Дали некој ја пробал оваа блот пудра на ревлон ? за масна т зона ми треба. или препорака за некоја што долго држи мат до 1000 ден., на Катрис ја нема никаде периодов
И јас сум во потрага по нова камена и течна пудра. Имам сува и осетлива кожа. Потребно ми е за изедначување на тен, да е лесна, не мора голема покривност.
Камена пудра како што спомнав имаат на Буржуа добра таа Хелти микс, Blot на Mac матира таа не би ти ја препорачала mineralize skinfinish natural е за сува кожа и можеш да ја пробаш , ама лично јас ја немам пробано
Која камена или пудра во прав дава измазнувачки ефект и матира воедно? Блур да дава на пори и линии? Цената не ми е важна, но да ја има низ продавнициве, да не треба да порачувам од странство.
Ти благодарам, ќе ги видам баш. А каква камена пудра користиш? Јас користам една течна пудра од Доктор Хаушка и таа е како ББ крем, ама некако нема баш покривност.
Камена пудра Mac blot ја користам , не е покривна ама мат е (јас имам мрсна кожа , тебе може да ти го исуши лицето повеќе)
@koritsaki Дали blot камената на MAC многу го суши пределот кај што ќе ја нанесеш? Мене ми треба минимално за на челото кога е многу жешко времето ама не сакам скроз да ме исуши па да изгледа тој дел како дехидриран.
Blot пудрата воопшто не е покривна ама матира, со многу матирачка течна пудра не би ја препорачала, има сунѓерче со пудрата и можеш ептен малку да поминеш на челото, да не биде ко дехидрирана кожата
Не ми треба да е покривна и нема да ја користам со матирачка пудра, ќе ја користам со Футуристот од Есте. И да, така ми треба, ептен малце да поминам на делот од челото кај што се потам кога е пекол надвор
Кај да најдам translucent powder во прав? Налетав на некои камени пудри, ама во прав ми треба. Во Cosmo дали има избор или низ трговски негде, кажувајтеее
Bourjois Healthy mix https://e-elixir.mk/shop/bourjois-healthy-mix-powder/ Моментално е на попуст во Еликсир парфимериите