Многу сакам пуканки. Али уште не сум пробала благи.. Најубави ми се тие што се ставаат во микро печка-солени.. За 5-10 минути готови се.. Спојлер Само мрзам кога ќе ми се заглави во грлото тоа жолтото.
Најслатки ми се домашните пуканки... со путер и сол,најмногу сакам да јадам топли пуканки и да гледам добар филм .. ммм
Јас ги сакам, а чоколадните ги обожавам ... Ќе ги направиш исто како солените но наместо сол ќе му ставиш прелив или топено чоколадо за готвење и ќе почекаш да се стврдне тоа и потоа ам ам ам
Претерано ги сакам ,можам слободно да си се прехранувам со нив до крајот на животот! Во таа чест ,за најскоро време слегувам да испукам едно пакетче. Кој милува - нека ми повели на пуканка
Пуканки.. ммм Многу ги сакам, но поретко ги јадам.. Во зима ги јадам повеќе секако.. Ги сакам солени, а дали се калорични незнам.
Обожавам пуканки, ама благите не ги сакам. Не знам, може дека сум навикната на солените, па овие ми имаат чуден вкус. Инаку, многу ги сакам тие со вкус на сирење. Мммм..
Пуканки, ги обожавам! Со екстра сол мх, мх Дома ретко правам, а имавме една тегла, незнам дали има останато , најчесто си купувам од надвор кога одам.Благи не сум пробала, ама не би ми шкодело да пробам .
Обожавам пуканки. Ги сакам и благи и солени, ама најчесто си јадам солени. Предобра комбинација ми се пуканки и филм. На првиот пост имаше прашање дали се калорични Имам прочитано дека пуканките без никакво зачинување ( на пример: сол, маргарин, чоколадо и други вкусни комбинации) не се калорични многу . Мислам дека вакви три чаши имаат 100 калории Наздравје !
Порано многу јадев и сакав пуканки, обични, солени, сега ретко ги јадам. Често знам да си испука дома и така со филмче, а да купам низ град како порано не...
Јадам пуканки, секогаш солени особено на вечер кога одбегнувам да јадам некоја друга храна и го мамам желудникот со пуканки . Знам дека не се многу калорични. А благи не обожавам..
Во врска со пуканките сакам да прашам нешто . Јас многу ги сакам пуканките а ќерка ми ги обожава и чењсто ги правевме во микровална скоро секој ден . Правевме од тие пуканки што се предвидени за во микровална но слушнав на тв дека биле канцерогени бидејки кесата била премачкана со некоја смеса како тефлон која кога се загрева паѓала на пуканките .Од тогаш веке не парвам од нив а ќерка ми стано бара да и правам . Знае ли некој нешто за ова .
Па најдобро пукај и во тенџере и мирна глава. Нема ризик. Знам дека е полесно во микро, ама и онака е 5мин работа, ем немаш гајле ем ќе си јаде пуканки
Сега јадев пред 10 мин Во микро ми се најомилени, со вкус на путер или сирење. Јадам скоро секој ден.ммммм
Јас имам како масинка за пуканки во која ги ставам и сами се прават ни тенџериња ни ништо Мислам сека ја купив од Вицко или Аџико Инаку сакам солени пуканки, благите не ми се убави, ги јадам најчесто со некој добар филм
Многу сакам пуканки. Ептен. Солените ми се многу вкусни, а благите поретко ги јадам. мммммммммммммммммммм