Како ги правите солените пуканки со сол/вегета прашувам за тенџере или како и да е, пошто немаме апарат за пуканки?Купуваме најчесто од тие што се во хартиена ќеса за во микробранова, случајно видов сега дека имаме пченка од КАМ за пуканки така стои којзнае колку време, а ми се пријаде ептен пуканки
Во тенџерето ќе ставиш малку зејтин, сол и пуканките. Јас ги правам без сол, дури откако ќе испукаат ги посолувам. Така ми се повкусни. Со вегета не сум пробала до сега.
Поубави ми се во тенџере направени . Иначе за побрзо во микробранова ги правам . Слушнав вчера дека пуканките пукани во микро се канцерогени , ств ?
Има некоја теорија дека се што е правено во микро е потенцијално канцерогено. Не знам колку е точно, ама мене не ми е баш веродостојно. Инаку, поубави се правени во тенџере, така помрснички
И мене ми се убави пуканките, не ги сакам ни солени ни благи, си ги правам во тавче или тенџере што ќе најдам ( и затоа ме кара мајка ми ) со масло без нисто друго и секако некое филмче или со добро друштво, поубаво нема
Епа јас утре ќе правам пуканки да не ја видев темава немаше да ми текне. одамна немам јадено ,солени ми се поубави на благите вкусот им го заборавив, со вегета немам пробано, прв пат овде читам дека и така може да се јадат, ќе пробам и ќе пишам дали ќе ми се свидат.
Татко ми е махер за пуканки, он ги прави со путер наместо зејтин. Јас вообичаено им ставам кило сол одозгора и седнувам пред телевизор со цела вангла пред мене Инаку колку што знам не се калорични и баш се добри за организмот бидејќи ги прочистува цревата.
Преубави се правени на путер!! Сум пробала и се далеку посочни од оние на зејтин. Инаку да, здрави се. Поздраво е да се изеде вангла пуканки, одколку еден чипс. И помалку калорични се од чипсовите.
Пробав пред некој ден благи пуканки да напраам, и ми успееа ко за првпат. Значи ставате зејтин малце повеќе во тенџерчето за пукање и ставате неколку лажици големи шеќер. Вкусни се, само не треба предолго да ги оставате во тенџерето, што побрзо се вадат уште кога ќе почнат да пукаат првите пукански да не ги чекате сите до крај да испукаат зашо ќе изгорат. Кој сака нека проба, не е под моја одговорност
Ги обожавам, а баш утрово гледав на ТВ имаше една емисија на Алфа, кажаа дека пуканките го намалуваат стресот, доколку се конзумираат непосолени и се приготвуваат со многу малку (или без) зејтин. А оние чоколадните, искрено не ми се допаѓаат ич, повеќе сум за класичните солени пуканки
Баш сега си правев, пред да седнам да муабетам со вас. И верувале или не, ги пресолив, ама не ми е ни битно, и отров да се - си ги сакам најмногу На здравје!
Баш пред некој ден јадев од оние за во микробранова што се со вкус на сирење, мммм многу ми се допаднаа
Кај ја видов темава, пууу ептен ми се сојаде сега. Аааа за вечер си земам пуканки, пуштам серија. мх мх Ги јадам само тие за во микро, пошто за 3 минути е готово, нема рашлакано по шпорет...