Пуканки обожавам,посебно неизбежни се кога гледаме серија со сестра ми Инаку најмногу ги сакам тие во микро што се прават со путер,ама веќе подолго време немаме микро па јас и мајка ми правиме обични,некогаш со вегета,некогаш со кари. Исто така купечките на клипси мислам беа,со кикирики се измислица на векот
Поубави ми се оние што ги прават низ чаршија и ти ги ставаат дирекно од тенџере во хартија отколку оние спакувани во продавница. Не знам дали има некоја голема разлика, но едноставно тие поубави ми се. И чоколадните што беа хит едно време.
Секој ден си ги јадам и тоа по едно од големите пакувања..прекрасни се навистина и кој не пробал му советувам утре одма да си купи па нека пише дали сме во право...мљац
Многу сакам пуканки и ја сакам секоја пригода кога можам да ги јадам, прослави, кино, гледање спортски натпревар, филм, серија на тв,...
Ај предложете некое апаратче за пуканки? Гледам има доста кинески по многу пристапни цени ама па у не сакам да ми цркне за 4-5 месеци.
И јас ги сакам мноогу пуканките . Со золва ми , кога и да гледаме филм , купуваме големо пакување ( оние од 50 или 55 беа ) и ги правиме половина . Едно големо тенџере за неа , едно исто толку големо за мене . Искрено , не пребирам пуканки . Какви ќе најдам такви јадам . Во превод дај шта даш само да е пуканка . И надимак си добив по тоа од мм . Погодете каков
Побарај во Агротехна. Таму има. Јас не сум за апаратче затоа што пуканките не се вкусни како оние што се пукаат во тенџере. И помрсни се затоа што отпосле им се става зејтин.
Обожавам пуканки. Тие од Кам на Салути ми се многу вкусни, за смешна цена ниту пукам ниту се замарам со миење на тенџере.
А и за цената вредат. Откако ги има, не пукам во тенџере. Не се замарам дали ќе испукаат сите. Си купувам готови и мирна глава.
Звучи како интересна комбинација, иако немам пробано пуканки со вегета. Имам пробано купечки со кикирики, сирење, чоколадо, или домашно приготвени само со сол, но одлучив да пробам и со вегета.
Јас си купив од Нептун, не памтам која цена беше треба да проверам. Многу се повкусни пуканките, воздушести и крцкави. Никогаш не сум сакала мрсни пуканки, ниту презачинети. Да си купиш, раат е.
Го купи мајка ми, на попуст некои 790 денари. За парите е супер. И јас ги обожавам исти такви плус немаат многу калории.