Предлог за камена пудра која би одговарала со Катрис ХД? Цената не е битна. Сакам лесна пудра без ефект на фацка брцната у брашно, а стеј мат од римел во последно време изгледа баш така.
За жал, кај нас најсветла нијанса е 200 која и сама по себе е темна. Тоа е моја летна нијанса, за овој период не. Незнам зошто е сиро Bourjois Healthy Balance старата верзија, Max Factor Loose Powder (во прав), Bourjois Java Rice Powder (ја има на LookFantastic). Сепак ти советувам прав затоа што се поситно мелени. Ова се подостапни мои фаворити, но ако сакаш да издвоиш пари и да ти трае многу а одиш странство - Chanel Universale е најдобар избор бидејќи е најфино мелена од сите на пазарот и не се познава воопшто, но чини околу 50 евра ако добро се сеќавам.
@LolaL фала ти ептен. Ке ги погледнам двете пудри, немам време да нарачам, а ниту сега скоро ке шетам некаде. А и ми треба пудра за утре.
@Chopard Кажи ми само ако користиш камена пудра од која марка ти е? И јас имам комбинирана кожа и морам да ставам камена пудра затоа што светам само со течната но одлична е многу лесна пудра и не ми прави никакви акни или иритации.
Од Кетрин Арли друга не ни имам пробано. Ја нанесувам со тапкање на челото и брадата. Понекогаш и на образите. За цената што да очекувам?! Ок е, си ја брка работата, а да давам 400 денари и за камена пудра не ми е баш приоритет. Ако имаш некоја да препорачаш слободно
Јас се мислам да ја купам камената на ингрид. Ја користам на debora камената не е нешто лоша, ама и не е нешто wow. <3
Мислење за пудрава? Ја користам на Римел стеј мат, но ми е накако многу сува за периодов, па сакам да ја пробам оваа.
Јас ја користев оваа минатата зима и ми беше добра, имам нормална кон комбинирана кожа со по некоја акна. Генерално е добра и не е брашнеста како Римел, е минимално покривна, ама сепак малку на сувите делови од образите не легнуваше најдобро. И оваа ја имам купено, и тоа баш најсветлата нијанса, и ми беше темна мене (користам Ревлон Колорстеј 150), и плус тоа одма ми се мрсеше кожата. Најсветлата на тестерот не се совпаѓа со производот што го купив, ама можеби беше до осветлувањето во парфимеријата.
Препорачајте ми добра пудра во прав. Сакав да ја земам оваа но прочитав дека оставала бело на лицето. Ја користела некоја?
Епа оваа се прилагодува на твојата кожа. Зависи колку количински ќе нанесуваш. Јас имам на nye пазарска што ја немам потрошено и е банана пудра во прав. Одлична е, можеш и за контури да ја користиш. Иначе порано имав ваква од есенц и одлична ми беше, се прилагодуваше ама не траеше долго. Исто банана пудра имаш и на makeup revolution во Голден Розе продавниците и имаш баш нијанси.
Јас моментално ја користам таа од Лореал и толку е лесна што не ни чувствувам дека имам пудра на мене а и доста покрива.