Здраво феминки. Има ли некоја од вас предлог за психолог со локација во Скопје? Доколку некоја сака може да ми пише предлог и во лп
zdravo na site. Kompletno ve razbiram zasto jas pred edna nedela doznav deka i 3 transfer e neuspesen. Veruvajte od sok sve mi e ramno vo eden moment, potoa vo drug si mislam do mene e matkata ne mi cini ( zaso embrionise bea blastocisti i so odlicen kvalitet) pa ete ke si umram sama, nema da imam deca da se izraduvam, gospod me kaznuva za nesto, od depresija so amazonka i sve taka. Da definitivno praznicive bea najteski do sega. mislam da se obratam do psihijatar zasto sum veke ocajna. ne sakam nikogo da depri. iram ama sve е taka svezo i mnogu tesko. soprugot go gledam deka mu e tesko ama se bori da bide pozitiven. Jas ne zmam veke kako da prodolzam nemam sila veke zaso 3 bea vo 1 godina i sega eve na posleden vaucer sme i ne znam kako ke izdrzam. Sovet devojki ako imate neizmerno ke vi bidam blahodar a
Мила еве и јас се спремам за криотрансфер месецов, ноземи се враќаат назад заради страв од неуспех. Мора да бидеме силни, мора да бидеме храбри после дождот доаѓа сонце. За нас Господ спремил нешто специјално само што сме нетрпеливи да видиме што. Ајде заедно ќе се бодриме заедно сме посилни ќе успееме сите до една. Знам борбата е исцрпувачка и психички и финансиски ама после кога ќе седнеме на муабет во паркче со количките само ќе се присеќаме на овој период со горка насмевка. Ајде, само храбро напред кон целта, а целта ни е на сите иста овде - бебушки
Zdravo, iskreno citav poveke za ova i vo ovoj forum. Mislenje moe e deka treba da imas brem nekakva preporaka za nekoj doktor. Jas iskreno poradi mojata situacija moram da se obratam kaj nekoj zasto depresijata me utepuva i razocaranosta. Mislam deka ne ne utepuva situacijata zasto znaeme deka ima nadez kolku mislite sto gi mislime i scenarijata sto gi proektirame. Ima edna doktorka vo Aerodrom so mi ja kazaa Zaneta koja sto ima pomognato na mnogu. Cekam i jas brojce ama se naogjala vo blizina na demetra medika vo Aerodrom
Пред да почнам да одам на психолог мислев дека можам сама и дека помошта од психолог е само кога ќе дојде крајна инстанца (длабока депресија, анксиозност, панични напади и сл..) Искрено почнав затоа што сопругот ми сугерираше барем еднаш да видам што и како ќе ми кажат. Терам цееела година, редовно, заедно со сопругот. Си споделуваш неубави но и многу убави работи таму. Цела постапка, до бирање на доктор, до двоумица каде и што да правам... се сум „разџвакувала“ на сеанси. Многу подобро се чувствувам и не планирам да престанам. Мој искрен совет, доколку чувствуваш потреба- реагирај и оди. Не чекај да ти се поклопат мислењата со другите бидејќи ти ја имаш потребата, другите може и многу различен став да имаат кон темава. Ете јас од „пробај еднаш“, сега едвај чекам да дојде терминчето да се изназборам
Не одам накај Аеродром, за таа докторка не сум слушнала. Како помага? Секако дека е тешко кога ќе дознаеш дека нема да можеш да имаш свои деца, јас тоа го дознав пред 6 години. Луѓето се одлучуваат на посвојување или донор на сперма или јајце клетки, па повторно се остварува желбата на овој или оној начин. Тој пресврт од свои на донорски тешко се случува и секако дека жените одат до крај, се обидуваат со свои јк се до крај. Кога тоа ќе дојде веќе сме исцрпени, телесно, финансиски и емоционално. Баш би сакала да слушнам како помага оваа докторка. Јас останав бремена со донор на јк и никогаш не се откажав, меѓутоа тешка е борбата. Има различни приказни ама целта е иста.
Девојки.. веќе цела година сме со партнерот во оваа борба, 1ивф имаме неуспешно, и треба да одиме на 2ро за некој месец… Но има денови кога ми е преку глава од муабети за бременост, од тоа која како останала бремена, како од 1ва останале сите бремени, и тоа мислам дека намерно пред мене прават таков муабет (барем тие 2-3 што знаат за проблемот) Има денови кога едвај чекам да почнам пак со постапка, има денови кога ми е многу страв од неуспех. Имам денови кога си велам, млада сум ќе биде, има денови кога незнам до кога ќе бидеме во оваа борба и што ако не успееме? Незнам дали е во ред да се чувствувам вака, и незнам дали е во ред тоа да е често… затоа ви пишувам тука, бидејќи немам со кој освен со партнерот да правам муабет на темава..
