Таму има луѓе што сами се удираат од ѕид, сами се скубат, ти бараат пари за да си земат чај од кафемат и после тоа го истураат чајот и се гребат со чашата по раце, меѓусебно се тепаат, таму дури ни облека со копчиња не им даваат да носат бидејќи можат да се самоповредат, шише со вода ќе им дадат, без капаче да е гледат, облека ќе им донесе близок човек, кесата не им ја оставаат одма им ја земаат бидејќи можат да се задаваат, цигари ако им дадат, запалката не им ја даваат бидејќи можат да се запалат.
За жал во моја пракса посведочив дека не смееш ни со обично пенкало или молив да си во близина на некои. Буквално во се' живо гледаат начин да се повредат себе или кој било. Само некој што не видел и не доживеал може да не знае на што се' е спремен човек со сериозни психички проблеми.
a ne ti repliciram na sekoj komentar eve na poledniot ke izvinis vaka no ponekogas stvarno preteruvas ako tolku te interesira kako e i si mnogu zagrizena ne ti trebaat ni mediumi ni nikoj napolni nekolku kesi hrana ,nekolku obleka, i ona sto mislis deka bi im bilo od pomos i idi odnesi pomos i sama ke si vidis kako e ..i pacienti i uslovi i doktori .. i mesto da samo nesto pottiknuvas eve otvori ima na fb strana i nekoi sliki ..kolku sto vidov i spravi za vezbanje imaat i eden doktor sto celo vreme selfi si stava ,,na albanki pisuva celo vreme ..nz zs.. strana ,imas i 2 videa na yt .. pa ako te mrzi da mrdnes gazot i sama otides bar na net imas https://m.facebook.com/profile.php?id=202143369816021
Е за ова дека се краде и јас сега ќе потврдам, пола од облеката што му ја пративме му ја нема, а тој што е како обезбедување на одделот ни кажа во шкафче е облеката заклучена, а сега дома пола фали, вчера мајка ми 10 ќеси со јадење му однела, денеска само еден сок и смоки врати детето, он дека повеќе спиел дали болните или тие од вработените си се частеле. Исто и за условите, кажа дека од кога го однеле не бил бањат, а брат ми во денот дома по 3 пати се бањаше, плус кажа дека ги малтретирале, додека спиел иделе го влечеле и го буделе, детето повеќе трауми има од таму што бил и што гледал се и сешто, можеби и повеќе ќе му се влошела состојбата од самото место.
@Snowflake97 ако сте во можност однесете го приватно на психијатар, или барем вие исконтактирајте. Иако е дома ќе мора да продолжи да се работи со него. Контролирајте дали редовно зема терапија, по можност вие да му ги давате апчињата и да видите дека ги пие. Он е во кревка состојба сега, ќе му треба надзор и многу помош. Пробајте да откриете која дијагноза ја има, за да може соодветна терапија да прима и соодветно да му се помогне. Претпоставувам и дека некакви седативи прима, можеби и рисперидон и ќе спие доста.
@WildMk А кој би бил бенефитот од репортажата ќе ми објасниш? Би се сменило нешто доколку снимаат новинари? Ќе се подобрат условите за пациентите? Се направи нешто за фамозната иновација со чадор во инфективно? Среди некој нешто или само на 3 дневен сеир остана се, потоа олд њус? За да си jа задоволиш љубопитноста треба да се вознемируваат пациенти од трети лица и да се вадат од соби?
Да размислував и јас за приватен психолог или психијатар свесна сум дека само со лековите не може, мора и со стручно лице да разговара. Од лекови ги има бипериден 2мг и дијазепам од 10мг, пишува по цело да му се дава. И уште две други врсти некој со по комплицирани имиња се.
Незнам веќе што да мислам. Незнам фали воопшто ако дојде ред повторно да мора дс биде хоспитализиран татко ми да дозволиме тсму да лежи. Искрено во минатото ова се немаше случено , но сега последниот пат многу лошо кажа дека било. Дека тоалетите не работеле дека не можел кога сака во тоалет да оди. Не била храната добра, многу му било лошо таму плачеше кога раскажуваше. За малтретирање не спомна ништо, не се пожали дека некој нешто му правел. Исто за храната што му ја носевме којзнае кој се гостел, а облеката знак прашалник. Тоа се немаше случено претходните пати кога лежел. Ми е страв за во иднина, не сакам ни да мислам на тоа но знам дека како до сега што имаше потреба за хоспитаизација во иднина во некој момент пак ќе мора.... Се надевам дека брст ти ќе биде добро, редовно носете го на контроли кај психијатар ако треба и психолог психотерапија и да не се повтори ова. Сите од страна може да зборуваат и да кажуваат како и што треба но кога го имаш дома е мнооогу тешко и за домашните и за пациентот. Особено во земја во која што околината на ниеден начин не е обучена или подготвена како и што со пациентот дома. Кога се јавувавме да прашаме за татко ми ве ден момент некоја докторка ми вика супер е за два дена сосем друга докторка ми вика толку можеле они да направат, вака било онака било. Потоа трета како да ме зафркава ми вика добар е уште малку најдобар?! Не знам од последниот престој воопшто не сум задоволна да речам, никаков однос на персонал, па и влијанието врз него многу лошо ... Буквално кога го отпуштија изгледаше како човек болен блед жолт ослабен го шишале таму лустер како од логор да го земаме не од болница.
