Кога сме кај компактните пудри - имам пробано многуу , но најголем впечаток ми оставија овие две - Пудрава на Мак , може да се користи и самостојно - без течна пудра поради покривноста што ја дава јас бев презадоволна и оваа на Clinique Stay matte која што исто така покрива како горната , идеални за мрсна кожа
Скапа оваа банана-пудра од Мејкап Револушн, редовната цена 495 денари. Но пак кога ќе се спореди со количината која се добива во однос на оние стандардни пудри во прав, пак се исплати. Ја купив најмногу поради попустот во Голден Роуз. Со него испадна 348 денари, што е дури и одлично за ваква голема грамажа. Единствено не ми се допаѓа составот - има парабени. Околу ефектот ќе пишам дополнително, кога ќе ја пробам на лице деновиве. Во секој случај, фина инвестиција за во козметичкото катче.
Важи, деновиве секако ќе ја пробам. Со душа чекам, ептен ме интересира како ќе ми се допадне. Ја пробав само на рака, со малку тапкање се стопи со кожата. На лице верувам впечатокот ќе биде поинаков. Само да одговара.
@wannaBeMomma Дури денес ја пробав пудрава прв пат. Не е лошо, нашминкана сум од 9ч наутро, а Т-зоната уште е матирана. Не се познава на лице, тоа најмногу ме радува. Кога ја видов таква жолтеникава, мислев дека ептен ќе ми мава на жолто, но се топи со кожата и не дели од природниот тен. Најмногу ми се допаѓа за делот под очите. Убаво го сетира коректорот и на допир е пренежна кожата околу очите. За остатокот од лицето баш ме интересира колку ќе ми држи мат, ама како за скроз прво користење - ми се допаѓа.
Последниот пат кога бев рекоа дека ќе донесат производи од МУР, но од тогаш не сум била. Па ако некоја знае или ако планира да оди, би ја замолила да ме извести
@Mishela, дали банана пудрата има нијанси, или една е само? Според твоите мислења за пудри и нијанси, заклучив дека имаме ист тен. Во последно време Т-зоната ми е помрсна од вообичаено, па би сакала да ми предложиш убава камена пудра за матирање (по можност и нијанса, затоа што стварно ме мрзи да барам погодена).
Банана пудрата е универзална нијанса, можеш неа да ја пробаш ако ти се даваат повеќе пари (495 денари е). Ако не, тогаш види ја онаа Стеј Мат од Риммел. Мислам дека беше 002 peach. Провери сепак на лице место од тестер, зашто навистина е светла, а споро се троши. Мене многу ми се допаѓа.
Епа сега, за една проба ќе "замижеме". Барем јас многу сакав да ја пробам, така да воопшто не ми е криво. Освен Алверде нема пудра во прав без штетни состојки, а Алверде скоро сите ми се ужасни.
Јас навратив на темава да ја пофалам пудрата во прав на Dr.Hauschka. Пудрава е најдоброто нешто што сум го користела во животов. Одлична за мрсна кожа (Биодевојка ми потврди дека пудрава има голема апсорбирачка моќ бидејќи содржи starch или скроб по наше ) , ја тестирам 2 недели веќе и сигурна сум дека ќе ја купувам засекогаш. Најдолго ја имам носено по 7 саата (кога одам на работа) и лицето ми изгледа одлично. Мириса многу убаво (на некои цветови) , има само една нијанса , лицето не изгледа како пренатрупано со пудра , не се собира по неколку часа..перфекција е. Голем плус што нема штетни состојки. Ја порачав од интернет бидејќи ниту во Македонија ниту во Грција не можам да ја најдам. Ви ја препорачувам на сите што имате комбинирана - масна кожа
Девојки сакам да си купам пудра во прав. Ја користам Healthy mix, имам претежно сува кожа, но сакам да имам нешто со што ќе можам да постигнам мат, но лесен изглед (не ми треба за покривност). Таа на Алверде спомната претходно добра би била? Или некој друг предлог?
Mislam ne, kolku sto znam za taa namena se upotrebuvaat pudrite vo prav so zolt poddton a ova ti e kamena pudra za setiranje I matiranje. Namesto nea ti ja preporacuvam banana pudrata na Make up Revolution, mene mi e super.