мене ми помагаат неколку работи во врска со овие мисли.... Цела година после спонтаниот бев опседната со...проблемот и како да се реши ама тоа ми создаде повеќе тензија и страв голем... од читање книги до доктори прегледи до гледање јутуб на темава итн итн... Најискрено решив да се отргнам од одвој опседнат круг со следниве точки -Приоритет, да се грижам за здравјето свое (но не поради целта да останам бремена туку едноставно за општото мое добро и за доброто на моето семејство) Значи веќе да не го вртам моето здравје околу конкретнава тема туку погенерално да гледам (иако идам на специфични прегледи поврзани со темава) -При идење на секој преглед да бидам помирена со што и да следи бидејќи некои работи не се во моја контрола и тоа е што е...Не сум ни прва на земјава ни последна со овој проблем и безразлика што некои останале од прва бреме. и некои другарки имаат деца тоа нема врска со мене! Значи си поставив граница -Целава оваа мака ја оставив во рацете на Господ. Религиозна сум и безразлика што јас сакам некои работи и барам некои работи, не значи дека треба/мора да ги имам тие раб. Со тоа што му ја дадов маката на Бога значи целосно му верувам во неговиот план за мене, но тоа не значи дека нема да се грижам за здравјето мое....Едноставно тоа што е во моја контрола ќе го средам... -Се сконцентрирав на други работи во мојот живот- моментално на кариерата, образованието итн... Започнав неколку курсеви во раз академии и иако имам работа (од 8 до 4) почнав и фриленс да работам за повеќе парички... Книги читам итн итн се што е поврзано со напредок на мојата кариера итн... Се надевам некако ти помогнав, сите се соочуваме со ова на различен начин..
Се тоа го правам што и ти, работам фриленс, бев на неколку курсеви, работам и од 8-16ч.. вежбам, се дружам, излегувам нон стоп... но... на крајот на денот, пак сум заглавена во лавиринтот, кога ќе биде, дали ќе биде, што ако не биде, уште колку време ќе ја водиме оваа борба итн...
можда ти треба повеќе време? или пробај да разг. со свештеник/да посетиш црква... доколку не би се посветила на верата обрати се кај психолог, можеби ќе ти помогне.... нема потреба да се гњавиш себеси вака, само се истрошуваш и некои работи не се во наша контрола...во ред е да имаш лоши денови ама ако секој ден е ваков мора нешто да направиш и да си помогнеш
Мојата приказна е долга и широка незнам дали ќе ме собере се да напишам се надевам дека на некој ќе му помогне мојот изминат пат. 2018 година после една година од брак почнавме да одиме по лекари да видиме каде е проблемот зошто сите наши пријатели добија дете она плукни залепи во вистинска смисла. Мојот сопруг типичен балканец (како ништо нема проблем кај него) 6 месеци го молев да направи спермограм за искочи дека има дијагноза Олигоастенозоодпермија и варкоцела од 5мм. Уште првиот уролог му кажа дека единствен начин да дојдеме до дете е само ивф. Е сега му требаше уште 6 месеци да му легне информацијата така си помина уште една година. Во меѓувреме почнав да качувам на килажа почнав да јадам премногу и нездраво за 1 година качив 20 кила. Тагата си ја надополнува со храна ама многу касно се освестив.Собравме документи за 1 инвитро јули месец се вративме од одмор релаксирани без притисок дека треба да успееме или не во август почнавме со постапка. Ми извадија 25 антрални фоликули од кои 5 беа добри и само еден ембрион. Прво и неуспешно. Јас сум по природа многу карактерно јака и принципиелна работам како менаџер мислев дека знам да ја контролирам секоја ситуација ама изгледа не. Качив уште 10кила со храната си ја затвара секоја рана што ја имав. Во меѓувреме нашите пријатели добиваа второ дете па и трето а јас сеуште се борам за еден добар ембрион.