Гнетам ко луда, доста често, ама најчесто додека учам или ако се загледам некој филм. Порано се мачев во тенџњере пукај, треси, притресувај се и пак ќе ти загорат, или ќе има поише непукнати одколку пукнати. Затоа сега бате, отварам паковање, отварам микрото, шлап пуканиките, шлап температура 1000, шлап 5 минути...пук,пук,пук...и опала ете ми цела чинија пуканки за помалку од 5 минутки . А сега малце ме подисплашивте со еве демек канцерогени да ти биле, ама па што знам често јадам а ништо не ми е . Ај сега ќе нанам, а утре здравје ќе прогуглам да видам чика Гугл што ќе каже .
Пуканки строго солени. Иако мн јадам чоколадо, не сакам чоколадни. Имам пробано со вкус на јаболко, јагода и чоколадни.. не ми се свиѓаат.
Не сум многу по пуканките,ми се пикаат во заби и не ми се вкусни,можеби за некого чудно ама многу ретко јадам пуканки
Уживам кога јадам пуканки значи, превкусни ми се, но и најчесто ги јадам за време на гледање филм па така двојно задоволство.. Е сеа, сум приметила дека пуканките испукани во тенџере имаат пооргинален вкус на пуканка отколку овие во микро. Не дека не ги обожавам и вториве, туку ете сум приметила тоа.. they taste different.
Многу сакам пуканки, повеќе сакам благи ама не знам такви да правам така да благи јадам само во Охрид кога одам(само таму знам каде има ) а дома си правам солени, ама ретко ги јадам пошо јас не знам да правам тоа мајка ми ако се нафати.
Многу ги сакам Љубител сум на благите, ама најчесто јадам солени, зашто незнам да си направам онакви чоколадни Инаку си купувам од оние соленине за во микробранова и досега неможам да се пожалам
Солени пуканки не сакам.И воопшто не ми текнало некогаш да побарам пуканки....се додека не ги пробав чоколадните по долго убедување на другарка ми.Мислев дека се грди,не можев да замислам благи пуканки.Ама кога ги пробав..мм тоа беше љубов на прв залак Сега често си ги купувам кога сум излезена на шеталиште,дома не знам да ги направам
Јадам секакви...Сум пробала од се од сирење,путер,тие во разни бои,солени,чоколади и.т.н Секако поубави ми се благите
Денес јадев на кино,беа малку пресолени(тоа сигурно за да купиш вода ) но ок беше за со филмот...цел филм ги јадев,епа беше смешен за да не се задавам и пополека и потоа останаа го кола ,но дома ги дојадов
Порано моите родители имаа машина за правење на пукнаки и често јадевме. Сега одкога се омажив маж ми ми прави дома во тенџере, и излегуваат пре превкусни , колку ми е по ќејф кога ке направи
Од благите ми се повраќа, ама солени, испукани со путер место со масло во микробранова...мммммммммммм
Ги сакам и солените и благите. Некогаш ги правам во микро а некогаш во тенџерче. Порано ми се загоруваа по малце и не ми пукаа сите пошто ринглата ми беше на многу јако пуштена ама сега ги правам на пониска температура и многу убави ми излегуваат.