Во последно време си правам пуканки со путер. Ептен добар вкус дава и ептен се крцкави, онака тазе што би се рекло. Прекрасни се. Добро е што научив така да ги правам, не дека е кој знае која филозофија, ама ете никогаш не ми текнало.
Зависник сум од пуканки ,посебно одкога читав за едно истражување дека пуканките не се воопшто штетни ,напротив тие се здрави за срцето и крвните садови. Спојлер Во својот состав содржат „изненадувачки голема“ количина на антиоксидансот полифенол кој ги уништува слободните радикали – штетни супстанци кои предизвикуваат болести како рак и срцеви проблеми.Исто така пуканките имаат три пати повеќе растителни влакна од иста количина на сончогледово семе, поради тоа подолго ќе се чувствувате сити. Освен тоа, оваа корисна грицкалица го регулира нивото на шеќер во крвта, па не чувствуваме потреба да конзумираме слатки, го намалуваат нивото на лош холестерол, а и содржат и доза на витамин Б Не се штетни се додека не се претерува со сол и масло .Најдобра комбинација добро филмче & полна чинија незагорени малку потсолени пуканки
Често си пукам сама пуканки. Не ми е интересно да ги ставам во микробранова и да се пукаат сами,плус и се многу мрсни те за во микро. Затоа го трескам тенџерето на шпоретот и цела куќа замириса на пуканки
една порција пуканки + кока кола = 3 хамбургери Јас ги јадам многу но овие пукани на шпорет со сол и масло. Еднаш јадев од тие што се пукаат во микробранова со вкус на кашкавал и беа катастрофа и од тие со вкус на чоколадо но и тие не ми допаднаа, благички, јас си ги сакам солени
Ги сакам, но многу ретко јадам. Мора да се без сол и се нервирам кога ако купувам во парк на пример, иако му речам на тој 10 пати без сол да бидат, пак става. -.-
Мн сакам пуканки...Има купечки пуканки..кој се пукаат во микробранова..ја ставаш кесичката во микробранова и ставаш на 3 и пол минути..и за 3 и пол мин имате преубави и топпли пуканки...има со различни вкусови како на пример со путер,сиренје и чоколадо..Мене најубави ми се со вкус на путер..
Многу сакам пуканки а и често си правам,јас не ги сакам тие за во микро,сама си пукам и како што вика блонд цела куќа да ми замириса на пуканки хехе
Дома кај мене сит се ,,луди,, по пуканки ,но по оние што се пукаат во тенџере,оние за во микро не ни се баш погодени,а пробавме повеке видови.
Благите не ми се допаѓаат, чудни ми се некако, ама затоа солените ги обожаваммм! Исто така, не оние за во микробранова, туку во тенџере испукани. Уфф, сега ми се пријаде..
Обожавам пуканки без разлика дали се чоколадни или солени,поцесто приготвувам солени,благи си купувам .А кога сме кај калориите помалку калорични се доколку ги приготвувате со маслиново масло наместо со зејтин.
обожавам пуканки постојано си правам(мајка ми прави де ) сакам и солени благи сите ми се убави посебно оние кога не се направени како што треба зрнцата мислам дека знаете на кој мислам