Јас не јадам често пуканки, само понекогаш најчесто вечер кога ќе ми се пригрицка нешто ставам у микро за 3 минути се готови.
Не јадам често. Не знам зошто ама ретко да ми се пријаде. Не ми се ни нешто вкусни. Не сум многу по солено може затоа.
Па 2 пати неделно секако јадеме. Најчесто кога гледаме филм. Јас повеќе преферирав да ја ставам кесата во микрото и сами да се испукаат ама на мм не му биле убави такви, мрсни му биле, та цела куќа мирисала и сега затоа тој сам си ги пука во тенџере. Мене ми се убави и вака и така.
Не ги јадам често, иако ги сакам. Само солени, порано ги пукав во микробранова, сега јадам исклучиво Clipsy (обични) .
Штетни се за мене бидејќи лани имав здравствен проблем поради кој морав да поминам низ 2 операции.И повеќе не смеам да ги јадам. А,и онака не треба да се јадат често.
Прееска од што ме мрзеше да напраам вечера, јадев пуканки, па од оние чип кикирики (портокаловите), па чоколадо
Обожавам пуканки, посебно оние за микробранова со вкус на путер. Ама цела соба смрди од нив, па јадам обични со сол.
Еден од најдобрите поклони што сум ги добила е машинава за пуканки! Се користи масло при секоја употреба што значи не се баш диетални, ама затоа се превкусни, исти како во кино.
Пуканки јадам често, добра замена ми се кога сакам нешто да грицнам а тоа да не е чипс. Со филм секако!
Кога се дешава некоја драма, траги комеди на форумов одма зимам пуканки. Чат пат со другарчињава фемински заедно јадеме.
Здраво, пробав, но не најдов тема која е слична или иста како насловот па да имам можност да отворам дискусија. Дали сакате и вие пуканки да јадете како една од најздравите грицки? На кој начин ги приготвувате, како ви е најлесно, како ви се најубави. Искрено моето отварање на темава е повеќе насочено кон тоа дали некој користи апарат за пуканки, дали пуканките кои ги прави се убави дека пишува без маснотии, дали сепак можам да ставам малку масло во нив зашто сигурно се поубави така? Дали ви користи ваков апарат?
Јадеме пуканки, ама испукани во тенџере. Другарка моја има апарат за пуканки, ама не ми се вкусни. Откако ќе испукаат се става сол и масло. Не е тоа тоа. Вкусот не е убав.