1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психолози во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од innablood, 27 јуни 2011.

  1. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Дали сте се обратиле на психологот во вашето училиште?
    Зошто не (ако не сте се обратиле за помош? Од страм, страв.. или некоја сосема трета причина?
    Дали псхилозите во училиштата се целосно посветени на работата и гледаат колку што можат да помогнат и дали ве повикуваат на разговор?

    Прво ја сместив тука темата бидејки отварам дискусија стрикно за психолозите вработени во училиштата. Јас сум изреволтирана од психолозите кои нишаат врата, а земаат плата, не и се посветуваат на работата и знаат само да се шетаат низ ходиците, барем ова го знам од основното училиште каде што учев. Знам дека багабонтите само одеа кога ке направеа некоја беља и им се простуваше или само ке им се заканеа дека ке ги преместат во друг клас/училиште. Неколку пати ми било лошо и сум сакала да разговарам со некој, но нема смисла да се обратам кај психилогот во училиштето ке добиев шут карта.
     
  2. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Според мене психолозите не си ја вршат својата задача во училиштето, и работаат се друго освен тоа што треба. Има некои проблематични ученици со кои навистина треба индивидуално да се работи, но психолизите никогаш не помогнале барем во моето училиште. Јас имам отидено кај психологот во моето училиште да се пожалам на проблеми во врска со еден предмет, таа единствено ми ги крена рамената, а јас глупавата очекував совет од неа.

    Секоја чест на исклучоците што навистина работаат на учениците.
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Во моето училиште нема посебен психолог,туку имаме професорка по психологија, предава само во 3та година. Жената е навистина добра, се труди да помогне на секој, а и лекциите ги раскажуваше многу добро.Еднаш дури и ја прашав зошто кога некогаш ме испраша некој професор неможам да се сетам на материјалот,а сум го учела дома и сама сум го раскажувала.И навистина ми помогна, ми даде совет. Се на се одлична професорка,жал ми е што само во 3та год. имаме психологија како предмет, зашто многу ми е интересен.Секако ако имам некој проблем повторно ќе се обратам кај неа,знам дека ќе ми даде најдобар совет.

    Сметам дека психолозија во училиштата треба да им помагаат на учениците,да се трудат околу нив, затоа и се платени,а не само да креват рамена.
     
    На FlameFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Додека го читав твојот пост,како да даваш слика за нашата професорка по психологија,која порано работеше како психолог но сега е професорка,можеби зборуваме за иста :D Од Струмица си ? :wasntme:
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Од Штип сум.
     
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Не сум се обратила, но два - три пати сме разговарале, за немирностите, бегањата,успехот на поголемиот дел од нас и лошите пороци, често сме прекинувале часови за таа тема. Помина и тоа, дефинитивно на сите ќе им олекне.:D

    Да си психолог треба да си во тек со сите новитети кај децата, да ги следиш сите нивни активности и реакции, а не само си чула младите пушат и ај,
    не пушете деца значи, треба да читате. :^)
    Ма, кој те ферма со извинение кој број ти опинци носиш.

    Пример мене повеќе ми влијае ако ми кажат од пушењето излегуваат брчки и пожолтувуат заби ]:) , отколку тоа е штетно, не е здраво и сл.

    Повеќе те рецка ако те удрат по изгледот или тоа што ти е битно, па за што се психолози, треба да знаете што на младите им е битно. :P Многу е важно како е кажано нештото.

    Друго што ме нервира е што на овие функции се претежно постари особи. Самата те постеќа на баба и не ти треба да ја слушаш со некои зборови од пред 100 години. Добро е да се знае како ние сега зборуваме.Тоа е уште една работа зошто треба да си во тек. Да знаеш што и како се игра и зборува на кантер, форуми, фејс ... Ако полесно да ги разбереш денешните деца, ова не е премногу за некој кој е добро платен и нема друга работа.

    Како што рече инаблод ако разговараш со него не само што ќе добиеш шут карта, туку и разговорот веројатно ќе биде пренесет - на наставничка, родител и брзо ќе се рашири.
    Во едно училиште ова се решило така што почнале секој ученик да го повикуваат на разговор и им закажувале нареден термин, па така на сите им станало навика и полезност да го посетуваат училишниот психолог без срам дека ќе бидат исмеани...


    Не се обраќа воопшто внимание за текот и активностите на ученикот се додека тој не го скршни патот. Е тогаш веќе е доцна. Затоа психолошките служби треба да се запознаени со детето, без да го укоруваат и пријателски да му помагаат.



    Психолози треба да се и самите наставници кога пристапуваат кон учениците, затоа е нели Образование и воспитание.

    -Зошто ти си избегал од час ? Има да седиш инаку оваа година нема да поминеш !!! [​IMG]




    -Абе вака оваа професорката ме напна, не си и идел на час, ај те молам кој ќе ја слуша, поседи овие денови, правам план може да ти поправи некоја оценка. ;) :mm: [​IMG]
     
  7. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Мислам дека не си ја вршат добро работата и не ја сфаќаат доволно сериозно улогата која ја имаат во воспитувањето на децата. Не се посветува доволно внимание на проблемите на децата, заради што се почесто фаќаат "криви" патишта. Кај нас веќе го имаат изгубено и авторитетот, веќе учениците не ги сфаќаат сериозно.

    Не велам дека психолозите се главни виновници за ваквото однесување на децата, но тие како професионалци и одредени за таа работа треба да се посветени и да се интересираат за навремено да ги детектираат лошите навики, проблемите или се друго што би влијаело врз правилниот развој на детето, да дојдат во контакт и со совети, разговори со него и родителите да се обидат да му помогнат и да го изведат на правиот пат.

    Не знам колку е вистина во реалниот живот, но ми се допаѓа по американските филмови колку училиштето посветува внимание на промените во однесувањето на детето, доколку попушти во учењето, доколку има проблеми дома. Мислам дека многу повеќе внимание се посветува таму.