@Snowflake97 , прерано сте го извадиле, затоа е пуштен на ваша одговорност... И сестра ми првите денови викаше да сме ја изваделе од таму, не знам што, како, но искуството не имаше научено да не потклекнуваме на лаги и манипулации, во состојба се се и сешто да измислат и да направат. Веќе од кога почна да делува терапијата беше друга приказна. Што е, тука е, не знам што друго да кажам.
Не сакам да пишувам и да е потсетувам на ова искуство што го имав, не сум ни доволно професионален во тоа поле, но секогаш имав чувство како да нема пиено вода со денови, а дојдевме абе цело шише вода пиеше и тоа со стрвост итн. За јадење да не прајме муабет, и брат ми и другиот човек што идеше со него што го чуваше како чувател инаку пациент и него му дававме да јади. Нејасен беше со говорот и неповрзани мисли, но секогаш зборуваше да се биде послушен и мирен, инаку ќотекот, мимики, раце ми покажуваше итн.
И да направат репортажа ја не верувам да ја прикажат реалната слика за односот кон пациентите, а за условите нормална државна болница. Никој не може да каже точно дали храната завршува во погрешни раце, дали самите ја јадат, дали со други ја делат, ја фрлаат итн. И со облеката исто, ама мора да им е заклучена да не направат нешто со неа. После којзнае каде завршува може и се уште е во шкаф. Не знаеме дали одговорни или пациенти ги тепаат и малтретираат или сами се повредуваат. Брат ти не требало веднаш да го вратите дома, ама ај видете дали ќе има подобрување во однесувањето. Се мислам дека неговото е некоја лесна дијагноза и ќе се среди за брзо.
@Snowflake97 Сега ја гледам темата. За Бардовци знам од факултет професорите од психијатрија што ни имаат зборувано дека има лоши услови, и по некој добар доктор. Јас, од мој близок 1 братучед, можам да споделам искуство од Негорци. Братучед ми го изгуби татко му уште како мал. Сега веќе е 30тина години, и уште од средно пие многу алкохол. Ама како минеше времето, повеќе и повеќе пиеше. Веќе ни другари не го сакаа, ни роднини, ни никој. Буквално беше нон-стоп пијан, на гости ако дојди, можеше и на стол да се помоча. И агресивен беше. Паѓаше во коматозна состојба сред улица, и една куп глупости. И конечно се одлучи мајка му дека му е потребна помош, и да го носат во Негорци. Таму докторите стварно имаа убав пристап и се, ама мајка му не можеше да издржи - овој ја молеше да го земе. И на крај го однесе дома, две недели му беше срам да шета и после пак иста песна, дури и полошо. После неколку месеци пак со полиција и во Негорци. И остана подолго време, иако молеше да си дојде дома. И сега си е супер Сакам да кажам - тешко е, ептен долг и тежок процес е. Ама за нивно добро е... Мора да поседат некое време. Инаку Негорци е океј место, и ги делат по групи. Чисто како опција...
Јас знам еден што беше доктор (не знам дали сеуште е) на одделот за зависници во Демир Хисар, а тој самиот беше алкохоличар со тапија.
https://alt.news.macedonia.narkive....gi-hadzi-angelkovski-little-mengele-of-skopje Го најдов овој артикал дури гуглав сега за Бардовци. Од поодамна е, ама ужасно... И сигурно никој нема ништо превземено
Па нема. Новинари не истражуваат, државниот апарат е на 'одмор' 30+ години, народот си е секој-за себе... Кој да преземи? Само од себе, ништо не се решава.
@Snowflake97 Времето ќе покаже дали сте направиле добра или лоша одлука, ние не можеме од тука да знаеме. Терапијата обавезно секојдневно да му ја давате ако треба и со сила и најхитно на психијатар да го однесете. Доколку се противи кажете му дека опциите се или да се врати таму или да посетува психијатар, бидејќи видол колку е лошо сигурно нема да се противи, а и ако е посмирен сега најверојатно ќе ве послуша. За психијатар може и преку матичниот доктор, кај некој кој работи со фонд, така ќе плаќате само некој париципација која не е повеќе од 200 ден. Само да не направи рилапс.
Отворив да видам кој е човеков и сфатив дека тоа е докторот кај што сакав да одам на терапија Сериозно се уште човеков има дозвола да работи како психијатар па има и своја ординација
Многу лоша беше одлуката мајка ми што потпиша и што го извади, он додека е под дејство на апчињата е добар, кога иде време за следните апчиња тогаш ситуацијата е ужасна, пак збеснува и не сака да ги пие, ги фрли апчињата, почна да налетува накај нас бидејќи мисли дека ние сме му непријатели. А најсмирено разговарав, го молев, го гушкав да ги испие и не сака, му реков ако не ги испиеш пак ќе те вратат назад, рече не ми е гајле ајде кој сака нека дојде одма ќе го убијам.... Мајка ми пак се јави во полиција и брза помош и пак го земаа денес, го однесоа на нервно одделение, ако сакаат да го задржат тука јас мислам подобро ќе биде ако не пак ќе го однесат во Бардовци.