И тоа се' е јавно и достапно, кој забранува побогу?! Се разбира дека ќе снимат АКО НЕМА ПАЦИЕНТИ. И не знам како не разликуваш од да речеме човек со корона за кого сите ќе навиваат да биде добро, и човек на психијатрија, за кој ќе напишат дека поарно да се утепал. Не знам што не ти е јасно од ова, оти не го видиш бре примерот од пред 2 дена?
Или можеби, само можеби, точно знаеме кои пациенти треба да се оставени на мира, а не да се користат за задоволување на нечии потреби за кењање.
Ама нема што да се зборува за конкретни пациенти. Ни во ковид центар, ни во психијатриска болница. Условите и начинот на кој функционира болницата се битни.
Абе не за кењање... колку пати да повторам дека не ме интересира дијагноза на Петко, туку дали Петко јадел ќотек во болницата
Ама секако, ама еве да речеме мене со заматена фаца ме има. И они со најдобра намера ќе известат дека ќебето ми е старо да речеме, ама, АМА, на соц.мрежи, под објавата, ќе има смрад што ќе пише - и ова и' е многу, боље да ја стрелаат, боље да се убие, нејќеме да чуваме изроди, кажи ја со име да се скриеме... демек не си прочитала вака?! Пак те прашувам, ПОСЛЕДЕН ПАТ, што ако не знаеме како се вика девојчето, кога ТАА знае, и може да прочита, и семејството може да прочита? Дали Петко јадел ќотек или не му дале лек ќе извести Петко и семејството негово, НИКОЈ ТОА НЕ ГО ЗАБРАНУВА.
Епа не ги снимаат пациентите, туку ќебето само. Пошто ќебето е битно во приказната, не пациентот кој е покриен со него. Нели реков дека со довола само на пациентот да бидат снимани, откако ќе биде свесен, луциден и може сам да одлучи дали сака или не да зборува за нешто.
Објасни ми пластично, те молам. Што конкретно треба да ги интересира, ако јас сум таа покриена со ќебето. Што тоа треба да се извести?
Дали ти како пациент си заштитен, безбеден и ти е пружан соодветен третман и услови? *Исто како во било која болница шо сакате да знаете.
Па смрдливо ќебе е или не е дел од условите? Треба или не треба да ги интересира? Или ако било кој увиди дека е мувлосано, треба да има доблест и најпрво да го реши проблемот со пријави до соодветни институции, наместо да крека колку ми е мувлосано ќебето, и да добијам јас ново ќебе, ус пат и гнасни коментари кои неизбежни се? Јас како пациент ни анонимно не сакам да сум дел од јавност. Ако некој сака, може да биде. На новинарите не им е забранет пристап во болниците, никогаш не им бил. Така што не сум сигурна каде е твојот проблем. Што Петко не сака да зборува за своите искуства?
Што новинарите не известуваат, а државните институции си го покриваат газот едни со други. Инспекциите се фарса и нема казни за нехуман третман. То е мојот проблем. Десетици илјади вработени има државниот апарат. Не е само владата и парламентот, туку сите буџетари. Од прв, до последен.
Јас имам искуство со блиска личност која лежела во Бардовци, и затоа можам да споделам искуство со тебе. Знам дека во моментов може да ти изгледа како Бардовци да е последна станица но не е така, болницата е во поголемиот дел реновирана, секој пациент има посебен третман во зависност од дијагнозата и не е точно дека ги клукаат само со дијезапам, точно е дека на почетокот не може одма да делува терапијата и затоа има еден период на адаптација, во тој период може да се случи и со каиш на кревет да го врзуваат ако е претерано агресивен бидејки и они не се семоќни и не можат ништо друго да направат се додека терапијата не почне да делува и човекот да биде посмирен, во тој период не се препорачуваат посети, после некој период кога терапијата ќе почне да делува и веќе може да му се пристапи на пациентот со разговор почнува и самото лечење. Самото тоа што е со такви луѓе околу него, него ќе му стане мотивација дека треба да се промени, дека не е во право и дека згрешил, ќе му даде можност за да размисли за својте постапки. И јас како тебе мислев дека Бардовци е последна станица но не беше така. Периодот на адаптација варира од човек до човек ,од дијагноза до дијагноза и може подолго да трае и е според мене најважен ама најтежок бидејки во тој период не се препорачуваат посети од семејството. Исто не е точно дека јадат луѓето таму ќотек, туку првиот ден кога ќе дојдат таму мора да ги избањаат, мора да ги средат за да не донесат некоја зараза, вошки, болви или не знам што во болница и бидејки тоа е периодот кога пациентот се соочува со фактот дека е во Бардовци нели, има негодување од негова страна, и мора така кажано на сила да се избања, ишиша, среди. Ако имаш уште некое прашање пиши ми. Ми текна и уште нешто, односот на персоналот таму.. Една од сестрите ми даде приватен број од неа, во секое време ми рече дека можам да ја барам и да прашувам за состојбата не било никаков проблем.
