анонимно да каже како поминал... тогаш треба. А и не само од пациентите изјави, туку и од надзорите, а и самите медиуми да прават увид во работата и состојбата на институцијата.
И како тоа што ти ќе си известена ќе им помогне? Или не размислуваш за булингот и шлајмот отпосле? Едит: како не твое право? Нели имаш право на транспарентност, од парите кои не ги плаќаш?
Ама ти гледаш дека имаат и веб страни и се. На Бардовци има и извештаи (падната е страната од 19 Март годинава ама во кеширано се гледа дека има се ставено). Ама не немојте да читате три пати постирав линк од Демир Хисар дека има и веб страна и се. Само напаќајте дека јас не знам што е транспарентност. Нема проблем. Еве јас како психолог појма немам за клиники за ментални болести. И исто појма немам што е транспарентност пошто знам каде да најдам информации што ми требаат. Вие што кукате за се да заврши по медиуми сте експерти за транспарентност.
Абе доста линк од Деми Хисар, бла-бла Новинарите и народот треба да се контролер и коректор на државниот апарат, а не самиот државен апарат за себе да си кажува колку 'било арно'. И Филипче кажува дека ситуацијата е под контрола со короната, му верувате ли? Исто и за ова.
Кој забранува било кој пациент да се обрати на медиуми? Забрането е? Јас знам дека не е. Ако не се обраќаат можеби не сакаат да се изложуваат себе, можеби немаат што да кажат, ама ако сакаат, буквално секој од нас може да пише на медиум, како што се болни за драми, без проблем ќе добие пристап до јавно зборување.
Скраја било народот да се грижи за моето здравје, пу-пу. Ај, доста беше. Драпање мадиња. Потенцијален корисник Леле бе, леле. Како потенцијален корисник види си веб страна, нема потреба од душебрижност за тие кои НЕ треба да се развлекуваат за твоето потенцијално идно место. Сериозно.
Так е треба новинарите се да пишуваат. Зашто новинарите учеле да се експерти за се. ОК е. Еве у право си. Само нека тропаат глупости по вести и нека пунат програма со се и сешто. ОК е. И нека делат бумбари и бубачки по телевизии. Зашто тоа е врвот на транспарентноста. Сите други нека си ги искинат дипломите јер ј..и га не се новинари. И поарно нека се фрлат сите стручњаци во Вардар, нека останат новинари и народ се нека превземат во свои раце. Пошто тоа е врвот на транстарентноста според тебе. ОК е.
Оф мори мајко златна, оти се концентрирате на тој дел. Еве, ич да не збораме за пациентите. Значи јас сум новинар и барам увид во буџетот и распределбата на истиот во одредена институција (како муабетот за патни трошоци во парламентот), тоа се документи од јавен интерес и секој новинар може да добие извештај за трошењето на ресурси. Извештаи од државни инспекции, извештаи од надзорите на Хелсиншки. И ќе барам да ме пуштат како новинар внатре и да снимам кај има дупки, дали има топла вода, каква е храната, како се подготвува, дали има мувла, дали има доволно медицинска опрема и од кога е таа опрема.
Зошто толку ги браниш? Работиш таму? Абе за една крвна слика се отепвате од одлучување во која лабараторија да ја направите, не пак да дојди до долгорочно хоспитализирање во психијатриска болница. Кого го браните? Мене ми изгледа дека државниот апарат, а не пациентите.