За мојот роденден една другарка за поклон ми нарача натална карта (иако сум голем скептик за предвидување) сакав да слушнам дека еден ден и јас ќе бидам мајка некако да се утешам дека моето време ќе дојде. Во меѓувреме на мојот мм му најдоа проблем со тироидната примаше терапија плус витамини за да успееме да замрзнеме барем нешто поквалитетна од претходно. Дечкото Ивица што ми ја напрвиа мојата натална карта ми кажа вака 2021 е твоја година и ќе се оствариш како родител. Во себе си мислам ќе чекам една години како па да не (ова 2020 е наталната правена). Ковид јас останав без работа и се се пролонгира. Морам да најдам нова работа па после да размислувам за второ инвитро. И дојде 2021 ни одобрија ваучер јули го земавме е сега он ми кажа 2021 година а не кој месец некако си барав позитивни вибрации и му се јавив за консултација кој период би ми бил најповолен да го користам ваучерот. Почнав да одам на психолог кој ми помогна да сватам дека храната не треба да ми биде пред желбата за дете. Октомври месец почнавме постапка јас имав само две фоликули едвај две фоликули изгубив секаква надеж за успех. Си велам првиот пат од 5 едвај еден ембрион сега од 2 кои се шансите статистички мала со оглед на лошиот спермограм. Ама за моја среќа се оплодија и двете и двете ми ги вратија. Еве во мене расте девојче кое мислев дека само ќе го сонувам. Сега заради мојата тежина и предиспозиции ме водат во високо ризична бременост ама некогаш касно дознаваме дека тие пороци се моментална утеха на болката која може живот за значат. Не мислев некогаш дека јас ќе бидам некој што ќе има ваква приказна да раскаже, ова е најкратката верзија што можев да склопам. Мора да бидеме силни и истрајни зошто имаме цел а тоа е да вимеме мајка. Само со позитивни мисли и се ќе биде
Да си ја доносиш кукличката и со лесно да си се породиш. Ко ќе дојде и нашиот крај, сите ќе имаме вакви мотивирачки приказни, секој со своите чуда. Па да веруваме во чудата бидејќи се случуваат
Додека спие бебуш ве читам и сакам да ве утешам за да не изгубите надеж.Прво ивф 2019 неуспешно.Причините неоткриени.2021-нова клиника сите испитувања од почеток.Проблем конкретен неоткриен.Во меѓувреме тироида требало да биде под 2.Откриен скриен шеќер.Воведување правилна исхрана.Прошетки во природа,вежбање во домашни услови.На денот на трансферот два замрзнати и едно во меше.Сега си спие.Тоа добрите страни.Лошите-лоши мисли,сите имаат бебе само јас не,непроспиени ноќи дали некогаш ќе го гушкам моето,секој циклус хорор...Но најмногу ме спаси надежта и вербата во Господ.Штом сте го тргнале патот ќе успеете.Не знам дали ќе и дадам утеха на некоја од вас,но ви ја разбирам болката и тагата..Кога ви се плаче плачете,кога сакате да сте сами бидете,но не се откажувајте.Ве гушкам идни мамички Вие ќе бидете најдобри мајки
Dobar den devojcinja, se spremam za transfer (sledniot ciklus) posle missed na 12 nedela od prvoto invitro. Sakam da se pojacam so vitamini i isto taka ke pocnam i akupunktura ovoj mesec. Pokraj faktot deka imam premnogu strav ovoj pat so transferot, ve molam predlozete mi sto da pijam i sto da napravam za da gi pokacam sansite za uspesen transfer. Go procitav celosno temata na transfer so zamrznati, vidov deka ima mnogu zeni sto uspeale vo slednite transferi od missed, pa bi sakala da spodelete iskustvo za da mi dadete malku nadez. Vi blagodaram
Девојки, препорачајте добар психолог кој што работи и онлајн. Помина и моето 2 ИВФ, повторно неуспешно.. Ми предложи докторот да одам на 3то ( пак со стимулации бидејќи немавме да замрзнеме ембриони) во Јуни/ Јули ама немам сила… Страв невиден, шок, неверување и во себе и во постапката.. Знам дека не треба да размислувам така, но посилно е од мене а можеби така се чувствувам дека е и многу свежо се што се случи. Сметам дека е подобро да зборувам со психолог, па предлози се добредојдени.
жал ми е мила за жал тоа се фазите.. јас одма после првиот неуспех до ден денес одам и супер ми доаѓа. би ти ги препорачала институт алтернатива. неколку се таму. која и да ја одбереш нема да згрешиш. искрено ова е приватно и е малку скапо, но по мене вреди. кога имам да дадам 2500 ден за една инекција, имам и за ова. тоа е мојот став Искрено, додека не се спремив психички, не продолжив. Вистина треба да ги слушаме докторите, но најмногу треба да се слушаме себе си
Здраво, од кој психотерапевт сте задоволни? Јас најдов неколку што мислам дека можат соодветно да помогнат (Ивана Хаџиванова, Тина Васков), но се чека по неколку месеци за термин. Од каде сте задоволни вие? @Brooklyn која од терапевтите во Институт Алтернатива имаш искуство или би издвоила?
Мој предлог ти е Ивана од Мандала психолошко катче https://www.facebook.com/sovetuvalishte?mibextid=ZbWKwL