Не најдов ваква тема, а и досега не се отворила можеби заради тоа што овие тестови се воведени чинам пред не цела година или година. Дали некој од вас има полагано вакви тестови, како изгледаат, дали воопшто може претходно да се подготвиш за нив и сл. Ако некој има искуство нека пише. Благодарам. Поздрав
Јас лично не сум полагала, но мајка ми да бидејќи таа е професор. Како што ми објасни, рече дека биле доста лесни, немало никаква потреба од подготовка, важно е твое размислување за поставената ситуација. Искрено глупости
Ќе ве молам доколку некој го полагал новововедениот психолошки тест односно тест батерија кој го полагаат тројцата најуспешни кандидати за државен/јавен службеник да сподели искуства, на кој принцип се прашањата и сл. Благодарам
Единствениот психолошки тест односно тест батерија го полагаат тројцата најуспешни кандидати за државен/јавен службеник. Времетраењето на психолошкиот тест односно тест батерија е два часа, се состои од 240 прашања и е поделен во два подтеста: психолошки тест и тест за интегритет. Целта на овој тест е утврдување на социјалните особини на личноста, интегритетот, способноста и одговорноста на личноста кон работното место, односно стручни лица врз основа на добиениот резултат одлучуваат дали кандидатот е соодветен, односно несоодветен за даденото работно место. Доколку некој го полагал нека сподели искуство. Поздрав и убав ден
Искрено како ни функционира во државата џабе и тест и се , се мислам дали да одам да испитот за јавен службеник, мои колеги фаќаат врски да бидат со максимум поени, затоа што и на тоа крателе, мизерна работа
Ќе може некој пример од прашањата што ги даваат?? дали треба некое претходно спремање или? Фала многу
^ Тестот не е воопшто тежок, ниту комплициран. Јас полагав пред две недели. Има 240 прашања, точно сега не знам да ти кажам некое прашања, но ќе се потрудам да се сетам сега на некое прашање па вака имаше прашање во стилот дали си лукав, дали често се инатиш, дали поважно ти е да бидеш прв а другите да ги газиш, дали често се прејадуваш (е за ова прашање си се смеев) Имаше знам тоа ЧЕСТО, ЧЕСТО.... скоро на секое второ прашање. А одговорите беа се согласувам сосема, се согласувам, неутрално, не се согласувам и не се согласувам сосема. Значи овие пет одговори ги имаш само и на нив ќе си кликнуваш т.е тоа што сметаш дека треба да го кликнеш.
Благодарам Agrona, баш се потруди Значи не треба некое посебно спремање, учење и сл. Апропо темава, можеш да споделиш некое искуство околу интервјуто кое било претходно. Имам слушнато неколку искуства - од тоа дека трајат по 5 мин па дека ко во една институција ги отепале од прашување стручни работи.
^ Мене на интервју ме прашуваа па 10 минути и баш беше опуштено онака. Зависи значи различно е сегде. Не се секирај супер ќе поминеш на психолошкиот тест. Баш мене вчера ми стаса писмото со резултати од психолошкиот и интересно е тоа што пишува НЕ ОТВОРАЈ ! ДЕМЕК ! И јас ни едно ни две си го отворив многу јасно сум платила 2.000 денари како да не отворам.
Jas go polagav psiholoskiot test minatata nedela. Testot e ispituvanje na karakterot na licnosta, psiholoski profil na covekot. Prasanjata se mnogu lesni, od tipot dali brzo se lutis, impulsivna si itn itn. Nema potreba od nikakvi prethodni podgotovki, se e individualno Dali znaete za kolku vreme od polaganjeto se dobivaat rezultatite, t.e odlukata?
^ Па мислам дека за 5-6 дена, а може и побрзо да ти стасаат. Мене така нешто дали за 5 дена дали за 6 дена да не те излажам, но брзо стасуваат. И кога ќе ти стаса пишува на пликото НЕ ОТВОРАЈ Јас кога видов прашалници цела и се смеев и си го отворив. Интересна работа.
Zdravo Agrona, Ok, rezultatite od psiholoskiot test stignuvaat za okolu 5 dena, a dali znaes odlukata za vrabotuvanje za kolku dena od prilika ja objavuvaat, ili istiot den so rezultatite? Fala i pozdravce
^ Па одлуката стасува мислам дека за 3-4 дена мислам дека (пак ќе речам да не те излажам), но мислам дека така нешто беше. Ти посакувам се најубаво. Поздрав !