Пуканки

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од maleckaa, 3 ноември 2010.

  1. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    Дали ги сакате пуканките :) Какви сакате повеке солени или благи.Јас ги обожавам чоколадните ама незнам како се прават...па ако знае некој нека ни напише :D а солени јадам најчесто зимно време,и можам да кажам дека скоро секоја вечер вечерам пуканки :D Дали знаете колку се калорични...јас мислам дека не се многу калорични,ама не сум сигурна... :D
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    И јас многу сакам пуканки! Ептен.
    Во принцип пуканките се поздрави и помалку калорични од чипсот, па затоа подобро е да се грицкаат пуканки. Здрави грицки се :)

    Солените ги обожавам. Понекогаш растопувам путер и го преливам врз нив. Така се малку по мрснички, ама многу се вкусни.

    [​IMG]


    Благите не ги сакам многу. Вештачки ми делуваат и на изглед и на вкус. Ретко ги јадам. Еднаш пробав да направм со чоколадо....ама изгледа рецетот го утнав. Ако го начекам ќе го пишам.
    Морам да кажам дека имам пробано и пуканки со топено сирење кои беа вкусни, и пуканки со мед и кикирики кои ...искрено не сакав ни да ги пробам. :D
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Поинакви пуканки

    Состојки
    • Коцка путер
    • 1 чаша крупен шеќер
    • 1/4 чаша сируп од пченка
    • 1/4 чаша мед
    • 1/4 чаша Jaffa 100% мултифрут
    • 12 чаши испукани пуканки
    • 1 чаша сечкано суво овошје


    Упатство
    Стопете го путерот во мал сад, додајте го шеќерот, сирупот од пченка, медот и сокот. Нека зоврие. Намалете ја температурата и мешајте додека не се олади. Ставете ги пуканките и сувото овошје во голем сад. Прелијте ги со сирупот и промешајте додека не се изедначат. Ставете ги пуканките во голем сад за печење и печете ги околу 5 минути додека смесата не стане светло кафеава. Оставете нека се оладат и послужете ги.
     

    Прикачени фајлови:

    • pukanki.jpg
      pukanki.jpg
      Големина на фајлот:
      17,2 KB
      Прегледи:
      3.163
  4. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    за чоколадни пуканки најмал проблем за правење. Купи си вакумирани за во микро и за неполни 5 минути имас огромно кесе :D јас не сум голем фан за чоколадни, солените се многу поубави :rofl: :rofl:
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    А имало и чоколадни за во микро?? :?:
    Видиш...не знаев. Мислев само солени дека има!
    Ама јас па не ги сакам тие што се за во микро, некако мали се, и солени, во заб ми влагаат.




    Еве еден рецепт за домашни чоколадни:

    * 6 чаши испукани пуканки
    * 2 лажици маргарин
    * 2 лажици сируп од пченка
    * 1 лажица какао во прав
    * 1 1 / 2 лажица млеко
    * Прстофат сол



    Најпрво, нели испукајте пуканки.
    Растопете го маргаринот во сад на тивок оган. Ставете го сирупот, млекото, какаото и солта и мешајте убаво. Мешајте постојано додека да зоврие.
    Истурете го преливот во пуканките, и измешајте да ги опфати сите добро. Оставете ги да се изладат пред да ги послужите.
     
  6. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    синока ги направив,ммммм многу ми се допаднааа :D
     
  7. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    сакам пуканки, ама солени не ми се мн убави чоколадните позз
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    И мене обичните ми се најубави, со сол секако... А благите со чоколадо или јагода убави се на почеток ама поле тоа лошо ми е од нив :envy:
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Наместо со сол пробајте со вегета, многу убав вкус, мене ми се допаѓаат ;)
     
  10. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Е сега си направив пуканки солени домашни со повеке путер ммммм ...
     
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Значи гледам дека веќе неможам да не кажам ке умрам од јадење ама додека не ја изедам и последната мушки не се предавам :lol: Ги обожавам...дома...топло...убав филм и пуканки еден тон :inlove:
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Пуканки...мммм нјам нјам... моите омилени грицки! Ги јадам само солени...благи не доаѓа во предвид!
    Си ги јадам често, додека гледам ТВ, додека дремам пред компјутер, исто така додека се шетам си купувам секогаш кога ќе ме примами убавиот мирис на топли пуканки!
    Пуканки не би менувала ни за чипс, ни за смоки, ни за било кои други грицки!
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Ауу, сношти баш јадев, со вегета :mm:
     
  14. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    да и јас си ги правам понекогаш со вегета,така по не ме "подуваат" :D а се прекраснииии ;)
     
  15. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    13
    Е темава ме потсети да си направам деновиве, неодамна купив од Џамбо хартиени садови за пуканки, онакви ко во кино...добар филм без пуканки не иде :)
     
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    ги обожавам пуканките, особено солените, благите некако по не ми се допаѓаат, иако сум по благото :) , а не јадам многу често, незнам зошто дури сега се замислив??? :D :D :D
     
  17. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    пуканкииииии мммммммммм а посебно чоколадни најчесто јадам кога ќе гледам кул филм и во кино
    [​IMG]
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    22.232
    Пол:
    Женски
    Обожавам пуканки, и солени и благи.. Особено во друштво на дечко ми, под некое ќебенце, гледајќи добар филм..Уживанција :)
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Сакам пуканки многу. Купувам од оние што се за во микробранова и за 2-3 мин имам цела кеса пуканки. КОга гледам некој филм обавезно си правам
     
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Не сум знаела дека има и чоколадни пуканки :^) , а од обичните правам секој ден стави ги во машината за пуканки и за 5 минути имаш полн сад :rock: