Добро погледнав низ категоријата и најдов неколку слични теми, ама ниту една не беше баш она јас што си го имав зацртано... Значи вака, задача на оваа игра е според податоците кои ги добиваме од форумот за одредена феминка (корисничко име, возраст, аватар, постови и размислувања на различни теми, начин на изразување...) да се обидеме да правиме психолошки профили. Секако, феминката која сака да биде анализирана треба да има барем 30 мислења на различни теми, за останатите да имаат појдовна точка за нејзината анализа. При анализирање, повторувам, се задржуваме на психолошкиот профил на личноста, нејзиниот карактер, нејзините погледи на светот и слично. За да не дојде до тоа некоја феминка да се чувствува непријатно, анализи може да се вршат само на феминките кои дале мислење во темата (со самото мислење, давате до знаење дека моѓе и вие да бидете мета на анализа). И ќе ве молам, без лутење, како што можете да видите од категоријата во која е ставена темава, се работи само за игра... Никој од нас не е доволно стручен да направи психолошки профил на особа која ја знае само преку форум, па затоа ве молам сето ова да го сфатиме само како забава... Значи еве, јас се пријавувам како прва „жртва“ и едвај чекам во темава да видам уште некое име за да можам и јас да анализирам HAVE FUN!
И треба да се стави одреден критериум, не можеш од 20 мислења да проценеш некој кој се нема изјаснувано многу