1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психијатриска болница

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 22 март 2021.

  1. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Не сме од Скопје ние, го задржаа тука кај нас на нервно, сам викал јас тука ќе лежам колку треба само не ме праќајте таму и така го оставиле.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    8.922
    Значи тој е свесен и знае каде може да заврши ако е агресивен.
    А дали може да му се даде терапија предвреме кога уште е мирен?

    Му треба подолго лечење, а и доста разговор со психијатри, а на нервно не знам колку има добри доктори за тоа.
     
    На LollySky и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.740
    Пол:
    Женски
    Нервно баш не е за псхијатриски случаи. Со друга проблематика работат тие. Видете дали може на Клиника за Психијатрија да го пратат бидејќи претпоставувам е баш млад. Може на адолесцентско одделение ќе заврши. На Клиника ги чуваат до поставување дијагноза и правилно дозирзање на терапија.
    Ако станува агресивен како поминува дејството на терапијата не е бап секаде да биде чуван. Му треба соодветна средина.
     
    На Peperutce1115, CameliaMiller, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Тука уште првиот пат ќе го остава, ама он бидејќи е многу развиен, голем е стварно и кога е агресивен е стварно страшен, докторката тогаш викала дека се плаши од него поради тоа, ама сега од апчињата и од инекциите е омалаксан, едвај се движи и поради тоа се нафатија да го остават.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    @CameliaMiller сега сфатив како разбра.
    Ти мислиш дека пропагирам пациентите да ги снимаат?

    А шо убо напишав во првите постови... ама кој да прочита.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    260.985
    Ова, Вајлд, ова.
    Психијатриски болни пациенти, кои акутно се лечат во психијатриска болница, не би ги изложила НИКОГАШ на јавност.

    Откако ќе бидат свесни и стабилни, ако сами сакаат, слободно можат да зборуваат со медиуми, да пишуваат на соц.мрежи, да пишуваат мемоари... никој не им брани.

    Ама додека се лекуваат и се толку ранливи да не смее семејство да ги види, нема што никаков медиум ниту да им се приближи, ниту интервју да им зема, ништо, ама ништо од тоа.

    За останатото, се согласив повеќе пати дека секако треба да имаме информации, а всушност и не е дека немаме, постои веб страна, ете некој и репортажа најде, а и не е забранет пристапот ако некој го интересира, зборувам за медиуми.

    А пациентите сме должни да ги заштитиме кога сами не можат да се штитат, ова со коронава е исклучок и добро знам зошто е исклучок, знаеш страшило на поле за што служи?
     
    На mode-kristina и JoyJoy им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ама не реков пациентите да ги снимаат, туку условите во кои живеат.
    Пациентите не се условите.
    Условите, се условите.
    Дали има опрема, дали има медицински материјали, каква храна има, дали има топла вода, дали има мувла наоколу... итн итн
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    260.985
    Не е за на нервно, мора да се префрли во соодветна институција, и ќе го префрлат сами чим добијат дијагноза, повеќе од 1 месец не ни може да лежи на психијатриско одделение во обична болница.

    Но бидејќи е агресивен, бидете спремни дека и побрзо ќе го преместат, болничари, сестри, па и доктори се посоодветни и пообучени и поискусни во психијатриските установи, него овие на нервно.

    А друго што со право можеби се плашат, и за себе и за другите пациенти.

    Вас како семејство ви е претешко, ама мора да разберете дека тој сега е спремен се' да ве излаже само да не се врати назад, што е очекувано, не постои човек кој е болен, а не е свесен дека е болен, што прифаќа да биде сместен во институција.

    И за негово, но и за ваше добро е да не биде дома сега за сега.
    Не дозволувајте да ве манипулира.
     
    На Nausicaa, thelittle17, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    260.985
    Па и јас кога реков за ќебето, што ми одговори, се сеќаваш?
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Да го снимаат кебето.
    Најди го, ќе видиш.

    Уште во првиот пост пишав: Доколку некој сака да даде интервју, или да извести преку медиум анонимно, да го направи тоа, ама прво што ни треба е да видиме како живеат, како се троши буџетот и колку е способен кадарот.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Го изгледав документарецот на КОД што некој од нас го имаше ставено во темата и запрепастена сум во колку лоши услови е психијатриската болница.

    Не знам како е можно санитарна инспекција до толку да врти глава при очигледни нехигиенски и нехумани услови. Потоа, да не зборуваме колку е внатре неискречено, руинирано и полно со влага! Зошто никој 20 години не вложи бар тронка напор за да се мрдне од мртва точка?!
    Што прават политичариве освен што не дерат до гола кожа!?

    Кога ќе излеземе од ова дереџе бе луѓе, и кога ќе организираме ебен протест?
    Па мајку му стара, ве молам кажете ми.
    До кога ќе живееме веќе во ваква држава, младоста ни овена.
    Кутри пациенти внатре со влага и нечистотија.
    Установа ли е логор ли е?!
    Да ти се намочам во институционалната политика.
     
    На SnowWhite8, Alisa22, thelittle17 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Искрено, повеќе немам надеж дека нешто ќе се смени.
    Ни народ реагира, ни државен апарат, ни никој.
     
