По некоја случајност да не ги има Maybelline fit me loose пудриве во прав тука? Убедливо најквалитетни драгстор пудри. Не знам каде во Македонијава има асална пудра во прав Се што сум пробала до сега или имало хорор flashback (бегајте подалеку од таа на Аура и NYX ако не сакате да сте ко дух на слики) или едноставно не можат да се блендираат. Од друга страна пак некои се во боја што сосем е утка пошто тука носат потемнички бои некогаш што не одговараат ич. Не ми се лупаат пари за high end производи од типот Laura Mercier пошто за еден baking у месец на поголеми евенти ми е работава.
Штом бараш за бејкинг, предлог од мене ти е банана пудрата од Makeup Revolution, дава баш убав ефект за таа намена
Апдејт: нема понепрактична пудра за нанесување од банана-пудрата на MUR. Капачето е премало за да собере четка, а ми се смачи да истурам на рака и да фрлам остатоци. Ја претурив во празна кутија од минералната пудра на Алверде, па ок е сега. Да си го средат дизајнот не би било лоша идеја можеби, не сме сите блогерки или јутуберки па да мешаме пудри на стакленца како во видеата.
Дали банана пудрата на Mur е добра за да се нанесува на целото лице во замена за камена пудра? Не ми се купуваат две пудри, а не можам да не ја сетирам течната.
Па за цената што ја има и грамажата што се добива е и повеќе од добра. Мене ми е убава, ми одговара, само не ми се допаѓа амбалажата.
Девојки почнав да ја користам кремата за лице од Алверде со јојоба и ми е супер сега за сега, но без заштитен фактор е, јас имам светол тен и морам да ставам нешто со заштитен фактор. Имам мрсна т-зона и до сега ја користев камената пудра на Евелин. Да ми препорачате некоја камена/пудра во прав со заштитен фактор? Или во краен случај некоја крема со заштитен фактор слична на оваа од Алверде?
Гамарде имаат некои креми со заштитен фактор еве ја тагнувам @Biodevojka нека ти објасни повеќе , јас ги немам користено
Па во принцип секаде каде што има козметика на Римел - Космо, Анабела, Шатци, ја има и во Веро маркетот во Веро Центар...
@violetblue кремот на гамард со заштитен фактор не е како алверде. Малку е помасен. Ако го користиш обавезно матирај со пудра во прав на алверде на пример. Може да го пробаш оној на Еко Козметикс кој кој е многу убав, и за нијанса помалку масен од Гамард. Поздрав.
Ja koristel nekoj kamenata pudra na rimmel lasting finish? Dobra e za mrsna koza pokrivnost i dali e lesna? blagodaram
Јас ја користам и е предобра! Прави баш блур, дава покривност, а не е тешка. Мене ми е многу подобра од стеј мат. Единствена маана е што има помала грамажа од стеј мат, а со цената се тука негде.
Дали некоја од вас има користено ИМПАЛА камена пудра? Пишува дека има антибактериско дејство. Имам масна т-зона па затоа ме интересира дали е ок камената пудра... ?
Ako e kamenata pudra kako i tecnata togas e uzasna.gratis da mi ja davaat ne bi ja stavala impala pudrata na lice.uzas. Do 500 den mozes da najdes mnogu dobri pudri za lice za masna koza i tecni i kameni
Не до 500, дури и до 300 денари се наоѓаат многу фини камени пудри, го делам истото мислење. Еве Силк тач (како беше онаа најевтината) од Голден Роуз е околу 150 денари, а е преубава. Нежна е и можеби не е најпаметен избор за масна кожа во лето, ама ја наведувам само како пример дека можат да се најдат многу подобри пудри за таа цена.
Дали ја има оваа кај нас и која цена е? Прочитав добри ревјус за неа, посебно за летово би ми била одлична. А и жал ми е за Римелот ластинг финиш, веднаш ми се направи дупче до доле, многу мала грамажа има, иако е прекрасна.
@Elence93 ја има, баш вчера ја видов во ДМ во ГТЦ, ама не знам цена. Сепак е Катрис, не е скапа сигурно.
Колку е таа на Римел? Јас моментално користам Есенс ама воопшто не сум задоволна. Имам комбинирана кожа, дали ја матира т-зоната?