Имам нормална кожа, и би сакала ваш предлог за некоја убава камена пудра, но да не е премногу тешка или прашкаста, лицето воопшто не ми се мрси, ми треба само за под очите да ми го сетира коректорот.. значи некоја полесна Исто така и предлог за некоја убава транспарентна пудра за бејкинг, сега ја користам на аура но е катастрофа
Ја има кај нас пудрава? Или ако може да ми препорачате некоја друга пудра во прав со прифатлива цена?
Можам да ја пофалам оваа камена пудра на револушн, ја нарачав од бјути беј, покривна е доста дури и сама по себе без течна пудра, не е воопшто прашкаста и многу е мека и нежна на лице. Кога нарачував беше некои 3 фунти, дефинтивно ќе си нарачам пак
Мислење за пудрава? Конкретно оваа лејс, каков подтон има, дали многу ја суши кожата и сл? Ја користам Римел стеј мат, но сега кожата не ми е така мрсна и изгледа многу лошо. А гледам оваа има и дупло повеќе производ. Сакав да ја пробам таа поназад на Револушн, но мислам дека ја нема кај нас
Здраво драга, кај нас може да ти ја препорачам онаа на Алверде како природна, или онаа на Санте во прав. Само тие две од природните ги има кај нас за жал. Се надевам дека ти помогнав. Поздрав.
Др. хаушка е најдобра ама таа во прав за жал ја нема кај нас. Јас во Рим ја наоѓав таму ја има цела декоратива и шминките. sorry за стар пост ама сега се вклучувам.
За сите што сакате матирање и имате масна / комбинирана кожа пробајте со бебешката пудра на babylove чини 99 ден и нанесете со голема пуфкаста четка ! Мене ми е спас веќе не купувам камени пудри и плус дого трае