Ја отварам темава со цел да споделуваме искуства од посетување на психотерапија, вашиот личен развој, колку сте задоволни од целиот процес и кои видови на психотерапија сте посетувале, дали сте задоволни од ефектите на истата. За оние кои се помалку запознаени а би сакале да посетуваат психотерапија во иднина еве неколку информации. Психотерапија – е група на научни и искуствени постапки, процедури и методи кои имаат за цел лекување на психичките пореметувања по психолошки пат, а кои не се предизвикани од органски причини. Поимот психотерапија денес опфаќа повеќе од 400 теоретски правци , ориентации, облици и видови на лекување.Секој од овие пристапи има сопствена теориска основа, специфична методологија и техника на работа, начин на кој се проценува кој може да биде психотерапевт, очекувања во доменот на ефикасност и постапките за стекнување на знаења и вештини за да може успешно да се користи во пракса. Психотерапевтите од сите психотерапевтски пристапи ја прилагодуваат теоретската програма на специфичниот индивидуален профил на клентот. Психотерапијата представува и метода за поттикнување на натамошниот развој на потенцијалите на личноста, нејзино добро запознавање на себеси , проширување на нејзината свесност и постигнување на чувство на исполнетост и креативност . Како тераписки пристап кој овозможува решавање на секојдневните животни потешкотии на здравите личности, психотерапијата може да се примени во сите области на човековото живеење со што се овозможува полесно разрешување на одредени психолошки збиднувања во личноста и во односот со светот кој ја опкружува. Терапискиот однос е битен некогаш суштински чинител на психотерапијата.За добар тераписки однос е потребно психотерапевтот да поседува одредени карактеристики како што се емпатија, да е доверлив, трпелив, отворен, толерантен, комуникативен, одговорен, да се почитува себе си и другите, да ја препознава и прифаќа личната моќ, да го уважува културното влијание, да е искрен, честит, лојален, реален и да ја познава свесноста на сегашниот момент и да е етичен и совесен. Постојат повеќе видови на истата меѓу кои индивидуална психотерапија, гешталт, биохевјорална, психодрама, трансакциона итн.