Мммммм.. Омилени ми се скоро секоја вечер јадам, бидејќи пред легнување гледаме филм со дечко ми, па дури и да не гледаме од навика пак си правам пуканки т.е. зависник од пуканки (а и ги јадам оние дома шо се прават у тенџере на малку масло, тие готовите не ми се свиѓаат)
пуканкииии со мешана(мелена,тепана којзнае каква не више,незнам право име) сол најубави, прво си пукам пуканките во тенџере со зејтин без ништо друго па кога ке ги извадам им ставам од „оваа“ сол
Значи се давам у нив значи Еден ЛЕГЕН пред спиење ми одат онака,дали уз филмче или уз чат на фејсбук, али одат и те како. Ги сакам НЕСОЛЕНИ. Уште од мала баба ми ме научи такви да ги јадам, и искрено фала и. Не ми треба дополнителни задржувачи на водата и целулит
Како да ги правам оние со чокалодо? Кога веќе у продавница кога побарам пукнки за у микро ме гледаат како од марс за сум, обични ќе правам.
И јас сум еден popcorn lover. Па како да не сум доволна само јас сега сакам да го заразам и мојов. Обавезно уз филмче а често и без него знаеме да си апнеме. Еве една идеја како да ги јадете пуканките ( ова е само за тие пуканкојадачи што ги сакаат пуканките благи ) Карамел-пуканки Потребно : 90 г путер 180 г кафеав шеќер 50 мл сируп од пченка сол на врв на лажиче сода бикарбона на врв на лажиче 90 г испукани пуканки Подготовка : Рерната загрејте ја на 100 Целзиусови степени. Во мало тенџерче ставете го путерот да омекне на најниска температура. Внимавајте да не почне да врие затоа што тогаш ќе загори и поцрни. Во тенџерчето додајте ги сирупот од пченка, шеќерот и солта. Мешајте со дрвена лажица за да зоврие смесата. Кога ќе почне да врие, оставете да проврие уште 4 минути немешајќи. После 4 минути, тргнете го тенџерчето од оган и ставете ја содата. Промешајте. Испуканите пуканки ставете ги во плитко тавче за печење, претурете ја смесата врз нив, промешајте ги и ставете ги да се печат во загреаната рерна еден час со мешање на секои 15 минути. По еден час, извадете ги од тавчето и оставете целосно да се оладат. Потоа, кршете ги на мали парчиња. И voilà, спремни сте за филмче.
Уффффффф многу ги сакам ама не во микробранова,туку во тенџерче напраени во масленце така испукани најздрави се велат.А една идеа девојки дечко ми ме научи на пуканки со кечап кој знај кај му текна,а еднаш направи со вагета ама јас не ги пробав
До пред некое време мајка ми нон стоп купуваше од оние за во микровална и оп за 3 мин готови се. Да вкусни се,но воопшто не е здраво. Па затоа почнав да ги правам во тенџере со маслиново масло. Многу се поздраво и многу повкусно
Е како се приготвуваат бре тие air popped пуканки? Знае ли некој рецепт за пукање без масло ,па да ме подучи?
Со специјално апратче кое ги пука со помош на топол воздух... чини околу 1000 ден. а ги има по продавнициве за електроника