Птиците умираат пеејќи (Колин Мекалоу)

Дискусија во 'Книги' започната од Mishela, 23 октомври 2021.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    81.640
    Пол:
    Женски
    Неодамна излезе од печат една од најубавите книги според мене, „Птиците умираат пеејќи“ од австралиската авторка Колин Мекалоу.

    [​IMG]


    Изданието е на Бата Прес и еве како изгледа корицата. :)

    [​IMG]

    Дали некој од вас ја читал?

    Станува збор за семејна драма која понатаму ги следи животите на неколку генерации и навистина мислам дека вреди да се има тема на форумов за книгава. Нуди многу теми за дискусија - од ликовите, до случувањата, периодите низ кои се протега, мене навистина ми остави впечаток кога ја читав летоска, па ете нека имаме место за надолго и нашироко да коментираме.

    За сите оние кои не ја читале, еве извадок од задната корица:

    Ме освои уште на самиот почеток, со легендата:
    Нека не ве обесхрабрува големиот број на страници. Навистина е пообемна, но вреди да се прочита и немаше ниту едно досадно поглавје.

    Пишете што мислите за книгава - дали ви се допаднала и зошто, кој лик ви остави најголем впечаток, кој дел ви беше најинтересен и сè друго што ќе ви падне на памет поврзано со „Птиците умираат пеејќи.“
     
    На Women35 му/ѝ се допаѓа ова.