Јас повторно со проблемот со внуката. Ја префрлија во друго училиште со цел да ја смени средината да се вклопи, но ни од тоа ништо.Она останува иста.. и таму нема другаримногу не разговарала со никој и уште и е мислењето дека никој не ја сака, и дека не чувствува потреба да се има со школските, подобро и било сама. На нејзиниот роденден во март ги поканила сите сколски и и дојдоа само машките од класот. Децата седеа и кога видоа дека таа само обраќа внимание на нејзините другарки воншколото што и се не ја дочекаа тортата и си отидоа. На тоа и реков дека веке не е се до другите дека мора и она да се потруди да комуницира со децата и дека не секое дете сака да ја повреди ии навреди како во посленодто школо. Одеше на часови за ликовна уметност бидејки тоа и било приоритет, почна да ја лаже мајка и дека ке оди на час, а фактички не оди. Сега ме прашуваше дали било добро да прави ке напишам на англиски бидјеки така ми зборува witchcraft and spell, за да ја изсфрли негативната енергија од неа, и да може да поминува подобро на тестовите и на испрашувањата. свесна е дека има проблем и дека мора да се труди ама не мрда со прст да направи нешто за да кажеме дека еве се труди, и бара некој полесни начини да не кажам и безвеза начини, и и велам дека ако не ја отвори книгата и не прочита да научи нешто ниту една магија или спелл нема да и помогне... Незнам како да постапуваме, и мајка и татко и се изморени преморени зашто пробуаат со добро со арно ама никако да се допре до неа....