Убава е , за секој ден е одлична. Повеќе ја препорачувам за нормална-сува кожа , кај тие со мрсна кожа нема да потрае подолго на лице. И не покрива многу на пример во споредба со таа на MAC studio fix powder foundation.
Барам пудра во прав или камена пудра која нема да ми го суши пределот околу очите. Без разлика колку малку ставам и каква крема користам тој дел ми е сув кога ќе сетирам. А без тоа не можам бидејќи ќе ми се собере коректорот. И да не биде повеќе од 400 ден.
Изненадување! Имаш моја препорака. Навистина го прави она што го пишува - ги минимизира порите, нерамнините, не оксидира и не се троши брзо... Но, да знаеш дека ова не е пудра која ќе те држи мат. Од друга страна - иако не те држи мат на долг рок, го немаш оној масен сјај кој на сите ни пречи, него лицето изгледа здраво, нијансата е универзална. Ја купив случајно, не учекував ништо и се изненадив. BTW дали само јас го имам проблемот со повеќето камени пудри да ми траат максимум месец дена...и помалку, ако ги користам секој ден?
Луѓенца, долго време не сум се заинтересирала за прашкасти пудри, но сакам да одморам малку од камените. Одамна ја користев на Алверде со зелено капаче и презадоволна бев. Имаше некои мини светки и мирис на ванила. Сега кога и да се свртам накај штандот, ја гледам само една со сино капаче, минерална. Ја пробал ли некој?
Дали ја имате пробано новата пудра на Нивеа, како камена е, околу 1200 ден читав е, некако ме заинтересира ако е добра да ја земам
Дали камената пудра Max Factor Creme Puff има покривна моќ? И некое искуство за овој култен производ кој го немам пробано.
Јас ја имам користено, задоволна бев во однос на покривноста. Средна кон висока покривност има пудрава.
Со години ја користам само оваа и не планирам да ја мењам. Баш си ја врши работата а не е ни скапа што ми е исто плус пошто ги трошам ептен брзо.
Има од Heliocare, достапна е во две нијанси. Уште ја немам пробано, но со оглед на тоа што ми треба нешто за реапликација во текот на денот, ова ми изгледа на најдобра опција.