Пубертет - тинејџери искажете се

Дискусија во 'Дете' започната од Bella.FCB, 23 октомври 2015.

  1. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.726
    Пол:
    Женски
    Да јас реков дека пред се родителот треба да биде запознаен со проблемот, потоа психолог педагог, наставник впрочем тоа им е нивната првична работа у училиштето. Ама тоа не значи дека треба од нив да се чека да се реши проблемот. Да тие можат и на некој начин мораат да учествуваат во процесот на решавање на проблемот ама не тие да го решат.

    Едукација да, ама за тој шо го прави насилството? Дефинитивно да. Ама кој може со сила некој да го натера да се едуцира. Како велат, на психолог многу почесто одат тие шо не треба, само заради тие шо треба да одат ама не одат. Јас напоменав дека жртвата мора сама да се соочи. А тоа дали треба да има поддршка не треба ниту да се дискутира.

    Начинот на кој се изразив бил или не бил балкански ама ич не ме интересира. Јас успеав на тој начин да се справам со се и успешно да се оттргнам од тоа. Тоа дека има последици би рекла кај сите дека ќе има. Ама битно е да наеш како да ги седиш на најмало тие последици и да знаеш да се носиш со нив.
     
    На *Piper* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Буквално децата можеш со сила да ги натераш. Ако не можеш, половината нема да одат ни на училиште...

    Има начини ако се сака.
    Баш во таа детска и тинејџерска возраст може детето да не му се даде избор дали да посетува психолог.
    Еве, нека биде ко некаква "казна" тоа.

    Бидејќи од деца не се обрнува внимание на ваквите појави, затоа многу поголема е веројатноста дека подоцна во животот луѓето се соочуваат со булинг на работното место или со семејно насилство.

    Бидејќи кога биле деца, некој на жртвата и рекол: "Треба да си посилна".
    А на тој што малтретирал однесувањето му станало патерн, бидејќи не бил подложен на никакво советување - оти не може да го натераш со сила?!

    Ќе нѐ биде ко општество коа ќе почнеме да го решаваме коренот на проблемот.

    Мило ми е што си нашла механизам за да се справиш. Не реков дека твојот начин не функционира, туку дека има различни облици на булинг, и во некои мора да се интервенира од трети лица.

    Исто така штета е што за да се справиш со проблемот си научила да бидеш "лоша". Бидејќи да се обрнело внимание во едукацијата и во развојот на децата немало да има потреба да изнаоѓаш такви механизми. Туку децата кои те закачале ќе биле научени да бидат "добри".
     
    На cresa-jagoda, Annath, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Нставниците и школската администрација не ги интересира.
    Немаат некои протоколи за справување со булинг.
    'Решаваат' со туркање под тепих.
     
    На delvi, Annath, *Piper* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Точно.
    Затоа последните години има премногу семинари, работилници и невладини кои се занимаваат со ова и притискаат булингот да наиде на јавен срам.

    Во спротивно, ќе продолжиме да гледаме видео клипови со групи деца како тепаат соученик/чка.
     
    На Angie1432, *Piper* и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Tanjat78

    Tanjat78 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    3.401
    Пол:
    Женски
    Колку вистинито кажано...а нели училиштата се ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИ ЦЕНТРИ?!Каде толку промакнавме како општество еве не знам....
     
    На mal.ecka, *Piper* и WildMk им се допаѓа ова.
  6. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Здраво ви пишав претходно за проблемот со внуката. Пред некој ден нејзината сестра ми прати скрен схот од телефонот на сестраи и ми бара совет како да помогнала. Тоа што го прочитав и мене ме изнеанди и незнам како да постапам. Имено таа сама на себе си пишува тоа што и е тешко а сестраи радознала и прочитала. Внуката пишува дека не сака да живее не и е интересно ништо и дека помислува на самоубиство, ама бидејки нејзините родители биле религиозни знаела дека тоа не е во ред, ама често помислувала. А гледам по однесуванјето и содржините на социјалните мрежи е заинтересирана за ЛГБТ заедницата и незнам може смета дека тоа што и се допага е неприфатливо за околината во која живее и се деградира..ама па со 12 години суште не е дефинирана како личност..незнам стварно како да помогнам а да не изелзе од контрола работата.
     
