искусните кои експериментираат можат да те посоветуваат. Јас имам мешано камена пудра со пудра во прав исто поради утната нијанса. Си ја изронив пудрата додадов пола од посветлата пудра во прав измешав и готово. Вршеше работа.
Пудрава е кремаста , нешто како течна - крем пудра , не е за фиксирање. Ја имав пробано и за комбинирана кожа е добра. Малку тешко ми идеше нанесувањето А да, има и некои светки внатре
На сувите делови како легнува? Се мислев да ја пробам, имам претежно чисто лице, па сакав така нешто лесно Ти благодарам за мислењето.
Јас имам сува кожа и не ми одговараше, некако тешко изгледаше на мојата кожа. А светките посебно ме нервираа.
Извини што касно одговарам , не е за сува кожа ако сакаш пробај ја , не е скапа и така , може и на крај краева да ти одговара.
Јас имам комбинирана кожа и пудрата е стварно убава само што проблемот се нијансите ако имаш многу светла кожа ,мене најсветлата нијанса ми е темна.
Во Yes провери? Знам дека имаа производи од Rimmel.. или во Пано маркетот да провериш, имам и таму гледано пудри од Rimmel, ама не знам конкретно каменава дали ја има.
Of ne bi mozela da ti kazam, ne veruvam deka vo dm, cosmo tia takvite gi ima.. vo nekoja mini parfimerija u naselba da proveris
Иначе сакав да Ве прашам за совет/да ме упатите. После течната пудра ставате ли камена ? За денско шминкање се работи. Околу очи почна камената да ми ги истакнува брчките
Јас не ставам камена, не користам воопшто. Не ми се допаѓа како изгледа, се осеќам пренатрупано со шминка и ми ствара прашкаст изглед. Секоја брчка како да ми се истакнува имам чувство, дури и тие што не сум знаела дека ги имам Евентуално да ставаш само на Т-зоната малку, со избегнување на делот под очите. Се слагам дека многу суво изгледа и се што не треба се истакнува