Каде можам да ја најдам Римел стеј мат? Во ДМ во Капитол нема веќе Римел, а во Еликсир само темни нијанси имаше
Само што пудрата ја нема.... Јас ја барав цел месец. Генерално не знам што се случува со Римел. ДМ целосно ги повлекоа излеа....
Не сум во тек искрено, одамна немам купено нешто од Римел... Скоро купував маскара во Космо па приметив Римел козметика ама не се загледав нешто многу детално. Ништо чудно и да прекинуваат соработка, или можеби ќе прават рибрендинг, којзнае. Ни пудрава ја немам купено одамна, ја користев многу години ама потоа преминав на камената од Есенс. Најевтина, најдостапна секогаш, нијансата ми е топ. Единствено кутијата е крш, пластиката попушта кај механизмот и жлебот се крши за неколку месеци (ако имам среќа да издржи толку), ама не можам да кажам дека ме иритира или нешто...не ја чувам во несесер и решен проблем. За тие пари, подобра тешко да најдам.
Пудрава од Есенс е врв. Долго време ја користам и многу сум задоволна. За чудо мене досега не ми пукнала, а знам многу се жалат баш на тоа. Во секој случај за цената е одлична.
До сега две ми пукнаа на Есенс ама си ја користам. Прво ја утнав нијансата (како по обичај), па после ја погодив, број 11 за оние со светол тен.
Јас престанав да ја користам на Essence од тие причини. Секогаш многу брзо ми се кршеше пластиката. Во последно време ја користам Rimmel Stay Matte.
Знам јас едно време ја зимав од Веро џамбо,на први спрат до Антеп слаткарницата имаше една парфимерија..
Во овие пеколни горештини што и да ставам на лице, за кратко време сум како со масло намачкана. Каква пудра за матирање да користам а да не е многу скапа? Сабајле ставив бекутан бебешка пудра, и ок ми беше подолго време. Ок е ли да се става на лице?
Подобро земи си некоја камена пудра, има добри од Essence, Catrice... Можеш и фиксатор да ставиш над камената пудра, би требало да држи повеќе. Јас ја користам Алверде минералната пудра во прав, над ББ крем нанесувам малку од неа и супер ми се покажува на топлово. Не е дека ич не светнува лицето до крајот на работното време, ама па и не е нешто што премногу ми смета - малку тапкам со палома и пак е мат лицето.
Може да ти ги запуши порите на лицето, да ти ја засуши кожата. Таква пудра не е за на лице. @Mishela може слика од пудрата? Мислам дека на топлово не постои нешто што ќе го држи со часови лицето мат. И јас би ти рекла да тапкаш со палома, така најдобро и најбрзо ќе го отстраниш себумот. Ако носиш шминка тогаш само фиксатор и камена пудра, ама и така можеш да натапкаш со палома па потоа пак да нанесеш камена пудра, кај мене ова се покажало ефикасно.
Фала ви за советот девојки. Зошто за бебиња, мислев дека ќе е ок. Инаку не носам шминка ништо, само спф и камена пудра.