Обожавам пудинг, посебно од чоколадо и посебно кога е топол да ми се топи у уста ммммм последно си го искомбинирав со бисквитчиња и кокос, мераци беше
Најубав десерт ми е пудингот. Посебно кога јас ќе го направам. Најубав ми е од ванила, али сакам да го јадам и од чоколадо. Инаку пудингот ми е најсладок кога ќе го направам како торта со бисквити, целата торта за снемува за еден ден
Јадам пудинг, го сакам осебно од чоколадно и оној од јагода мх мх повеќе сакам да си го направам јас сама, и поубав е додека е топол
Ја неможам да го јадам кога е ладен. Го јадам додека е топол ама ептен топол, едвај го јадам де. И само од чоколадо други не.
сакате нешто благо?погодете што ви направив... нееее пак ли ПУДИНГ вака отприлика тече разговорот со сестра ми и мм најомилен ми е.. јадам секакви вкусови ама најмногу чоколадо, јадам и топол и ладен , коричката ми е омилена! го правам исклучиво со млеко... просто го обожавам...
Со темава ме потсетивте дека долго време немам јадено пудинг Иначе, го сакам од чоколада, ванила и јагода ама да биде жежок
Го обожавам и сите ги сакам. Си правам и комбинации и варијации. Ако сакам чоколаден а немам по дома, имам само ванила, откако ќе го сварам го делам на 2 дела и во едниот дел додадам крем (еурокрем, нутела) и мешам за да се изедначи смесата и посипувам врз чистиот пудинг од ванила. Така си добивам слатко ванила-чоколадно задоволство. Во чоколадниот пудинг понекогаш кога имам по дома додавам сецкан лешник, бадем или орев. Понекогаш одозгора знам и да ставам шлаг. Овошните што се од јагоди или шумско овошје знам да го посипам врз јагоди, боровинки и малини - свежи. Така и малиот ги сака.
Пудинг сакам многу, секогаш останувале 2-3 пакетчиња во фиоките, па така не морало да купуваме. Не е битно дали е од чоколада, јагода, ванила или пак некој друг вкус, битно ми е само да е топол и да не е направен како желе, оти јас постојано си го мешам, не можам да го јадам таков. Најчесто го јадиме класичниот, а понекогаш мајка ми знае да си експериментира со додавање на лешник, бадем или орев. Комбинациите на славица999 ми изгледаат примамливо, па кога ќе правиме пудинг ќе им речам да пробаме така.
Кога многу ми се јаде благо, а во исто време не ми се готви, пудинг му е мајката. Обично по дифолт јадам од чоколадо, ама знам да земам и од ванила па и јас како славица додавам крем или евентуално чоколаден прелив.
лелеее....ме настрвивте со темава. Од кога сум на сопствениот режим немам јадено од мојот прекрасен пудинг. ....сепак ќе морам еден ден да направам да си заблажам душичката
Ом ном ном. Обожавам пудинг најмногу го јадам од ванила и секогаш купувам на долчела. Кога си правам пудинг некогаш ставам и бисквити. Превкусно е. Спојлер Ќе пробам .