1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психолошка поддршка за заболени од корона и во изолација

Дискусија во 'Коронавирус' започната од MissDior, 28 јануари 2021.

  1. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    10.085
    Бидејќи има еден куп теми на кои се коментираат секакви случаи и информации за корона многу од информациите влијаат на психолошката состојба на болните. Би рекла дека короната остава и последици по менталното здравје барем кај мене. Страв и неизвесност кои тешко се контролираат, несоница, страв од контакт со луѓе, страд од допирање предмети надвор од дома и многу други други проблеми. Едноставно после година дена ретки се луѓето на кои не им влијаеше вирусот на психа. Темава нека биде за меѓусебна подршка и совети во тешките мигови. Некогаш е многу полесно да се зборува со некој што не го познаваш наместо со најблиските.
     
    На elimkd, Doozy, poi и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    10.085
    Се надевам дека на форумов има некој психолог кој би споделил искуства за тоа како полесно да се справиме со стресот што го предизвикува короната.
    - Стрес поради контакт со заболен,
    - Психички како полесно да се помине периодот на изолација,
    - Стравот од болест или смрт на близок,
    - Стравот од излегување и контакти со луѓе после прележан ковид,
    - Стравот од повторно заболување,
    Сметам дека има многу психолошки промени што ни ги донесе оваа епидемија и посебно на луѓето што се склони на анксиозност, депресија, хипохондрија и слични состојби најтешко им дојде.
     
  3. Tamara123Samara

    Tamara123Samara Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    16
    Добра вечер, јас мислам дека корона кризата најмногу ги повредува луѓето кои веќе и пред доаѓање на вирусот се соочувале со некаков проблем (физички или ментален). Кај нив најповеќе преовладува стравот од непознатот. Со едукација и разбирање на она со што сите се соочуваме и со фактот дека никој не е сам во ова лудило, секој од нас ке се навикне и ке научи нов начин на живот. Сите сме ставени на тест за издржливост на менталните капацитети кои ги поседуваме. На секој од нас може да му се случи да се бори со анксиозност депресија и сл. минливи состојби кои не не дефинираат како луѓе. Најдобра борба против нив е со фармакологија и поддршка од најблиските кои се во наше опкружување. Ако има конфликт во самата личност или во околината на семејството, тоа придонесува за јавување на фрустрации, анксиозности и депресии. За лицата кои подолго и имаат проблем од пошироки и посериозни размери најдобро е да се советуваат со некој кој за нив претставува авторитет. Поради рестрикциите и забраните, најдобро е е да се избегнува секојдневно и често изложување на медиумските новости за трагедии и несреќи кои им се случуваат на другите. Поради тоа што мозокот е програмиран да чувствува емпатија кон другите. Да се внимава на тоа од кои извори на интернет се црпат инфомации и да се следат препораките на СЗО како и локални власти. Вестите дека се е под конторла дека имаме моќ над ситуацијата и човештвото се движи кон наоѓање решение за справуање со вирусто пр. вакцини, личен избор за ваикцинација и сл се добри вести и добар пат кон вадење од старовите. Најдобри совети кои можам да ги дадам на форум и кои јас ги применувам се: средување на домот, разгледување на слики, гледање на позитивни филмови и серии, читање на книги кои водат на патување преку страниците, разговор по телефон со навидум среќни луѓе кои подобро се справуваат со изолацијата (за да на се осеќаш осамено), музика која развеселува, прошетка во дозволено време за излегување секако со маска... Чување на милениче доколку сте во можност, одгледување на цвеќиња во домот. Разговор со деца, потсетување на убави спомени од минатот преку стари предмети и лица. Водење грижа за себе и својата хигиена и здравје со редовно користење на витамини и минерали покрај редовна исхрана. Оние кои имаат некаков посерозен проблем да се јават кај доктор и редовно да си ја користат терапијата која им е препишана. Грижа за оние што ни значат, преку јавување и споделување на некои содржини кои ни се битни.. со сочувство и грижа за другите се исполнуваме себе си со чувство дека вредиме и нашите животи не се безцелни така нема да западнеме во тага осамнеост и депресија. Додека колкетивната параноја која е сосдадена поради кризата со вирусот колку е можно повеќе да се избегнува во мислите и да не преовладува како приамрна преокупација. Човечкиот мозок може да се смири од напанотст преку имагнација и релаксирачка музика, вежбање во домашни услови, гледање на комичен филм... Стравот кој е рационален и присутен во нормални дози кај оние лица кои се приморани да работат дури и во корона кризата и да имаат секојдневен контакт со повеќе различни луѓе - според мене препорачливо е да се надмине со тоа што ќе се сфати животот како патување кое има почеток и крај, ке се верува во господ и неговите заштитни невидливи сили, ќе се почитуваат правилата за носење на маска и дезифекција како и хигиена која повеќето луѓе можат да си ја дозволат. Секако работа од дома ако е можно е подобра опција. Хипохондрија и опсесивно компулзиви мисли се надминуваат со разговор со стручен писхолог кои има искуство во работа со вакви лица и тој ке знае како да постапи со стравовите. Некој што е во излоација треба да не се дозовли да се чувстува осамено, да знае дека има опција каде да се обрати и дека некој е тука да го ислуша и да сочувствува со него. Луѓето се хранат со помагање на други луѓе, а секој од нас се храни.
    *јас не сум стручно лице, пишувам од лични мислења.
    Поздрав.
     
