Камена ставам. Може предлози секако кожата ми е комбинирана, мрсна т-зона. Може да ги набројам и останатите продукти кои ги користам, па ако сметаш дека нешто би можела да сменам за подобрување на ова со светнувањето и за тоа предлози се добредојдени
Јас од камениве пудри до сега што ги имам пробано најзадоволна сум била од MAC blot пудрата, не светиш воопшто цел ден , на било која течна пудра претходно да ја ставиш. Од пудрите во прав, сега ја користам оваа на Vichy и сум презадоволна. Јас во Грција ја купувам , а ако си од Ск провери низ аптеките Анни фарм, Бети фарм дали ја имаат. И оваа супер ми беше. NYX има во Александар козметикс, провери баш дали ја имаат
Ти благодарам! Утре баш ќе видам дали би можела да ја најдам таа првата на MAC, би ми одговарало ако не светам со било каква течна како подлога, да не мора да ја менувам (освен ако не морам )
Да, баш пробај ја. По можност пред да влезеш и ја пробаш пудрата, нанеси течна пудра па веднаш сетирај со таа blot. Не е покривна , но матира со саати. Имам пробано милион пудри Dior, Clinique, Bourjois последно на Fenty ја земав , што испадна катастрофа пудра ама таа на MAC 5 пати досега ја имам купено. Еве последното пакување баш го чувам
Здраво девојки, препорака за камена пудра за комбинирана кожа? Ми треба нешто што ќе има мат финиш и секако колу е можно подолго да трае.
Јас пријатно се изненадив од камената пудра на Есенс. До сега ги избегнував бидејќи кога купив првиот пат пред неколку години ми ја сушеше кожата, но сега ја имаат преформулирано и е одлична. Исто така задоволна сум од Мејбилин фит ми, а ако бараш транслусцентна во прав тогаш би ти ја препорачала Тру скин на Катрис.
Во последниве 2 месеци купив 4 камени пудри и сите ми се скршија и изронија на првите 3-4 користења. Не ги носам со себе, ми стојат во несесер. Не ми паѓале ниту еднаш. Ви се случува ова?
Можно е со такви прашкасти производи да се случи такво нешто. Не ми се случило зошто не ги чувам во несесер баш од тие причини, може да се искршат со други производи, а и во несесер не стојат рамно сепак. Ги чувам на полица на бирото оставени, нема никаков проблем така. Најверојатно се удираат во други производи во несесерот и ти се кршат.
Која пудра од ваков тип би ми ја препорачале за сетирање на шминката? Да е достапна во дм. И која цена е отприлика да ми кажете.
Јас ја коститам оваа и сум задоволна. За цена не се сеќавам од летото ми беше купена https://www.catrice.eu/en-de/p/9313260001/true-skin-mineral-loose-powder
На fit me maybelline ја имам таа шо прави блур ефект како филтер на лицето ја сретнав на иста и вистина е таква но е многу бела,сигурно има и потемни нијанси не приметив тоа но само бели имаше останато. Јас сум многу бела така да ми одговара. И со два потези на четка ја нанесувам доволно е по малце бидејќи е пигментирана.