Втората ја нема во Мк но доколу одиш накај Грција , пробај ја баш нема да зажалиш. Јас ја користам таа моментално и сум презадоволна. И другиве се одлични за мрсна кожа. Јас сепак во прав би ти препорачала зошто се посоодветни за мрсна кожа. А за камена ако сакаш , не покрива ама нема да светнеш цел ден. MАC Blot , ја има во сити мол и во новиот трговски центар. Од погоре пудрите и таа на Есенс ја има во камена. И на Aura Velvet matte ѕирни ја
Кожата ми е нормална и течната пудра ми одговара супер, но кога ќе ставам камена веднаш изгледа прашкасто, а морам да ја сетирам бидејќи ќе светнам за еден час, а треба да ми трае 10ч. Ја користам Римел стеј мат, па би сакала да ја сменам. Но исто ми е важно да нема flashback, како што имаат белите.
Дали некој ја има користено камената пудра на Уриаж? Се мислам бидејки е медицинска да земам, ама не сакам да ми изгледа лицето како затегнато, суво. Мајка ми користи крема и гел за лице и е многу задоволна вели после две ставања одма има разлика на лицето , па затоа се замислив за камената пудра дали вреди за парите.
Ја имам купено таа Velvet matte , ама за мрсно лице не е, баш покрива убаво но лицето брзо некако ми свети од неа.
Предлог за многу покривна пудра камена? Не е важна цената, ама навистина да покрива. Планирам да ја користам врз хидратантна пудра и цц крема(мрсна кожа имам) Ги имам пробано на Clinique, Dior , Estee Lauder , не сум задоволна, Fenty beauty (белата ) таа само матира, Mac fix plus foundation ама ми е здосадена веќе мн пати сум ја купувала. @piglet1 другата пудра на Фенти камена со многуте нијанси да не ја имаш пробано?
Ја ѕирнав таа пред некој ден, убава покривност има само што немаше голем избор на нијанси. А треба да порачувам онлајн, а не ми се порачува зошто ќе утнам Ќе проверам и во една др парфимерија , 120ката како што гледам би ми одговарала
Мислење за Bourjois Healthy mix камената? Ја користам течната, па сакам да ја пробам и камената, ама се мислам.. И дали некој знае кое бројче би одговарало со 52 течната бидејќи нигде нема тестери кај што барав..
Ја немам пробано, не користам камени пудри,само таа на Боржуа што ја имам од поодамна ама ми дреме така.