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    22.588
    Пол:
    Женски
    Дали има опција разговор со психолог? Или некој кој е поблизок со неа , да почнете полека да разговарате?
    Што читам од тоа што пишуваш, мене ми доаѓа тешко, а можам да замислам како ви е на вас.
    Родителите запознаени се?
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.726
    Пол:
    Женски
    За жал скоро и да нема дете на таа возраст а да не помисли на самоубиство, некои одат дури до степен обид... Жално... Во врска ЛГБТ... Скоро па и сите деца (посебно девојчињата) од исто таа возраст се заинтересирани за таа тема. Не дека страшно се пронаоѓаат туку едноставно наметнато им е тоа од тв, интернет, врснини и сл... Модерно е да не кажам.. Убаво е тоа што си вдови нешто слично како дневник, ама не е убаво да се нарушува приватноста нејзина. Од друга страна добро што прочитала сестра ти вака барем знае дека мора да интервенира... Моја препорака е психолог... И разголор. Мноооогу разговор. Ама не нападен, одоколу.... Сепак тоа е само перјод - најверојатно...
     
  9. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Многу пати е разговарано и од страна на родителите и од мене како надворешен член но ништо не допира до неа, бргу се лјути ке ти каже знам, не те ни дослушува и само телефоното во рака и сама да биде... себична и љубоморна станува ако некој има подобар успех од неа, а она воопшто не се ни труди да постигне нешто.. ја запишаа на часови по цртање да го развива талентот ама и тоа и било досадно не ги учеле ништо само им дале тема што да цртаат а тоа беше само еден час првиот час, мора да се запознае наставникот кој во што е добар...не сакала да оди ни на тие часови...
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Нормално е ова однесување за тинејџер.
    Загрижувачки е тоа што е суицидална.
    Носете ја на психолог/психијатар.
     
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    А дали вие неа ја дослушувате?

    Тоа што прочитала сестра и е прилично загрижувачки. А дури и твојот тон во постов кон неа е condescending (кој е наш збор за ова?). Нормално дека ако такви ви се разговорите не сака да ве дослуша. Сигурно мисли дека нема да ја разбере никој. И најверојатно е во право.

    Да ја носите на разговор со терапевт е очигледно решение. И тоа во најскоро можно време.

    Ама претпоставувам прашуваш како да се поставите вие со неа за да допрете до неа.
    Прво, таа нема да сака веднаш да разговара со вас, затоа што смета дека нема да ја разберете. Може да почнете со општи разговори. Што гледа, што слуша, што прави да исполни време? Пример ако е серија или песни, што и се допаѓа кај нив. Само слушајте ја додека раскажува.
    Второ, ко ќе осетите дека се опушта со вас ќе ја прашувате што ја мачи. Поставувајте прашања за се што ве интересира, ама без коментари. Само сослушајте ја.
    Трето, кога ќе дознаете што ја мачи точно ќе знаете тогаш како да реагирате.
     
