Дали некој од вас знае како се прави желе пудинг, нешто како овој на сликава? Не мора да е од јагоди...
Јас многу мразев пудинг освен оној во чашки што се купува или малце ќе каснев ама од чоколадо Ама еве последниве неколку месеци се давам во пудинг но само од КАРАМЕЛА не дека не ги јадам другите ама овој ми е нешто посебно
И така јас сабајлечки вредна, си направив пудинг. Обожавам од ванила Сакам да експериментирам во врска со него, па овојпат му направив глазура, од какао. Преубав испадна.
Премногу јадам и дури вчера сама изматив доцна навечер. Ванила,чоколада било каков да е,обожавам. Мх,мхх ...убавини Спојлер Нема да биде лошо вечер уште да направам
Обожавам секаков! Одамна немам направено, инаку омилени ми се чоколадо, карамела и јагода. Сега си ги купувам од КАМ маркет тие чоколадните како мус што се
Имам дома ванилен пудинг ...Сакам да направам со нешто комбинација да не биде обичен или како што правам полијам бискоти со пудинг... Ванилен пудинг со што да комбинирам сакам во чашки гледав слики мн. интересни ... но ... може и со шлаг,овошје,повеќе бои-слоја...
^ Откако ќе го сервираш пудингот во чашки, стави неколку коцки чоколада внатре да се растопат, стави и мелена плазма или искршени бисквити и размешај, а одозгора можеш да наросиш кокосови трошки. Можеби е калориска бомба, ама феноменален десерт е.
Ме интересира дали е вкусен пудингот од карамела, најдов еден рецепт со него, ама се ми се чини дека не е вкусен овој пудинг