Ммм обожавам пудинг и најчесто си го приготвувам комбиниран половина чоколаден половина ванила со шлаг врз него, едно парче плазма стапче и од оние чоколадни цигарчиња или ресани или крем бананчиња понекогаш, на моите им го спремам со сладко од кајсии врз него затоа што така го сакаат.Дефинитивно наједноставен и брз десерт за подготвување.
Што прават две будали во пудинг? - Го бараат Доктор Еткер. Инаку ако оладениот пудинг (на пр. чоколаден или ванила) го изматите со путер омекнат на собна температура, тој ќе стане покремаст и повкусен, но и покалоричен
Премногу сакам Најчесто си приготвувам дома, или земам од оние од кам, чоколаден пудинг одозгора шлаг.. Омилени вкусови ми се Карамела и Ванила
Јас и мојот уште ден неуспешен обид да станам мајстор во кујната, добро ми вика мајка ми ти кога ќе се мажиш свекрвата уште првиот ден ќе те врати назад.. не знаеш ништо да зготвиш. Еве денес се обидов да ги импресионирам домашните со вкусен домашен пудинг, купив од тој Долчела, ставив млеко, шеќер се како што е редот во сад на оган измешав и на крајот испадна некоја смеса полна со грутки која ниту се гледаше ниту пак се јадеше. и толку од мојот десерт Затоа сега замолувам некоја феминка нека ме просветли како е правилниот начин да се направи пудинг зошто вака ништо не правам.
Мaлку млекo и прaшoкoт ќе ги рaзвркaш,дa стaне густa ,,течнa,, смесa. Oстaнaтoтo млекo и шеќерoг ги стaвaш нa oгaн дa зoвријaт,се дoдекa не се стoпи шеќерoт ..нo ќе бркaш . Пoтoa гo дoдaвaш рaствoрениoт пудинг вo млекo и вaриш сo пoстoјaнo бркaње. Jac тaкa гo прaвaм...
Брзо, лесно, едноставно а толку вкусно Почнав да си чувам по 1-2 пудинзи дома и во слободно време ги правам, готов е за 10тина минути, ништо повеќе.. Затоа што стално му носам и на либето, почнав неговиот пудинг да го украсувам, многу едноставно... Какао, шеќер во прав, цимет.... се што може да помине низ цедалка.. исекувам форма од хартија каква што сакам, ја ставам врз здрвениот пудинг и посејувам од какаото (или што и да е). Хартијата се трга, и оп! Ете ти декорација И друга работа, мноооогу убаво можат да изгледаат два пудинзи комбинирани, пр. чоколадо-ванила, класика, или банана и чоколадо - како крем банана добива вкус, или чоколадо и јагода... Во секој случај, што и да ви падне на памет нема да згрешите, така да... и да не ве бива за готвење, од пудингот можете да направите мајсторство
Женски како се правеше пудинг.Во прашакот да ставам топло или ладно млеко пред да го ставам во тенџерето?и после во тенџере колку?Од кога ќе почне да вари уште 2-3 мин?
Млекото го делиш, 3/4 го ставаш да врие со 3 лажици шеќер, а во ладното млеко што останува го ставаш пудингот. Откако ке зоврие млекото го додаваш пуднигот и мешаш додека не се згусне и не почнат да излегуваат меурчиња. Наздравје
На Витаминка и на Подравка. Од чоколадо ми е најубав. Од јагода не го сакам. Пред некој ден земав на Подравка, од кокос. Не го бива.
Јас очекував да биде нешто екстра, ама не. Вкусот на кокос ич не се осеќа. Ни децава не сакаа да го изедат, па ни мојов. Па морав јас. Само чоколадо признавам. Имам купено и од карамел и шумско овошје. Не се нешто нај нај.
Обичниот е 45 грама, премиумот 53, разликата е во поголемиот процент какао во вториот, за поинтензивен чоколаден вкус. Лично мене, од ова што на наш пазар се нуди, најубав чоколаден пудинг ми е на Др.Еткер, жолтиот со декорација од портокал на сликата
Генерално било кој пудинг ми е добар, но секогаш на крај додавам половина или цела табла чоколадо за готвење. Го дополнува вкусот, така ми е најубав пудингот.