Утрово и ѕвонеа на мајка ми од болницата и брат ми зборувал со нејзе и плачел на цел глас и ја молел да оди да го извади од таму, мајка ми беше и го донесе дома, детето е преплашено и не знае кај се наоѓа, на моменти се губи и со поглед и со мисли, кажува да не даде господ на никој да заврши таму, мене воа траума ќе ми остане, кажа дека го малтретирале, а како и што поточно не кажа бидејќи уште е во шок, ни дадоа терапија и треба да ги прима редовно, докторката на мајка ми и рекла дека ако ги пие апчињата за брзо време ќе се среди. И окото му е отечено од што не знам ама најверојатно е удрен од некој, сестрите многу лошо ги третирале пациентите, до сега само ова кажа.
Бардовци не но го имам посетено психијатрија oдел за деца и младинци мислам дека е во склоп на клинички Бев бремена за време на посетата Го изгубив бебето од тие стресови Да не даде Господ ни на душман
@Snowflake97 Мислам дека е многу погрешно што сте го извадиле од таму, како прво бидејки се работи за човек што порано бил психички стабилен а сега не е, што значи лесно може да му текне да се удри сам себе и да каже чекај сега ќе кажам дека ме тепаат, ќе плачам, мајка ми одма ќе ме извади ќе и падне жал, он е во состојба тоа да го смисли, бидејки он иако е агресивен, он размислува. Се надевам дека грешам и дека ќе биде подобар сам од себе и посмирен со помош на апчињата, иако моето искуство кажува дека тоа не е така.
Ама што да известат, пак прашувам, што? Ама конкретно, замисли дека си Точи и извести ме, притоа биди свесна не само за правото да известиш, туку и одговорноста - што после известувањето. Еве извести ме што сакаш, не млатење слама, конкретно, нешто што е забрането да се извести, нешто што ти мислиш дека не се известува. Или не мораш. Пуна идеи си, јасно ми е. Ју ду ју.
Што дијагноза има? Кај некои пациенти треба време да ја прифатат реалноста. Треба време терапијата да почне да функционира пред да станат комплетно свесни за се што се случува и зошто се во институција и што треба да направат за да им биде подобро и да станат комплетно функционални. Ако сте го земале на лична одговорност не го оставајте сам ниту момент и вие дозирајте терапија и внимавајте се што му е препишано да испие. Мала грешка и терапијата нема да функционира како што треба.
Не им работел системот и нема отпусен лист па затоа не знам, а мајка ми не знае да ми објасни. Не зборува многу повеќе е замислен и збунет. Искрено не знам да ти кажам дали згрешивме или не ќе видиме нека поминат неколку дена како ќе биде дома ако има потреба ќе го вратиме пак назад, он сам вика дека ако останел таму повеќе ќе се пореметел.
Не работам таму. Ги бранам сите медицински лица во земјава по дифолт по искуства со здравствен систем во странски земји (со сето чекање, неможење да се дојде на ред, заворање на шалтер пред нос зашто имаат пауза за ручек и останато. Кај нас пациенти се бапнуваат на лекар во ординација, вреѓаат и слично). За жалење се нашите медицински лица. Сите само чекаат да ги исплукаат, искритикуваат, да им се ситат. Како никој не рече алал вера на лекариве чуда прават. Се само да се плукало и критикувало. Јас лично сум задоволна од третманот што сум го добила од нашето државно здравство. ОК. Има некои и што се задоволни од третман во државно здравство. Ете јас сум една од тие. Зашто знам со колку средства располагаат, знам дека има размазени што трошат ресурси за џабе и дека такво трошење на ресурси на Запад на пример нема да им биде дозволено, а тука им е зашто ако нешто не им е по ќејф ќе играат новинари што ќе се налепат на сезационалистичка сторија. Инситтуции за менално здравје бранам зашто имам колешки и колеги таму не работам лично јас таму, ама знам што прават и какви им се условите и со каков профил на луѓе работат. Не се сите цвеќиња, ама не се нехумани колку што се претставуваат. И пак ќе ти кажам извештаи имаш. Ама не според тебе Петко од Кривоштани и Цвета од Куратица треба да одат да контролираат зашто народото најдобро знае. И ако на Петко и Цвета не им се свиѓа ништо лекарот да го бесиме со нозе надоле. Така треба. Ако веќе сакаш да читаш Игор Џамбазов има многу графички прикас на Бардовци во една од неговите книги. Ете ти читај.
Ако е сега посмирен,а а бил агресивен тоа му е од терапијата. Терапијата треба да ги среди сите неправилности во однесувањето и размислувањето. А најчесто пациентите се бунтуваат и не сакаат терапија на почеток (мислам дека тоа е случај и кај него). И ако му е одредена терапија ќе мора редовно да ја пие дури и откако ќе биде комплетно добар. Ако прекине може пак да се врати на старо. Внимавајте и со тоа. И внимателно следете упатства од лекар. Дијагноза може нема зашто немале до крај време да постават потполно точна дијагноза. Брзо сте го повлекле од систем. За прецизна дијагноза треба малку повеќе време. Ама вие си знаете.