    На sonuvana и MissDior им се допаѓа ова.
  4. Kalimero123

    Kalimero123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    перфекна над 40 часа во четири зида дур добијат резултати и дур ме отпишат од заразени окапав
     
  5. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.466
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Јас одсекогаш имам опсесивни мисли и анксиозност, некогаш повеќе некогаш помалку, меѓутоа оваа корона ме исцрпи неможам да функционирам нормално, одам на работа и дома секое др. излегвање било и до продавница ми е тешко. Дома во оваа година и пол не ми има никој влезено, на отворено во двор ми дошле и сум пошла летово неколку пати ама после тоа тешко мене со моите мисли. Незнам кога и дали ќе се средам и никој не ме разбира.
    Иначе сум прележана и вакцинирана појќе од ова и јас незнам шосакам.
     
  6. Lili93

    Lili93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Jas sum so aneksioznost posle prelezhana korona, pred toa nikogash ne sum imala vakov strav, ni depresija ni aneksioznost. Vekje 6-7 meseci sekoj den e se pomachen borejki se so sopstvenite misli :(((
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    7.731
    Пол:
    Женски
    Се зборува често за анксиозноста и депресијата кај луѓето од кога е почната пандемијата, во смисла дека почесто се жалат луѓето од нив, ама има добар дел од луѓето кои се во една поинаква емотивна состојба. Поточно, луѓето пред пандемијава кои имале мотивација да ги следат своите цели и планови за напредок, се затекнуваат во ситуација да им недостига мотивација, да прават или не прават работи, односно да прават обратно од она што планирале и сакаат да постигнат. Имаат чуство дека стагнираат, тапкаат во место, а истовремено немаат енергија, воља да сменат нешто и да се ангажираат. Налик на апатија. Поголемиот дел од времето им оди во активности кои порано ги сметале за губење време и непотребни, а кога ќе забележат дека тоа се случува, не чуствуваат баш вина, не чуствуваат ниту ништо посебно. Не ги загрижува што не ги загрижува. Баш пред некој ден слушав еден подкаст од психолог кој работата ја насочил кон мотивацијата, кој зборува за ова чуство. Тој го нарекува languishing - недостаток на виталност, слабост.
    И најинтересното е што смета дека не е нужно лошо чуство. Прво ние луѓето како вид си имаме некоја навика дека секој ден треба да е подобар од претходниот, дека треба да сме во континуиран прогрес. Ако некој те праша како си, и не одговориш супер или одлично, ќе следат низа прашања, и обиди/совети да те вратат во таква состојба. Позитивност не е секогаш потребна, некогаш е токсична, особено ако не ти треба во моментот или ако не може човек да биде позитивен баш во тој момент, т.е. ако е усилена. Реално многу работи со пандемијата се ограничија- патувања, контакти физички, работа, учење, рекреација..Во сменети околности луѓето се адаптираат. И тие адаптирани однесувања можеби претходно беа губење време ама сега на луѓето им се потребни и имаат за нив подлабоко значење.
    Зошто на пример повеќе саати сме на мобилен? нормално кога неможе со истата фреквенција да се гледаме со луѓето, ќе се слушаме почесто со нив и ќе се гледаме преку видео повици. Зошто некои луѓе се посветија на некое хоби (сликање, готвење) кое можеби не им носи приход, нема некоја поголема корист од него (не го спасува светот од глад и нема да стане со тоа познат уметник/готвач), ама сега му се внесува и го усовршува до мајсторство? Заради потребата за усовршување, за напредок. Неможеш да напредуваш можеби во кариерата, во професијата, од триста причини со пандемијава или можеш ама треба многу време, ама со хобито можеш да напредуваш и да го гледаш прогресот побрзо. Ако таа активност згора на се има и значење за човекот или му е важна, секако дека ќе и се навраќа повторно и повторно. Пр. ако ми се важни односите со роднините, секако дека ќе се допишуваме почесто или ќе играме заедно уно преку мобилни :D. Значи реално, не дремеш на мобилен, туку го одржуваш она што ти е битно.
    Размислете зашто ги правите работите што ги правите секој ден. Дали ви биле порано на листата што треба да направам денес или на листата што не треба да направам денес? Што вистински добивате со неа, поточно која своја потреба ја задоволувате? Појдете од себе, па ќе ги разберете и другите. Дајте им поддршка и тие околу вас, со тоа што кога ќе ги видите дека тие се во ваква состојба, не ги форсирајте. Бидете трпеливи со нив. Сите се обидуваат да се носат со промените како што знаат и умеат. Некои работи мора да се искусат, некогаш мора да одиш доле за да имаш желба да тргнеш нагоре. Некогаш во ред е денот да не е нај нај и супер. Некогаш е млак, некогаш е тажен, некогаш е мрзлив. Се тоа е ок.

    Ако не е соодветно ова за темата, плс преместете го во посоодветна тема.