Имам едни во шкавче, никако да се намолам да ги испукам. Не за друго не можам да ги изедам сите, а кесичката е прилично голема. Од тие за во микробранова што се пукаат Ако некој сака Изволте
Обожавам, и не ги купувам самата си ги правам. Некогаш само со зејтин и сол, а понекогаш и со маалку оцетче...
Девојки, а како се прават чоколадните пуканки? Ги има правено некоја од вас? Само не ставајте некои американски рецепти, сакам ваше искуство, бидејќи сакам да ги направам ама навистина не знам како
Сеси ако имаш микробранова трк до најблискиот маркет и купи си пуканки за во микро, има со различни вкусови меѓу кои и чоколадни Инаку незнам како да си направиш сама...
Сеси јас си ги пукам најнормално пуканките со масло ама без сол. Потоа на малку путер растопувам едно до две кујнски чоколади и дел до дел ги валкам пуканките во растопеното чоколадо.Ама ќе почекаш малку да се излади да не се смекнат ептен. Е сега финтата е и да не е ептен изладено чоколадото дека пак се стврднува. Потоа ги редам во тавче за печење да се подзасушат и на крај кревам прашина од јадење
Да точно е дека пуканките за во микобранова се канцерогени! Инаку јас обожавам пуканки,солени!Баш сега си направив!А знае ли некој како се праватчоколадни пуканки?
Обожавам пуканки, ама само оние солените. Чоколадните ми се одвратни. Обавезно имам по дома и најчесто само јас ги јадам (и сама си ги правам ).
Јас и дечкоми просто обожаваме пуканки. Последниов период многу им се настрвивме и често грицкаме, а чипсовите се почесто ги заобиколуваме а пуканките се и многу поздрави. До скоро јадевме пуканки од микробранова, ама и тие не се баш здрави. Затоа си купивме машинче за пукање пуканки на Северин и е стварно одлична работа. Не треба ни сол, ни масло. Најздравите пуканки на светот, направени само на топол воздух!
Кога гледам филм обожавамм да си испукам пуканки и да гледам и да јадам. Уфф во моментов ама ми се пријадоа
рецепт за чоколадни пуканки малку повеќе масло пуканките ги ставате уште од почеток и посолувате шеќер и какао околу 2 лажички ептен се убави