    На crimson, Ajronmen, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    'Шо знај то да кажи?
    Дете е...'
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Успеав да допрам до неа и да ми се довери, но сега уште повеке незнам како да реагирам.
    Ме праша дали е во ред да сака девојки, оти имала чувства за другарка ама романтични чувства оти се држале за раце, јаделе чипс во паркот на тревата и сл, убаво и било во нејно друштво, и мислила дека е геј... ова го очекував од неа ама незнам како да постапам. Во разговорот и реков дека јас не сум таа што треба да и каже дали е правилно или не, а исто и самата да не избрзува со заклучок и да не се етикира во јавноста како геј, бидејки по тоа што ми го кажа јас сфатив дека она било кој да и обрне внимание и да и прави друштво да и дава комплименти ке го сака. И и реков дека тоа е и другарство дека и ние така сме с еоднесулвае со другарките сме сакале цел ден да сме заедно, ама сепак не сме се етикирале како геј. И дадов совет да разговара со мајка и, а ако смета дека таа избувнува, да проба со татко и кој сметам дека е посмирен. НО таа ми рече дека немало шанси со нив оти биле релизгиозни и дека знае дека верата не го дозволува тоа и дека е против тоа. А и во право е родителите и с емалко променети и дури се расправаат ако не го делиш нивното мислење дека бог е еден и исус воскреснал за наше спасение. Сега незнам дали да им казажам и како да им кажам за да не ја загубам довербата од внуката а сепак тие како родители малко да седант да ги сослужат децата а не само да проповедаат што пишува во библијата.
     
    На Bezimenka90 и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Одлично си ја посоветувала.
    Колку години има внука ти?

    Ќерка ми има 16 и откако ја откри сопствената сексуалност, сто пати досега се премисли за тоа како се идентификува.

    Моментално е аромантична пансексуалка :inlove: :D
     
  15. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам има 12 години...дали да разговарам со родителите и како, мајка и се жали дека попуштила со школото...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Тоа многу зависи од нивниот став за човечката сексуалност.

    Ако се конзервативни, или не дај Боже насилни, кога нешто не е по нивно, тогаш не и' кажувај.
    Ако се луѓе кои имаат разбирање и знаеш дека нема детето да биде повредено, разговарај.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла делумно добро си се поставила со неа, што значи делумно не.

    - Прво, дали да разговараш со родителите?
    Не. Не е твое да ја out-ираш. Тоа може само самата таа да го направи. Така 100% ќе ја загубиш нејзината доверба засекогаш, ако го направиш тоа, прифаќале тие или не.

    - Второ, со нејзините родители може само одоколу да разговараш за да ги убедиш да ја пратат на психолог ако се противат. Искрено, од искуство со религиозни родители, не гледам што друго освен тоа можеш да разговараш со нив.

    - Трето, за тоа што реков делумно добро си се поставила.
    И јас сметам дека не треба да избрзува. Ама мислам дека и таа самата е свесна за тоа, бидејќи знае какви се нејзините. Така да не верувам дека нешто и би избрзала.

    Не го знам твојот став по ова прашање, ама јас би и рекла дека не е битно што е и да не се замара со тоа премногу. Чувства се чувства, не може да се погрешни. Овој одговор сигурно таа го сфатила дека не е во ред да сака девојки.

    Го сфаќам твојот одговор. И јас се согласувам дека не треба да избрзува со ништо. Ама од друга страна, што ако навистина е геј? Дали има било каква поддршка? Затоа што по твоите одговори сигурна сум дека таа пак се чувствува дека нема никаква поддршка.

    Јас би и рекла дека секако е мала. Само 12 години има за да се впушта во кој знае што и било какви врски. Само можеби и треба да знае дека некој ќе ја сака и поддржува било кој да сака. Ова пишувам дека претходно кажа дека е депресивна и можеби суицидална. Ако вистина е така, не можам да подвлечам доволно колку е ова битно.
     
    На crimson, delvi и Ajronmen им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    И да е геј, поарно е ич да не знаат родителите ако се конзервативни (уште помалку, ако се насилни).
    Премногу е мала да се соочи со такво одбивање од родители, кои треба да се луѓе што ја сакаат безусловно.

    И секако, како што рече... не треба да ја аутува, пред да се консултира со нејзе лично.
     
