Meне и чоколадните и солените ми се многу убави на секој натпревар кога ќе гледам ракомет мама со пуканиките спремна е и 2 полни чинии ги јадам за 10 мин. сама Сега видов рецепт за домашни чоколадни па мама уутре другиден ќе има работа
А како се прават чоколадни пуканки? Знам, глупо прашање, ама секогаш кога ќе пробам да импровизирам како би требало да се прават, ми се залепуваат една до друга и за никаде е се..
Сакам пуканки и тоа како.Не ги сакам чоколадниве,не дека не се убави ми се тужи од нив.Ги сакам повеќе солените.А ова лето видов и јагодазирани пуканки.Тие се гадни. А инаку никогаш не ми е била јасна форава со пуканки кога гледаш филм.Јас обично сум придружувана од марамчиња бидејќи преферирам тажни филмови.
Јас сум дефинитивно зависник од пуканки. Обични, соленки, си ги пукам во машинка за пуканки. Не ги сакам чоколадираните, ниту со јагода и слично. Дневна доза ми се.
Си купивме апаратче за пуканки, така да сега штом ни се пријаде, за 2-3 минути имаме свежи, врели пуканки, плус цел стан прекрасно ни замирисува ! Што е најважно, здрави се, пошто не се става зејтин, само малку сол ставам. И, доколку ни дојдат (ненајавени) гости, а немаме грицки, одма правам пуканки (децата ги обожаваат! )
A znae nekoj kako moze namesto so aparatce na nekoj drug nacin da se napravat so parea da ne so so zejtin?
Јас кога ги правам пуканките во тенџере не го покирам со капак ,ставам чиста кујнска крпа да ја упие влагата,по крцкави никогаш нема да излезат а кога ме мрзи ги ставам во микро
И ние го имаме , супер е апаратчето. Башка нема тенџере за миење . Единствена маана му е тоа што солта не се лепи убаво за пуканките ( затоа што нема зејтин), ама па затоа се по здрави. Нема да згрешите ако го купите, супер инвестиција.