Пуканките ми станаа навика. Скоро секоја вечер ги јадам со филм или серија. Благите не сум ги пробала а и нејќам, не ми изгледаат убави.
омилено ама од како забременив се омилено јадење не ми е како порано A пуканки 2пати на ден правев а сега
Многу ги јадам и често правам, ама не ги сакам оние во кеса спакувани, сакам јас дома да си ги правам.
Правам понекогаш, кога не ме мрзи инаку јас ги сакам ептен солени . Кога јадам јас, било кој друг колку и да сака не може да ги јаде така солени
Супер се коа си гладна вечер а неќеш ништо што дебелее Ги јадам тие за у микро, вкусни се и брзо се прават. Ги преферирам обичните, во портокалова опаковка, од тинекс обично ги зимам
Обожавам, но мм ги прави најчесто и затоа неможам врз нив да ставам зејтин и да ги измешам.Ова за зејтинот го знам од поодамна пробано, мрснички се но вкусни се многу и остануваат исти. Ги сакам со многу сол, најчесто ги јадеме со филм и се добра замена за чипс
Обично си правев пуканки во микробранова од тие со путер, милина ми се. Супер друштво ми се за серија/филм. Дечко ми прави најубави пуканки на свет ги прави на маслиново масло и некои зачини им додава,ептен убав вкус имаат.