    На MilaSs12, crimson и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  19. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    после вашите мислења седнав разговарав со мајкаи и и скренав внимание на однесувањето на керка и дека и треба подршка и разбирање и спомнав дека моментално лута незнае што со чувствата но никако не им кажав дека мисли дека е геј. И внуката се ослободи се отвори пред мајка и и се договорија да одат на психолози бидејки самата внука тоа го побарала. По тоа некако и мајка и подпадна под депресија се почувствуа како родител кој неуспеал и двете одат на психолози. од таткото имат целосна подршка дури и за темата геј исто и рекле дека сеуште е рано да се декалрира но ако веке решила дека е тоа ја имаат целата подршка. Е сега мајка и оди кај психијатар во зан митрев и на неколку сесии ја земала и внуката бидејки била задоволна од таа жена. работта е што психијатарката утврдиал дека внуката е многу интелигентно дете со натпросечна интелигенција но самиот булинг и несоцијализација довело до тоа сега што е ија советувала да се посвети на школото, да учи да чита книги бидејки не само другарството што и е потребно потребно е и знаење а таа го можела тоа но само била мрзелива. По тој разговор внуката не сака да оди кај тој психолог бидејки не сака да учи и ного акл и давала. Паралелно ја носат внуката кај друг психолог во Кавадарци и со тој психолог сака да работи бидјеки тој психолог не ја почнува темата за учење, а и од таму по разговорите внуката ми казжа дека и паднал голем товар бидјеки мислела дека е геј ама со психологот утврдила дека не е. Е сега до пред некој ден ми се довери дека е во врска со non-binary личност, женско но дека тоа се декларира како нон-бинару. И кога ја прашав сошто е во врска со неа колку време се знаат и која е причината што ја сака, ми одговори дека ја знае една недела и дека таа и кажува дека е убава и дека ја сака и затоа. И сега незнам што да ја советувам. Пред да ја запознае таа личност ми се доверуваше дека има симпатии машки и дека била во врска со некој од нив но прекинала. И сега незнам што да правам. Не сака мајка и да знае. Јас ја советувам дека нема потреба даа избрзува со врски со секој што ке и каже дека е убава, и дека во овој момент кога одат по психолози не треба да имат тајни мајка и керка, или барем да си ги каже тие чувства и таа новина на психологот за да и даде совет. По разговорт со мене м икажа дека раскинала со таа личност, но сеуште се дружат. Незнам дали манипулира со сите нас или е искрена. Родителите дадоа се што имат за да ја извадат на прав пат да почне да живее не би сакала да не лаже и да манипулира со сите нас. Совет??
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Ова е супер вест. :o
    Нејзините реагирале добро и и дале поддршка. Добро е што и двете пошле на психолог.

    Се сомневам во квалификациите на оваа терапевтка. Крајно непрофесионално.

    Ја разбирам. Не би сакала ни јас. Психологот треба да сослуша и да помогне пациентот да се справи со мислите и емоциите, не да и рече мрзлива е. Страшно.

    Навидум звучи како добар психолог. Најверојатно ја остава сама да почне теми и не ја притиска.

    Хммм, би рекла советувај ја дека основата на сите идни врски треба да е пријателството. Дека треба да ги запознава луѓето како пријатели најпрво, па после како кандидат за врска. На тие нејзини 12 години рано е за врска. Ама џабе ќе и кажуваш тоа, може и за инает да влезе во некоја.

    Разговорите помеѓу неа и психологот не мора да ги споделува со никој. Би било убаво, да. Ама мајка и и татко и мора да изградат доверба кај неа за да се отвори пред нив. А за тоа едноставно треба време и трпение. На психологот секако ако сака може да каже.

    Во која смисла да манипулира? Да ескивира со учење? Или да бара внимание?
    Ако не е доволно социјализирана (пошто спомна булинг во школо), можно е вистина да мисли дека е заљубена во секоја личност што ќе и посвети внимание. Советот да не се фокусира на врски сега е во ред, сосема на место, затоа што е премлада. Само формулирај го поинаку, да не биде "мала си за врски" (забрана на некој начин), туку да е "фокусирај се на темелот на врските - пријателството" (поттикнување да се дружи).

    Не ми текнуваше за булинг во претходните постови, ама верувај и те како те утепува во поим секое социјално отфрлање на таа возраст.
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.