Да ти кажам сега не знам како се бројчињата мислам дека се променети. Јас сега и не се шминкам баш многу после пораѓај. Претходно секој ден бев со шминка и ја користев каменава 2N vanilla нијансата беше. Најприродната. Имам сува кожа. И убаво ми изгледаше лицето.
Јас 1N ја барам и само како тестер ја видов. И вработените бараа, ама ја немаше. 2N ја има ама не ми одговара.
Оваа од Lush ја има во Мк, и дали остава flashback? Барам некоја камена пудра или во прав, никако да најдам сите се темно нијансирани или нема воопшто тоа што барам. А од странство не ми се чека да ми носат.
Да, треба да ја има јас баш од Мк ја земав, само за flashback дали остава не се сеќавам зошто ја користев оддамна 2018 година. Нека ти стават во едно кутивче да си пробаш дома како ќе ти биде
Не е дека толку ми е битно тоа, ама да си прашам сепак. На едно видео ја тестираа за flashback и немаше никаква трага, убаво лежеше на лице, па ќе ја пробам ако ја има.
Ја купив пудрава. Дава баш блур ефект и супер ја сетираше шминката, ама кога се видов на појако светло видов дека е претемна. Ако имате светол тен никако не ви ја препорачувам. Ќе си ја чувам за во лето.
Ако си ја купила нијансата Банана, чисто да знаеш дека има и транслусент нијанса. Не е бела бела но е посветла од бананата. Мене оваа пудра во прав ми е откритие на векот.
Дали ги има кај нас овие пудри во прав на Revolution и дали некој има користено некоја да сподели искуство? Веќе извесно време сакам да си купам убава пудра во прав најмногу за да покријам таму каде што ми светнува лицето, бидејќи имам комбинирана кожа. Се мислам меѓу оваа, на Catrice и на Wet N Wild...
Mac Blot - пудрава не е покривна ама одлична за мрсна кожа. Матира се додека не ја извадиш шминката. Ја имам купувано милион пати до сега. Kiko Milano пудра Одлична е, покривна ептен само не држи цел ден мат како таа на Мак. Во последно време користам и пудри во прав. Покриваат се , сите недостатоци фини линии, пори...
Талкот го избегнувам, а гледам кај таа од Kiko Milano е на прва позиција. Ќе ја пробам оваа на Mac, фала