ОБОЖАВАМ пуканки. Порано се случуваше да изедам повеќе од оние големине чинии,ама сега не толку,изгледа ми се одјадоа малку. Благи мразам, еднаш јадев со карамела,и ми беа одвратни,а не сакам да пробам ни од чоколадо,едноставно навикната сум на солени. Пробав и со вегета,и тие не ми беа нешто нај,така да пуканки само со сол ми се најубави.
слушнав дека ако изедеш една Чинија пуканки е исто како да си изел еден хамбургер, премногу калории брееј, од тогаш се запрепастив и веке не ги јадам
Пуканките се вбројуваат во здрави грицки бидејќи се од пченка, само поради маслото и додатоците за вкус носат голема калориска вредност инаку не се калорични. Инаку и јас ги обожавам само не сакам кога лушпите ми влегуваат меѓу заби
Обожавам пуканки Најубави ми се чоколадните, но нив незнаеме да ги правиме дома ниту јас ниту мајка ми Но сепак и белите ми се супер и често си крцкам пуканки гледајки добар филм Повеќе ми се допаѓаат посолени отколку несолени и блантави
Знаете што? Јас се смеев на Тазе Пуканки (демек како тоа тазе, кога се фабрички да речам) а всушност купувам по едно големо паковање и без око да ми трепне ги јадам СИТЕ! Убави се бе! дури се чадам дома
САкам пуканкииии.... Солените ми се поубави некакоо незнам зошто...?! Секоја вечер пукам ама пуканки топло ќебе и добар филм...
Мене пуканки најмногу ми одат со добар филм. Ги јадам само солени и секогаш од оние што се прават во микробранова.
Не ги сакам баш,убави ми се за убави, ама ги избегнувам а и немам некоја посебна желба за пуканки.Мразам и кога ќе ми се пикне некоја лушпа помеѓу забите,па оди та извади ја.
Јас не сум обожавател на пуканки повеќе ми се допагаат чоколадните иначе чоколадните можете да ги купите и се праваат во микробранова печка а домашните мислам дека се пролеваат со течно чоколадо така мислам бидејки не сум правела домашни секогаш си купувам
Обожавам пуканки, ама само солени..благите не ги сакам.. Во последно време често ги јадам, денес баш си испукав и си ги изедов сама..
Пуканки обожавам повеќе јадам од соленитее од благите мн мн ретко солените ми се мн повеќе поубави ама и многу заразнии се премногу колку и да сакаш да ги избегнуваш не можеш ама едно нешто мразам кај нив кога ќе јадам и мора да ми се пикне некоја лушпа меѓу заби и после дојди да те видам извади ја
без пченка дома не сум и ги сакам отров солени, колку да останат сите за мене. никој нема да го проба мојот труд, не од што сум себична, и онака никој нема да го јаде. пола сад со бели, убави, вкусни, а одоздола јаглен црни мислиш чоколадирани со дарк чоклит. ммммх, ммммхх
е баш пред малку пукавме во микро тие што се наменети за во микро и ги сакам тие само со сол за во микро а оние кој имаат билокаков друг додаток ја засмрдуваат цела куќа ,,значи само со сол во портокалева опаковка купрни во кам маркрт,,