Вкусни ми се, ама избегавам да ги јадам често, затоа што се калорични. Купуваме од тие за микро што се.
Јас со моиве експериментирања, увидов дека пуканките пукаат помалку кога ги правам со путер или маргарин. А кога ги правам со зејтин, целите расцветуваат и се многу големи. Арно ама, вкусот со путер или маргарин ми е многу поубав, поубаво ми мирисаат. Па затоа си направив комбинација - малку зејтин, малку маргарин. Ја пуштам ринглата за да се стопи маргаринот и да се смеша со зејтинот, додавам пуканки, ставам сол и готово На крајот се убаво испукани, а пак имаат убав мирис и вкус. Е сега, мана им е тоа што откако ќе се изладат, маргаринот се стврднува, па и пуканките стануваат малку потврди. Ама јас одма ги јадам, па не им дозволувам ни да се изладат И уште една маана - вака припремени содржат повеќе калории, па гледам што помалку мрсни да ги правам. И морам да кажам дека пуканките направени во тенџере, се многу повкусни од тие направени во микробранова.
Ги сакам ама не ми текнува многу за нив освен кога сум во кино. еве утре ке гледам twillight па ке си апнам..
Пуканките за во микро од Кам маркет ми се хит последниве 2 месеца. Порано ужасни ми беа пуканките во микро, не допукуваа, мали , ситни, да искришиш некој заб, ама овие се феноменални. 3 пакетчиња има во кутијата, за 55 денари, а од едно пакетче се полни голем сад. Соленки и воопшто како да немаат масло. Милина!
eден ден бевме со една другарка кај мене и ај пиканки ќе си правиме...ги испукавме ии видов дека во фрижидерот има чоколаден прелив....беа исти како оние чоколадни кои што се продаваат па дури и повкусни
Драги мои диеталки, јас вчера успеав да направам пуканки без зејтин Татко ми ги тера цели божиќни пости, а оваа недела како прва, пости без зејтин. Па пробав да му направам пуканки за да го заситат, бидејќи и нема некој голем избор што да јаде. Го загреав малку тенџерето, и ставив пуканки (без да ставам сол ). Совет - бидејќи нема зејтин, мора брзо да го мрдате тенџерето инаку ќе загорат. Откако ќе допукаат, реагирајте брзо и одма префрлете ги во некој сад, бидејќи можат лесно да се залепат за дното. Сол не ставајте при пукањето, туку отпосле, бидејќи всушност заради зејтинот солта се лепи за пуканките. Ако ставите сол пред да ги испукате, најверојатно ќе се испозалепи за тенџерето и ќе загори. Откако ќе ги ставите во сад, додадете сол. Секако, најверојатно пола сол ќе заврши на дното од садот и нема баш да се залепи за пуканките, ама и онака солта е штетна, па можете и така да ги јадете
Многу сакам, ама ете одамна не ми текнало да купам. Одвратни ми се солените пуканки. Не трпам сол и многу се нервирам кога ќе отидам на кино и спремиле 30 кутии, па нема сакам/нејќам сол.
Едно по друго ми се прашањава,ама ај може ќе се најде некој да одговори на ова...Пуканки можат да се прават со маслиново масло,и дали така се поздрави или исто е ?
Јас напраив еднаш со маслиново и многу ми искочија зејтиносани, ептен јак вкус на масло имаа, не ми се допаднаа воопшто. Дали се поздрави незнам, знам дека имаа одвратен вкус. Ду нот трај дис ат хоум
Вчера пробав со вегета, и ме гледа тетка ми и ми вика: А мори ти нормална си?! Јас невино ја гледам хехех... Иначе не беа лоши, ама пак не би пробала...