    На SnowWhite8, Elenpelen, Ugly Duckling и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Никој не сака да излезе на протест Вајлд.
    Со 500 луѓе не се руши систем.
     
    На Alisa22, Justicija и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Жал ми е шо ќе им остајме на децата...
    Во исто говно кај шо се родив и тие ќе живеат.
     
    На Elenpelen, mssuniquee, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Кај нас така функционира, секој си го чува својот г*з, од мали не учат не се мешај таму, стој од страна и посматрај фаќај го сеирот само, не мора да се сеќираш за Петко ако тоне во говна, стој и не му продавај рака. Така и ако се организира протест, секој ќе рече што ми е гајле во какви услови се, ама недај боже да треба близок да однесеш. Никој не знае што не чека утре, ниту ние не се надевавме дека може да дојде до ова, ама ете.

    Исто и јас кога го изгледав тоа видео па страшно е и жално, без разлика што лежат луѓе коишто не се свесни и тие се сепак луѓе, па животните подобри услови имаат од нив. И после зошто и докторите бегаат, кои сака во вакви услови да работи најпрво?

    Ужас стварно, само не дај боже да завршиш по болнички врати.
     
    На Elenpelen, Biljarkata, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.576
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што дошло до тоа, но како што кажав и предходно дека периодот на адаптација е најтежок, дајте му време да се навикне на терапијата, да сфати каде греши со мирна глава, тоа што го кажа со негодувањето и одбивање на терапија ми е добро познато, мора да биде под стручен надзор за ваше и за општо добро колку и да е тоа тешко, и не подпаѓајте на манипулација и на солзи.
     
    На thelittle17, Snowflake97, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    151.814
    Затоа кога ги примаат на психијатрија викаат посети во наредните 14 дена никако
    е тек после може да го посетите
    И да го посетите шо ке видите
    Прозори со решетки ,железни маси и столици ,еден куп млади деца кој пробал да се труе кој пробал да сече вени
    Во памет ми остана една девојка раскинала со дечкото се наголтала апчиња и завршила на психијатрија а баш убав муабет си правевме
    Желни за цигара идат барат
    Имаат пластични тањири чаши и вилушки немаат патики и чевли за да не се повредат со врвците не смеат да се бричат немаат брич него кога ке го посетат домашните ке го избањаат и избричат
    Имаше топла вода за бањање и баш начекав ручек кога дојде едно девојче пациент им делеше
    При прием имаш врзување за кревет инекција и спиење 24 часа
    Срце ми се кине кога ке помислам после таа посета имав спонтан во 5месец и уште мислам дека ми е грешка таа посета
    За тепање да ги туркаат али приморани се
    пациентот наш сакаше да си дојде дома со нас и мораше болничар да реагира да не изпадне али немораше да го залепи на ѕидот а тој,тој клекна на земја и почна да плаче земете ме не ме оставајте тука на цел глас
    Се симнувавме надиле по скали и го слушавме до долните спратеви
    До дома никој глас не изусти
    Толку тежок момент ,пишувам со солзи во очите и после 16 години
    После тоа отиде уште еднаш да полеже ама сам си побара вика ке одам да си одморам малце немаше 10 тина дена го пуштија
    Тешко на домашните ,бележани за цел живот треба да се гриже некој за него да прима редовно терапија контрола редовна и социјализација
     
    На 24.07, Nausicaa, thelittle17 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Не ја знам целата слика лично искуство немам ама за блиски директно инволвирани пред неколку месеци конкретно за бардовци можам само накратко да кажам ужас .... од токсикологија лицето го однеле во бардовци , прво тој што го носел незнаел што прави ама тоа е друга приказна , примено во бардовци оддел за алкохолизам , после неколку дена од прием сакале да внесат катетар кој како внесувал незнам,но од преголемо крварење го пренеле лицето во градска болница ( медицински лица незнаат да внесат соодветно катетар ) , после соодветна интервенција и соодветна терапија вратено повторно во бардовци на оддел .... хигиена на минимум , однос комплетно несоодветен од страна на персоналот , нестручност и на докторите и по муабетот храна не му била давана на лицето 3 дена ( цел викенд ) , немаат соодветна опрема и најбитниот и најтрагичен момент е што всушност во ниедна од трите институции каде поминува овој човек не согледуваат дека всушност поминува низ мозочен удар ..... здравството ни е сведено на питачки стап и ние сме криви за се она што ни се случува , ако некоја институција конкретно ги троши моите пари , кои јас лично ги заработувам зашто не би сакала да знам каде и за што конкретно се потрошени ? Мислењава во темава се смешни , ако немаме транспаретност и ако не бараме да имаме увид во институциите ( како поинаку ако не преку медиумите ) тогаш директно ја подржуваме корупцијата и безредието кое со години се влече по државните органи ..... затоа сме тука каде што сме и треба по форуми да се информираме за фактичката слика на здравстото ....
     
    На ReinaDeCielo, Floris, Waverly Raven и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    А ти што мисиш?
    Сте го пратиле во македонска државна институција каде што треба да добие грижа и помош, а работат тотално умоболни луѓе кај нас за ништо пари, само ќе се изживуваат врз него и ќе го дрогираат...
    - Тажно. :(
     
  20. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    8.922
    Како е брат ти дали има подобрување?
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.