ако имаш сува или нормална кожа не ти треба камена. ако имаш мрсна или комбинирана , тогаш се става на деловите каде што ти свети лицето,ама не мораш камена пудра, можеш да ставиш translucent пудра ,во прав има и во стисната форма, на аура и на есенс ми се добри мене, иначе безбојна е. и се става после течната и коректорот. јас имам нормална кожа ама си ставам малце под очите каде што имам коректор за да ми го матира тој дел. Јас ставам од таа на есенс малце под очите (bake си правам ) и мн е ретка и свиленкаста и не изгледа суво. Ама после шминкање секако се бањам во фикс плус,па невозможно е да бидам “сува“
Да, обавезно и јас морам да се нашприцам некогаш ако ставам камена за некој повод, инаку не можам да се поднесам. А комбинирана/масна кожа имам, со сува можам само да замислам како би ми било. Не знам, колку и да ставам и фикс плус, пак се осеќам како цементирана ако ставам камена. Која е таа на Есенс? Стави слика ако можеш
еве ја. имам пробано неколку ама оваа ми е некако нај ок, како свила е и не е многу бела, ако се поминеш со четка само малце, безбојна е.
Здраво сакам да ве прашам како ја избирате нијансата на камена пудра..дали потемна од течната или посветла.
Rimmel е околу 200, онлајн на еликсир провери на страната. Ја користам со години одлична е, не изгледа прашкастои цементирано, нијансирана е и за цело лице, на есенс ми изгледа за бејкинг дека е повеќе не за цело лице бидејќи е бела.
Јас во принцип мразам многу ставање по повеќе слоеви на пудра, се осеќам тешко на лицето. Течна и камена ставам само ако ми треба појака шминка за некој повод. Јас како замена за камена користам пудрата во прав на Алверде и сум многу задоволна. Летно време ја користам само неа, тогаш имам повеќе накај масна кожа и супер е, не ми затвара порите, природен изглед и не изгледаш како пет слоја да си ставил на лице, што е случај со камена кога ставам како фиксирано се осеќам. Не е скапа, од 250-300 денари е.
Може да ми препорачате translucent пудра, или некоја лесна камена ( римел ја користев многу е тешка лицето грдо ми го прави , под очите изгледам старо , кожата не ми е убава. А морам да користам камена или пудра во прав имам мн мрсна кожа. Тенкс
Оваа е многу добра и лесна, воопшто не се чувствува, а добро матира. Јас ја користев 010 транспарент мислам.
Оваа е таа пудра , белата универзална (мислам дека ФБ немаат пудри во нијанси - само оваа белата е и една во прав) Не е покривна , јас ја нанесувам со четка за пудра и лицето супер изгледа , матирано. Има и сунѓерче внатре и со него имам пробано да нанесам и пак не се познава пудрата на лицето. Јас не обожував вакви бели пудри (камени поготово) ама за оваа имаше позитивни коментари па морав да ја пробам
Мислење? Барам некоја нежна, све што сум пробала до сега под очите ме прави како 40 годишна, ми ги истакнуваат порите . Или предлог за некоја нежна. Пред 5 дена ја купив римел стеј мат ама се разочарав.