Камена пудра што ја користам последниве 2 месеца е таа на MAC Blot powder. Пудрата е со слаба покривност , но одлично матира , ја носам секојдневно над бб крема/ течна пудра и не светнувам се додека ја извадам шминката. Нијансата ја утнав , мојата е Medium , друг пат ќе ја земам Medium dark. Во продавницата кога ја пробував ми изгледаше баш како мојот тен , но ете Дава природен изгледа на лицето , далеку по природен од studio fix камената пудра. Исто така , како и течната , ја препорачувам и оваа за тие со комбинирана-мрсна кожа
Каде е 250? Јас ја купувам околу 330 во ДМ. Еднаш ја имам начекано во Веро 260 денари и дури се вратив да купам уште една, заврши акцијата.
Од ДМ ја купив. Нели едно време немаше многу производи, па потоа донесоа и цената беше толкава. Кога имаше попуст на брендот цената на пудрата беше некаде 196 денари. Ако не се лажам уште е 250, не сум проверила.
Супер, ќе проверам деновиве. Не дека ми треба, ама не е на одмет да земам особено кога има ваква цена. Многу ретко се задржувам на штандот на Римел во ДМ, затоа и не сум приметила. Фала ти.
Може коментар за каменава пудра на Макс Фактор? Имено, ме интересира колку добро матира, горе долу покривна моќ, одржува ли мат Т зона во текот на денот и дали има бел отсјај на фотографии ? Фала однапред
Која камена е најдобра од овие? Catrice all about matte Rimmel stay matte Essence (за комбинирана кожа)
@sorbet, проверив вчера во ДМ, пудрите уште се со таа некоја слична цена. Камената Стеј мат и онаа Инста фикс, за други не погледнав. Си ја купив Инста фикс, па ако е добра океј, ако не...веќе не експериментирам со камени пудри. Инаку цената е 279, ептен ја намалиле. Мислам дека не е на акција никоја од пудрите на Римел. Инаку вака од подолга употреба, банана пудрата на MUR воопшто не ми се погоди. Лицето ми изгледа како кора од портокал кога ставам од неа, само за под очи ја бидува, ама вака нема шанси да ја искористам во период од неколку години... Не е за мене очигледно, си се враќам на старите пудри кои досега сум ги користела. За разлика од неа, банана пудрата на Есенс ми беше одлична. Не ми одговараат мене продукти за фиксирање во прав, па во иднина ќе ги избегнувам.
За нова пудра сум па ја погледнав баш пред малку оваа на Римел стеј мат ама немаше тестери и плус ја немаше двојката и не бев сигурна дали да земам 03 peach glow мислам дека се викаше, пошто 01 транспарент ми изгледаше премногу бела. Барам по нет ама ми излегуваат со некое друго пакување и не се викаат исто нијансите. Некој ако ги има да постира swatches?
Предлог за транспарентна пудра користам на римел стеј мат ама многу ми се познава на лице и грдо изгледа. Имам мрсна кожа, барам некоја што ќе држи мат и ке го прави лицето нежно.
Мислам дека имам видено низ темиве дека ја користиш компактната пудра на Римел. Може ли да ми кажеш која нијанса ја користиш? Мислам дека истата ќе ми одговара. ( имам бел тен со розев подтон) @Mishela
001 ја имам јас и многу е светла, неутрална сум и не ми се допаѓа како ми стои нешто со розев подтон. Со таков подтон патем, е само 002 мислам, другите сите се жолти.
Јас имам розев подтон на лицето, мислев, не е жолт. Бела сум, ептен, затоа викам, која нијанса ќе е добра. Не барам пудра со розов подтон.
Мене ми треба помош со камена пудра. Имам маслинест подтон, не сум многу светла. Сега ја користам на Алверде, и ич не сум задоволна. Имам претерано мрсна Т зона, мора да ја матирам течната пудра.
И јас не сум задоволна од пудрите во прав на Алверде. Воопшто не ми ја матираат Т-зоната, а се собираат како ситна песок на површината на кожата, не можам да опишам поточно како изгледа, ама грдо е. Јас сум задоволна од камените пудри на Римел, ама немаат некој избор за потемен или потопол тен. Ако ти е само за фиксирање на Т-зоната, погледни ја новата Insta-fix. Транслусентна е и мислам дека ќе ти се допадне, многу е нежна а одлично матира и не го прави лицето бело. Погледни некој тестер во ДМ, па ако не ти се допадне ќе предлагаме некоја друга.