online-proizvodi.mk се вика страна на фејсбук.И мене многу ми се допадна, а и пристапна цена ми е..И плус навечер дома си јадиме вакви работи пуканки, лиснати кифлиња, грицки, овошје..А и ќе има забава со апаратов, сигурно хахаах
Сакаш маж ми да ти ги испука? Најубави пуканки прави. Имам пробано пуканки правени во машинка, ама не ми се допаѓаат. Тенџере си е тенџере.
@SummerGirl А тек баба ми! хаххаах На шпорет со дрва, во едно нејзино тенџере што го употребува само за пуканки..еее тоа е ПукКанКа!! п.с.-кога веќе си кажуваме, морав да ја споменам и баба ми! хахах
Послатки ми се пуканките од тенџере. Од машинка не ми се допаѓаат затоа што отпосле им се става зејтин. Немаат убав вкус. А и убави се оние од Кам маркет.
Избегавам купечки готови пуканки или оние за микробранова, многу ми се солени, а и со палмино масло се праени повеќето. Само во тенџере или евентуално во овај апаратов, со додаток на мешавина зачини: чили, кари, куркума.
Може глупо прашање, ама на крај кога ќе ги испукате пуканките тогаш ставате вегета? Претпоставувам не додека се прават за да не изгори вегетата
Обожавам пуканки.Ги јадам оние купечкине на Кам маркет,а понекогаш ја терам мајка ми да купи пченка и да пука пуканки во тенџере.
Како излегувате на крај со гламносаните тенџериња? Некогаш ми успева малце да ми се испрља а некогаш многу... има ли идеална минутажа за пукање и на која јачина на шпорет??
На времето правев. За да не загори тенџере малку масло и цело време протресување на тенџерето. Откако ќе загори жица или контејнер. Сега од кам си купувам.
Зејтин се става на цело дно од тенџерето...јас ставам пченка прво, цело дно да се покрие убаво, па ставам зејтин да се покрие пченката ама не премногу, ставам сол и мешам малку и на вруќа рингла, на најака температура ги пукам пуканките..преку капакот на тенџерето ставам кујнска крпа оти нели додека го мрдаш тенџерето, може да прска зејтин малку...мешаш, па го тргаш од рингла, подотвараш, погледнуваш, протресуваш, пак мешаш на рингла и кога ќе чуеш дека пукањето веќе престанува ги тргаш од оганот(виде објаснување, а)
Ги обожавам. Ги правам без зејтин и без сол во popcorn- maker. Не се лоши така.Кога не ме мрзи ги правам со зејтин и малку путерче. Најубави ми се од Cineplexx Цел Сити Мол до доле мириса.Тазе се, превкусни И тие од Кам се супер.Башка се економични се јадачи ко мене.Филмот уште не почнал, а пуканките ги нема
Совршено! Ова ќе иде на screenshot, барем за првите неколку пати дур стане навика Фала бабче! Е со оцет не сум знаела..иначе, чистам за чистење ама работава да не дојде до тоа ако може
Не јадам често, но кога ми се каснува, ги пукам во микро во сад од Карес за пуканки без масло и без сол.