Мммммм пуканкиииии обично правам за сите дома али на крај секогаш сама си ги дојадувам и никогаш не ми е доста Не сум јас крива што сум зависна од нив
Обожавам пуканки, а и дома си имам една мала машина за пуканки и готови се за пола минута, а доброто е што се без масло а со самото тоа и помалку калории
Ги обожавам и солени и карамелизирани мммм њам Карамел пуканки 2-3 лажици масло 150g. пуканки 140g. шеќер 150-200 ml. слатка павлака 50g. путер Во сад се става шеќерот на оган и се прави карамел. (да се добие златно-жолтеникава нијанса) Се додава павлаката и на крај путерот откаако ќе се тргне од оган. Предходно испукани пуканките. На тепсија од шпорет се става хартија (за готвење) па пуканките и одозгора се попрскуваат со карамелот, па потоа се промешуваат. P.S. Совет пазете да не претерате пошто се калорични али тешко успева кај мене да престанам превкуси се. Па среќно!
Испукав цело тенџере, јадевме и гледавме филм и сега ми е лошо Многу се тешки бре, сега Рутацид ќе треба да пијам од киселини не знам како ги јадете со додатоци, не ви се силни ?
Јас воопшто не јадев пуканки. Кога и да пробав, како најлон да јадев Во последно време почнав да ги јадам, ама само со филмови. И убави ми станаа. Најубави ми се кога се ЕКСТРА солени. Инаку онака ми се бљуткави Ах, и да ви се пофалам денес јадев една цела ваква чинија
Се кладам дека можам да изедам еден тон и да побарам уште , ама од солените. Секој Божји ден ги јадам ,кога ќе ми текне , во 5 наутро - во 5 , нема проблем. Морам да се пофалам и дека сум експерт за пукање пуканки ,кој сака да ги проба ,да ми повели на пуканче
Обожавам пуканки! Повеќе ги сакам солените, повкусни се! Спојлер лелее, зошто ли ја видов темава? Сега ми се пријаде пуканкии...
Многу ги сакам,ама солени! Порано многу често си правев ама во последно не ми текнало да си направам. Мх,мх почна да ми се јаде,кај ја видов темава
Пробајте пуканки со вегета,наместо со сол....мммм јас кај другарка пробав и неможев да престанам да ги јадам,и од тогаш само со вегета
Речиси секој ден правам пуканки. Солените ми се најубави, чоколадни немам правено и незнам, но кога ќе ме фати стрв купувам едни и многу ми се тешки за јадење и повеќе од пола ми остануваат . Имам пробано и за во микро со сирење и со путер убави се, но оние што не се за во микро ми се мнооогу повкусни.
Оти така? Не се многу калорични, и не се зло од коа треба да се пазиш ко фаст фуд. Само нели со солта да не се претерува... Јас инаку само солени јадам. Благите неможам да ги замислам, не ми иде некако блага пуканка, не сум ги ниту пробала. Ако ми се јаде благо никогаш нема да ми текне на пуканки, ако ми се грицка солено тогаш први се на листа Оние за во микробранова ми се многу вештачки, оние обично правените се далеку подобри