Najomilen mi e od vanila i caramel...cokoladen voopsto ne mi se dopaga,dr.vkusovi se taka-taka.Go jadam dobro izladen
Татко ми кога направи пудинг ми е најубаво. Само што јас го сакам само кога е жешок, истинат некако не ми е убав..
Баба ми го прави најубав но јас многу не обожувам пудинг јас самo koга е жежок го јадам кога ќе се оладни има како грутки некако ..
денес сум купила од продавница па си викам ајде да пробам и купен,само дома правам мм сто убав бесе од Чоколада и со слаг од згора
Девојки да ве прашам, ако за едно пакетче пудинг ставам еве да речеме 750мл млеко, наместо 500мл, нема да ми биде толку цврст пудингот, така? Не сум пробала, а сакам да искористам една кесичка пудинг како фил за торта, со тоа што не сакам да мешам со маргарин, значи само пудинг да биде. Ајде нека ми каже некој дали ќе е потечен, за да биде како фил? До сега не сум експериментирала, затоа прашувам. Или еве без маргарин, што да измешам со пудингот да изгледа како фил и да може да се филува?
За фил, пожелно е да ставаш помалку млеко за пудингот. Значи, околу 200-250мл за една ќесичка, 750мл ти е за три, дури и за четири ќесички може. А маргаринот не мора да го ставиш, ама во повеќето класични филови го има
Обожавам пудинг,брзо и лесно благо за правење.Најмногу сакам мешавина од чоколадо и ванила,а понекогаш за промена ставам кекси и кокос
Хмм, не знам за кој пудинг зборуваш, ако се продава и таков со помалку грамажа. Јас го правам од dolcela пудингот со 500мл млеко, а ќесичката е 40гр. Излегува 500гр. пудинг. Така е и на ќесичката напишано. И со 500мл млеко излегува доста цврст пудинг, во случајот ми требаше малку потечен за да може да се филува. Секако после ќе се стегне. Бидејќи во тортата сакав еден слој пудинг да ставам, повкусна да ми биде. Сепак фала, ќе експериментирам со малку поголема количина млеко да видам како ќе испадне.
Грамажата на ќесичките за пудинг е стандардна, за 500мл пудинг или што ти викаш 500г, а не е исто милилитар и грам. Има и пудинзи за литар млеко, на Долчела исто. Инаку, колку помалку млеко ставиш, толку подобар фил ќе добиеш. Ако е премногу течен, тортата ќе ја изгуби формата. А маргаринот го додаваш за да може полесно да се мачка филот и убаво да го стегне кога ќе се излади, па тортата да има форма. Јас сум паталец тука, како мала (5 одд.) ќе им правев торта на моите со фил од пудинг, ставив млеко колку што пишуваше на упатството и се зезнав, добив каша, а не торта. Како и да е, пробај, па самата ќе видиш. Ако веќе правам торта со пудинг, секогаш ставам 250мл млеко на една стандардна ќесичка (половина од означената количина). Инаку преферирам домашен крем од жолчки, густин, шеќер и млеко и е далеку повкусен и подобар крем од готов пудинг во прав.
Засега најубав ми е од Витаминка. Го правам со околу 400 - 450 мл. млеко, за да ми е погуст. Секогаш му ставам внатре мелени ореви, плазма, чоколадо, што ќе најдам при рака.
Го обожавам пудингот од чоколадо прекрасен е .. не го купувам си го правам дома одозгора си ставам чоколадни трошки
Пишав 500милилитри млеко, а таму пишува 1/2л млеко. Што е исто. Нема врска тоа, по желба си ставаш млеко колку сакаш, немора да е како што пишува таму, 40гр пудинг за 1/2л млеко. Сега да кажам мене како ми излезе. Затоа што сакав да ставам само како слој да биде на пандишпанот чисто ради вкус, направив така, со повеќе млеко, испадна малку потечен, таман си дојде на пандишпанот, откако се излади пудингот, одлично легна на тортата. Еве, остана уште четврт, се изеде. Значи експериментот ми успеа. Инаку пудинг кога правам, го правам со пола литар млеко и излегува цврст. Ама ми се бендиса вака малку потечен, после тоа секако си доби на цврстина откако се излади, друг пат и така ќе практикувам. А маргаринот не случајно го избегнав, многу тежок ми доаѓа за полесна торта како што сакам.
^ Oткако ќе го направиш пудингот, пробај го, па ако не ти е доволно благ стави уште шеќер и промешувај за да се растопи. Така никогаш нема да погрешиш. Јас секогаш додавам и сечкана чоколада, уште поубав вкус му дава на пудингот. И малку мелени ореви или пак цели јатки оревчиња, бадеми, лешници, па и кршени бисквити - што ми се наоѓа по дома тоа. Малку цимет (на чоколадниот и пудингот од ванила највеќе ми оди), понекогаш и чоколадни трошки или од оние во боја и десертот е спремен.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 грама Шлаг 12 Шекер лажичка/ки 1 грама Пудинг 1100 милилитри Млеко 1 Ванила пудинг/а 500 грама Јагоди Време за подготовка: 10 мин. Време за готвење: 60 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Јагодата се развива во ширина , боја , вкус, форма, степен на плодност, сезона на берење,склоноста на болест и според составот на растението.Некои се разликуваат во зеленилото а некои материјално , во однос на развојот на нивните полови органи. Во повеќето случаи ,цветовите се појавуваат како хермафродитски во структурата но функционираат и како машко и како женско. За трговски цели ,овие растенија се одгледуваат како ќилим и воглавно се распоредуваат по чисти корени или мешавини.Одгледувањето се прави на два начина: низ цела година под фолија , или пак повеќегодишен систем со постелени филцови или пак со тумби.Исто така се произведува мала количина на јагоди во стаклени градини и кога не им е сезона. ПОДГОТОВКА: Десертот се сервира во чаши од 250 милилитри така што на дното од чашите се ставаат по два реда сечкани јагоди. Потоа се прави пудингот од ванила со 500 милилитри млеко и со 3 лажици шеќер. Кога е оладен, се става врз јагодите. Потоа пак се става еден ред јагоди, па пудингот од чоколадо, а на крај се става шлаг. Озгора се декорира со јагоди.